top of page
Search

Ажурирање на активацијата “Ера на Водолијата” и новото интервју на Кобра

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Jun 16, 2020
  • 3 min read

Времето на нашата активација “Ера на Водолијата” полека се приближува. Минатиот викенд успеавме да ја стабилизираме планетарната состојба со медитацијата за мир, во точниот момент на квадратот помеѓу Ерис и Плутон, а годишното сончево затемнување се приближува на 21 јуни:

Ние ќе ја искористиме енергијата на сончевото затемнување за медитирање и визуелизирање, достигнувајќи ја критичната маса од над 144.000 луѓе кои ќе учествуваат во нашата главна медитација за активирање на “Ерата на Водолијата” на 29/30 јуни.

Светлосните сили бараат што е можно повеќе луѓе да го направат ова подготвително засилување на медитацијата, во точниот момент на сончевото затемнување, кое ќе биде на 21 јуни во 06:40 UTC, а времето за вашата временска зона може да го проверите овде:

Инструкции за подготвителната засилувачка медитација:

1. Користете сопствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.

2. Насочете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство за да достигнеме критична маса од 144,000 луѓе кои медитираат за вториот дел од нашата активација “Ера на Водолијата”.

3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор, за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не и служи на светлината.

4. Визуелизирајте сноп од блескава бела светлина, која произлегува од Космичкото Централно Сонце, а потоа се спроведува до Централните Сонца на сите галаксии во овој Универзум. Потоа, визуелизирајте ја оваа светлина, како минува низ Галактичкото Централно Сонце, потоа, минувајќи низ нашата Галаксија, потоа влегувајќи во нашиот Сончев систем и минувајќи низ сите битија на светлината во нашиот Сончев систем, а потоа преку сите битија на планетата Земја и исто така преку вашето тело до центарот на Земјата.

5. Визуелизирајте ја оваа светлина како ги активира душевните ѕвездени чакри на милиони луѓе, презентирајќи им ја можноста да се приклучат во активирањето на “Ерата на Водолијата”. Визуелизирајте ги оние кои се чувствуваат мотивирани дека учествуваат, дека нивниот број ја надминува критичната маса, а самото активирање има масовно позитивно исцеление на сите свесни битија на Земјата и стабилизирање на позитивната временска рамка на “Ерата на Водолијата”.

Деведесет минути после засилувачката медитација, зоната со тоталитетот на сончевото затемнување ќе стигне до градот Чаии во Тајван и ќе активира специјален Драгон вортекс близу Чаии, кој ќе го даде потребното позитивно засилување на енергијата во планетарната енергетска мрежа.

Во следните денови, и сè до главната медитација на 29/30-ти јуни, енергиите ќе почнат да растат и ќе кулминираат во точниот момент на нашата активација „Ера на Водолијата“.

Во моментот на активирањето на “Ера на Водолијата”, двоен Божествен вортекс во Париз/Версај ќе се реактивира по повеќе од два века хибернација, а тоа ќе ја иницира следната фаза на враќање на Божицата на планетата.

Видео записи за активацијата “Ера на Водолијата” се создадени на 24 јазици. Споделете ги и раширете ги преку вашите мрежи, за да помогнете во достигнувањето на критичната маса!

Англиски:

Германски:

Холандски:

Француски:

Италијански:

Шпански:

Португалски (Португалија):

Португалски (Бразил):

Латвиски:

Руски:

Бугарски:

Македонски:

Словенски:

Хрватски:

Чешки:

Полски:

Романски:

Унгарски:

Грчки:

Персиски:

Хинди:

Кинески (традиционален):

Кинески (поедноставен):

Јапонски:

Поголемиот дел од овие промотивни видеа, може да се најдат на следните Јутјуб листи:

We Love Mass Meditation:

TruthEarthOrg:

Age of Aquarius:

Etehade Noor:

Нашиот главен Фејсбук настан за активацијата “Ера на Водолијата” е овде:

Новото интервју со Кобра беше направено од Сестринството на розата.

Можете да го слушнете на Јутјуб овде:

Линк од преписот ќе биде објавен овде, веднаш штом е подготвен.

Победа на светлината!

Кобра, понеделник, 15-ти јуни, 2020

 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page