Раширете! Активација “Портал на светлината”, 1-ви мај, 2023
- Саш Ка
- Mar 23, 2023
- 4 min read
Updated: Mar 24, 2023
Време е повторно да преземеме акција! Време е да ја земеме судбината на светот во свои раце! Сите се согласуваме дека процесот на планетарно ослободување трае премногу долго. Ова е наша шанса колективно да го забрзаме процесот. За таа цел, ќе ја искористиме можноста на моќното енергетско усогласување на 1-ви мај, за да создадеме портал преку кој ќе ја обединиме нашата свест и ќе го активираме процесот што ќе не одведе во новото златно доба.
Раширете! Споделете низ целиот свет! Објавете на вашите веб-страници и блогови. Поканете духовни групи да ни се придружат. Ако знаете алтернативен медиум, можете да му го испратите. Можете да креирате настан на Фејсбук за вашата локална група на луѓе кои ќе ја прават активацијата во вашиот дел од светот. Потребна ни е и една главна Фејсбук група за овој настан. Вестите за ова активирање можете да ги споделите и на други социјални медиуми. Можете да креирате видео за оваа активација и да го објавите на Youtube, Bitchute или Odysee.
Научните студии ги потврдија позитивните ефекти на масовните медитации и активации врз човечкото општество, така што секој од вас што ќе учествува во ова активирање всушност може да помогне во приближувањето на новото златно доба до нас:
Ова активирање доаѓа во моментот на завршување на многу моќен циклус. Овој момент ја означува кулминацијата, кога енергијата од галактичкиот центар ќе почне да тече кон површината на оваа планета со полна пареа, бидејќи времето истекува. Ако успееме да собереме 144.000 доброволци кои ќе ја направат оваа активација, енергијата од галактичкиот центар ќе се закотви на површината на планетата на избалансиран начин. Ова ќе обезбеди најбрза и најхармонична транзиција за оваа планета и всушност ќе создаде енергетска надградба на целата планета. Доколку не се достигне критичната маса, ултра моќните енергии од галактичкиот центар и онака ќе стигнат до површината на планетата, но потоа, тоа ќе се манифестира на многу похаотичен и нехармоничен начин.
Можеме да ја достигнеме критичната маса од 144.000 луѓе кои ќе ја прават оваа активација! Ова ќе создаде масовна исцелителна верижна реакција во енергетското поле ширум светот.

Ова е најмоќната планетарна активација во нашите животи до сега!
Бранот на порталот на светлината ќе почне да се чувствува веќе на 23-ти март, кога Плутон ќе влезе во Водолија за прв пат по повеќе од 200 години, ќе го достигне својот врвен интензитет на 1-ви мај кога Плутон ќе стане ретрограден, а потоа полека етапно ќе излегува до 11-ти јуни кога Плутон ќе излезе од Водолија:
Во моментот на активирањето на порталот на светлината на 1-ви мај, Плутон ќе биде на 0 степени и 21 минута во Водолија, што е речиси истата позиција на големата конјукција помеѓу Јупитер и Сатурн, која го означи нашиот последен дел од активацијата “ера на Водолијата”:
На тој начин, активацијата “Портал на светлината” ќе ги донесе енергиите од ерата на Водолија на следно ниво.
Исто така, во моментот на активацијата, Плутон ќе направи прецизен голем тригон со Алкион (нашето локално централно сонце во Плејадите) на 0 степени 18 минути во Близнаци и галаксијата М87 (главна галаксија во соѕвездието Девица, како извор на галактичка љубов за овој сектор на универзумот) на 1 степен 14 минути во Вага. Овој грандиозен тригон ќе донесе исклучително моќни енергии на космичка љубов на планетата и тоа ќе биде активација што ќе им овозможи на енергиите од галактичкиот центар да почнат слободно да течат кон нашата планета. Блесокот на космичките љубовни енергии ќе потекнува од галаксијата М87 во соѕвездието Девица и ќе биде многу помоќен од блесокот што стигна до Земјата од M87, за време на активирањето на порталот АИОН:
Исто така, ќе биде помоќен од блесокот што се случи за време на последното активирање на ерата на Водолијата.
Овој грандиозен тригон ќе биде активен во текот на целиот период кога Плутон е во Водолија, од 23-ти март до 11-ти јуни. Плутон во Водолија ќе означи фокусиран напор на позитивните вонземски раси за “прв контакт”, а Плејаданците ќе имаат многу активна улога во тоа.
Ние ќе ја правиме нашата медитација “Портал на светлината” во најдобриот можен миг што ќе има максимален позитивен ефект врз човештвото. Тоа е 10:06 часот на 1-ви мај во Лос Анџелес. Тоа е еднакво на 11:06 часот во Денвер, 12:06 часот во Чикаго, 13:06 часот во Њујорк, 18:06 часот во Лондон, 19:06 часот во Париз, 20:06 часот во Каиро, 1:06 часот на 2-ри мај во Тајпеј и Пекинг, 02:06 часот на 2-ри мај во Токио и 3:06 часот по полноќ на 2-ри мај во Сиднеј.

Можете да го проверите времето на медитацијата за вашата временска зона овде:
https://www.timeanddate.com/worldclock/fixedtime.html?msg=PORTAL+OF%2CLIGHT&iso=20230501T1906&p1=195
Инструкции:
1. Користете ваша сопствена техника за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера да ја користите оваа медитација како средство што ќе помогне во отворањето на порталот на светлината.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не ѝ служи на светлината.
4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина што произлегува од космичкото централно сонце, а потоа се спроведува до централните сонца на сите галаксии во овој универзум, минувајќи исто така низ централното сонце на галаксијата M87. Потоа визуелизирајте ја оваа светлина како го активира галактичкото централно сонце, потоа поминува низ нашата галаксија, потоа влегува во нашиот сончев систем и поминува низ сите светлосни битија во нашиот сончев систем и потоа низ сите битија на планетата Земја и исто така преку вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте ја оваа светлина како ја преобразува целата преостаната темнина на Земјата, ги лекува сите нееднаквости, ги завршува сите војни, ја брише сета сиромаштија и носи изобилство на целото човештво. Визуелизирајте големо духовно будење на човештвото и контакт со позитивни вонземски раси. Визуелизирајте го новиот грандиозен космички циклус на почетокот на ерата на Водолијата, носејќи чиста светлина, љубов и среќа на сите битија на Земјата.
Предложеното време за нашата медитација е 20 минути.
Ажурирања за “Порталот на светлината”:
http://2012portal.blogspot.com
Кобра, вторник, 21-ви март, 2023
Comentarios