Ажурирање на активацијата Божествена интервенција и видео записи за истата
- Саш Ка
- Nov 28, 2021
- 3 min read
Updated: Dec 16, 2021
Се приближуваме кон моќно сончево затемнување, на 4-ти декември во 7:35 средноевропско време:
Ќе ја искористиме енергијата на ова затемнување за да медитираме и да визуелизираме достигнување на критичната маса од над 144.000 луѓе или повеќе кои учествуваат во нашата главна медитација за активирањето на Божествената интервенција на 21-ви декември и над 144.000 луѓе кои ќе ја потпишат петицијата за Планетарно ослободување.
Светлосните сили бараат што е можно повеќе луѓе да ја направат оваа подготвителна засилувачка медитација во точниот момент на сончевото затемнување.
Точниот момент за засилувачката медитација за вашата временска зона можете да го најдете овде:
Инструкции за засилувачката медитација:
1. Користете сопствена техника за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство за да ја достигнеме критичната маса од 144.000 луѓе или повеќе, кои ќе медитираат за нашата активација за Божествена интервенција и повеќе од 144.000 луѓе кои ќе ја потпишат петицијата за Планетарно ослободување.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен Извор за да поставите круг на заштита околу вас, за време и после медитацијата. Замолете го да преобрази сè што не ѝ служи на Светлината.
4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина која произлегува од Космичкото централно Сонце, потоа се спроведува до централните сонца од сите галаксии во овој универзум, влегувајќи низ Галактичкото централно Сонце во нашата галаксија, минувајќи низ нашата галаксија, а потоа влегувајќи во нашиот сончев систем, поминувајќи низ сите светлосни битија во нашиот сончев систем, а потоа низ сите битија на планетата Земја и исто така преку вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте ја оваа светлина како ја активира душевната ѕвездена чакра на милиони и милиони луѓе, давајќи им можност да се приклучат на активацијата Божествена интервенција. Визуелизирајте ги оние кои се чувствуваат мотивирани како всушност учествуваат, нивниот број далеку ја надминува критичната маса, а самата активација има огромен позитивен исцелувачки ефект за сите свесно/сетилни битија на Земјата и ја стабилизира позитивната временска рамка. Визуелизирајте над 144.000 луѓе како ја потпишуваат петицијата во неделите и деновите пред активацијата. Визуелизирајте дека сите кои учествуваат во медитацијата и во потпишувањето на петицијата се заштитени и инспирирани.
Пречките во процесот на потпишувањето на петицијата за планетарно ослободување јасно ја покажува важноста на оваа петиција. Потпишувањето на петицијата е важно бидејќи ако критична маса од 144.000 луѓе ја потпишат петицијата, тоа ќе биде првиот физички израз на колективната волја на површинското население во историјата на човештвото дека е посакуван контакт и интервенција. Бидејќи една од двете страници за петиција е офлајн веќе неколку дена откако се собраа повеќе од 81.000 потписи, можете да продолжите да ја потпишувате петицијата на следниов линк:
Бидејќи петицијата за ослободување на планетата е толку важен егзополитички документ, со ова јавно ги замолувам д-р Стивен Грир, Џејмс Гилиланд и д-р Мајкл Сала да дадат јавна изјава за нашата петиција.

Видео записите за активирањето на Божествената интервенција се создадени на над 20 јазици. Споделете ги, раширете ги низ вашите мрежи за да помогнете во достигнувањето на критичната маса!
Англиски:
Германски:
Холандски:
Шведски:
Француски:
Шпански:
Португалски (Португалија):
Португалски (Бразил):
Латвиски:
Руски:
Полски:
Чешки:
Словенечки:
Македонски:
Бугарски:
Романски:
Унгарски:
Хинди:
Телугу:
Кинески:
Корејски:

Промотивни видеа за петицијата за ослободување на планетата се создадени на повеќе од 25 јазици. Споделете ги, раширете ги низ вашите мрежи за да помогнете во достигнувањето на критичната маса:
Англиски:
Германски:
Холандски:
Шведски:
Француски:
Италијански:
Шпански:
Португалски (Португалија):
Португалски (Бразил):
Латвиски:
Руски:
Чешки:
Полски:
Бугарски:
Македонски:
Словенечки:
Романски:
Фински:
Унгарски:
Хебрејски:
Хинди:
Телугу:
Гуџарати:
Кинески:
Јапонски:
Корејски:
Ново интервју со Кобра, исто така, ќе биде создадено многу наскоро, а сѐ уште можете да ги испраќате вашите прашања на welovemassmeditation@gmail.com . Многу од тие прашања ќе бидат одговорени во интервјуто.
Победа на светлината!
Кобра, петок, 26-ти ноември 2021
Извор:
Comentários