Ажурирање на планетарната ситуација и најава за работилница во Феникс
- Саш Ка
- Jan 20
- 3 min read
Конференцијата во Кјото беше огромен успех. Имавме силна група која успеа да ја закотви и зајакне позитивната временска рамка за 2025-та година.
Утрото пред почетокот на првиот ден од конференцијата, огромен метеор го осветли небото над Кјото и другите делови на Јапонија:

И на крајот на вториот ден, над планината Фуџи се појави летало во форма на облак со боја на виножито:

Забелешките од конференцијата можете да ги прочитате овде:
И белешките од работилницата во Тајван овде:
Кјото е многу моќно место. Древниот Кјото, Хеијан-кјо, бил изграден на крајот на 8-ми век и бил направен по моделот на Чанган (модерниот Ксиан во Кина), кој бил главен град на династијата Танг. Двата града се изградени под силно влијание на Алдебара и се две главни влезни точки на линијата на синиот змеј на Агарта:
Кјото е една од главните планетарни влезни точки за многу позитивни вонземски раси, Алдебаранците од 6-тиот век, а подоцна и Сиријанците:
Огромен метеор бил видлив над Кјото во 637-ма година:
Еден тектит падна од вселената на балкон од зграда во Кјото во 1993-та година:
Кјото е можеби единственото место на планетата каде што може да се јадат тектити:
Можете да прочитате повеќе фасцинантни детали за Кјото и присуството на вонземјани низ историјата на Јапонија во ова интервју со Кобра:
Планетарната ситуација сега содржи и светли и темни елементи.
На 1-ви јануари, Кабалата го активираше програмирањето наречено Омега за 2025-та година меѓу поединци, умствено контролирани врз база на траума, што доведе до многу насилни инциденти ширум светот.
Неколку дена подоцна тие запалија три огна во мрачен окултен ритуал во триаголна конфигурација во обид дополнително да го намалат вортексот во Лос Анџелес:

Нивните напори им се вратија назад, бидејќи пожарите изгореа само многу темни ентитети кои претходно ја населуваа областа и го направија вортексот уште посилен.
Окото на вортексот, езерото Шрајн (храм), беше опкружено од оган од сите страни, но беше божествено заштитено и остана недопрено:

Еден важен аспект на вортексот во Лос Анџелес беше книжарницата Bodhi Tree, која беше еден од главните нервни јазли за планетарното будење:
Таа беше затворена во 2011-та година, а сега силите на светлината бараат слична физичка книжарница да биде отворена што е можно поскоро во или во близина на Санта Моника.
Беше повикана медитација за да помогне во гаснењето на пожарот, а вие можете да се придружите доколку се чувствувате мотивирани:
На попозитивна страна, луѓето кои го практикуваат зракот ATVOR ја подобрија ефикасноста на технологијата и конечно Сиријанците можат повторно да влезат во областа околу Земјата за прв пат од 1996-та година. Многу Сиријанци во етерични делфиноидни тела се враќаат во нивните етерични прикриени матични бродови, а тоа значително ќе ги подобри енергиите низ планетата.
Замбискиот смарагд е камен кој може да помогне во лекувањето на траумата и аномалијата од “големото заборавање” од 1996-та година:
Внатре во мрежата на Агарта, многу свештенички прават силни повикувања на фуксија зракот на Божицата и ја проектираат енергијата на овој зрак на површината, бидејќи во моментов има премалку присуство на Божествената женска енергија на површината.
Фуксија обоениот зрак повикува комбинација на енергии на женска љубов и моќ, а со енергиите на овој зрак можете да се поврзете преку црвениот берил:
Се преземаат мали чекори кон “Обелоденувањето”. Научниците почнуваат да наоѓаат докази за претходните космички циклуси:
Тие, исто така, наоѓаат индиректни докази за вонземски живот:
Повеќе докази го поддржуваат “Сончевиот блесок “:
И промената на половите:
Со некои неодамнешни навестувања, параметрите на осцилацијата на Земјата кои се насочени кон границата на јадрото на Земјата/обвивката ќе достигнат етерична скаларна нулта зона во 2025-та година:

Геополитички, неодамна излезе следниот брилијантен предлог:

Соединетите Американски Држави ќе бидат главниот фокус во 2025-та година, а за дополнително зајакнување на позитивната временска рамка за 2025-та година, потребни ни се што е можно повеќе луѓе да се придружат на нашата работилница во Феникс на 1-ви февруари:
Таму, повеќе луѓе ќе бидат иницирани во зракот ATVOR:
Феникс е многу моќен вител, влезната точка за Плејаданците да ја закотват Новата Атлантида и најверојатното место за првиот “индивидуален контакт”:
Победа на светлината!
Кобра, четврток, 16-ти јануари, 2025
Извор:
Commentaires