Ажурирање на активацијата Божествена интервенција и ново интервју со Кобра
- Саш Ка
- Dec 10, 2021
- 3 min read
Полека се приближува времето за активирањето на Божествената интервенција а енергиите се зголемуваат. Критичната маса од 144.000 потписи е речиси загарантирана преку петицијата за ослободување на планетата, а за медитацијата на 21-ви декември, работите изгледаат добро.
Потпишувањето на петицијата и медитирањето всушност ќе ја зголемат нашата колективна моќ:
Нашата засилувачка медитација на 4-ти декември беше многу успешна. Бројот на дневни потписи за нашата петиција, која беше во просек околу 2000-3500 потписи дневно, скокна на 4500-5300 потписи дневно, веднаш по засилувачката медитација:

21-ви декември 2021 година е пресвртница на одреден циклус и всушност е најмоќниот ден оваа година.
Мисијата SpaceX CRS-24 до Меѓународната вселенска станица, која има одредено важно значење за кршење на карантинскиот статус на планетата Земја, се очекува да биде лансирана на тој ден само неколку часа пред нашето активирање:
Ако се оди според планот, за неколку месеци ќе можам да го откријам доверливиот аспект на мисијата SpaceX CRS-24.
Веќе следниот ден и само неколку часа по нашето активирање, се очекува да биде лансиран вселенскиот телескоп Џејмс Веб:
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб може да игра значајна улога во конечното потврдување на постоењето на вонземски живот. Ќе биде распореден до точката L2 Лагранж, погодна за блиско инфрацрвено набљудување.
Енергијата на порталот од 21-ви декември ќе биде толку силна што одредени политички институции очекуваат финансиско неисполнување на обврските на САД:
А друга група се заканува со масовно уништување на тој ден во Јапонија:
Според моите извори, ниту едно од горенаведените две драстични сценарија не се очекува да се случи на 21-ви декември или кратко потоа.
Преостанатото време до 21-ви декември е пресудно за тоа колку луѓе ќе ни се придружуваат за нашето активирање и колкаво влијание ќе има нашето активирање на планетарната ситуација. Затоа би ве замолил сите вас да ја раширите веста за оваа медитација надалеку и нашироко. Видеата на Јутјуб се најлесниот начин да се рашири оваа медитација и многу кратки верзии на промотивните видео записи и подолги видео записи за медитацијата се создадени на 31 јазик:
Главната страница со инструкции за активацијата е овде:
Многу луѓе ја поддржуваат нашата активација.
Kauilapele:
Laura Eisenhower:
Sementas das Estrelas:
Prepare for Change:
И Michael El Legion:

Сите написи, видеа, интервјуа, групи на Фејсбук и постери за активирањето на Божествената интервенција се собрани овде:
Нашата активација се промовира на телеграм каналите portal 2012 на над 20 јазици:
Каналите на Јутјуб создадоа плејлисти со промотивни видео записи за нашата медитација на многу јазици:
Плејлистите со промотивни видеа за Петицијата за ослободување на планетата се овде:
И плејлиста за водечка аудио медитација има овде:
Промотивни аниме видео записи се достапни на англиски, германски и јапонски:
Преносот во живо за медитацијата ќе започне во 14:20 часот средноевропско време на 21-ви декември овде:
Ако сакаме да постигнеме влијание на физичко ниво и да ја достигнеме критичната маса, исклучително е важно да ја правиме нашата медитација точно во времето кое е одредено од Светлосните сили, за да има максимално позитивно влијание, што е во 16:00 часот средноевропско време (17:00 по македонско време) на 21-ви декември. Времето на активирањето за другите временски зони е овде:

Доколку ја направиме медитацијата порано или подоцна, или на значително поинаков начин, нема да ни помогне да стигнеме до критичната маса, бидејќи живееме на физичка рамнина која е предмет на закони на просторот и времето и ако сакаме да влијаеме на физичко ниво, треба да го сториме тоа со ласерска прецизност. Исклучително е важно да ги кажеме гласно три пати двата декрети, како што е наведено во упатствата за медитација (чекор број 5 во инструкциите за медитацијата):

Ако не ги изговорите гласно декретите, значително ќе го намалите вашиот придонес кон критичната маса за медитацијата.
Точните упатства за медитацијата на 21-ви декември се објавени овде:
А линкот за потпишување на петицијата е овде:
Уште едно ново интервју со Кобра беше снимено од нашите азиски тимови за да се зголеми свеста за нашата активација.
Транскриптот на англиски е овде:
На германски овде:
На француски овде:
На шпански овде:
На португалски овде:
На романски овде:
И на полски овде:
Видео записот на Јутјуб со аудио на англиски е овде:
Победа на светлината!
Кобра, четврток, 9-ти декември, 2021
Извор:
Comments