Ажурирање на планот за Вознесение
- Саш Ка
- Feb 13, 2022
- 4 min read
Дојде време да се објави следниот дел од планот за Вознесение за оваа планета.
Некои информации за планот за Вознесение веќе беа објавени во претходното ажурирање:
Оттогаш, планот еволуираше и нови информации беа дадени од страна на светлосните сили.
Што е најважно, силите на светлината соопштија дека прозорецот за Вознесение од 1975-та до 2025-та година НЕМА да се затвори во 2025-та година, туку ќе остане ТРАЈНО ОТВОРЕН. Ова значи дека енергиите ќе продолжат да се зголемуваат и од 2025-та година, енергиите на Вознесение засекогаш трајно ќе течат од централното Галактичко Сонце низ нашиот сончев систем кон планетарната површина.
Силите на светлината одбија да коментираат што значи тоа практично за тајмингот на "настанот". Врз основа на информациите што ги имам, можам да направам едуцирана претпоставка и да шпекулирам за две можни сценарија. Првото сценарио го предвидува "настанот" за 3-15 месеци од сега, а потоа брза трансформација на површинското човечко општество се до Галактичкиот пулс во 2025-та година. Второто сценарио го предвидува настанот во 2025-та година а Галактичкиот пулс неколку години подоцна, но порано од 2030-та година. Бидете свесни дека овие датуми се само шпекулации и можеби се погрешни, бидејќи тие не беа директно потврдени од силите на светлината.
Исто така, многу важно, имаше значителна промена во планот за Вознесение кога проектот 501 пропадна во летото 2019-та година. Тогаш, на светлосните сили им стана јасно дека површинското население нема да биде способно да го помине процесот на исцеление и ослободување без директна физичка интерпретација и дека површинското општество ќе мора да помине низ бавен колапс додека не може безбедно да се воведе директна интервенција, без темните сили да ја уништат планетата. Затоа, првичниот план со три бранови на Вознесение кои требаше да се одвиваат помеѓу Настанот и Галактичкиот супербран беше премногу амбициозен и мораше да се ревидира. Значи, ова е ревидираниот план за Вознесение.
Прво, зголемената енергија од галактичкото централно Сонце ќе продолжи да ги прочистува сите преостанати квантни и субквантни аномалии околу планетата и пошироко, а силите на светлината ќе продолжат да ги отстрануваат сите негативни нефизички ентитети. Некои сосема сигурни индиции за отстранување на различни аспекти на примарната аномалија може да се најдат овде:
Второ, сончевата активност ќе продолжи да се зголемува, бидејќи се приближуваме се поблиску до сончевиот максимум на сончевиот циклус 25. Раните предвидувања проценуваа дека тој циклус ќе достигне врв во јули 2025-та година, но сега научниците го очекуваат соларниот максимум кон крајот на 2024-та година:

Раните истражувања на Александар Чијевски покажаа дека 60% од сите социјални немири се случуваат во рок од една и пол година од секој сончев максимум:
http://time-price-research-astrofin.blogspot.com/2012/03/alexander-tchijevskys-physical-factors.html
Затоа, можеме да очекуваме монументални општествени промени помеѓу почетокот на 2023-та и почетокот на 2026-та година, што е година и половина од сегашниот соларен максимум на соларниот циклус 25:

Ова совршено се совпаѓа со мојата објава "портал 2025":
И со пророштвото на Петар Д'нов:
Сите негативни временски линии ќе се срушат и сите временски линии ќе се спојат во "настанот":
Во време на врвни социјални немири и со доволно отстранета аномалија, силите на светлината ќе ја надградат сегашната вонредна состојба за површината на планетата во воена состојба.
Ова практично значи дека целото население на површината ќе биде подложено на кратко (3-7 дена) воено заклучување, во кое ќе се вршат масовните апсења. На луѓето ќе им биде наложено строго да останат дома за да се осигураат безбедноста на воените операции без колатерална штета. Позитивните сили ќе користат квантно пулсирачко оружје за да го блокираат оружјето на негативната војска и да ги замрзнат трупите и цивилите кои ќе одбијат да ги слушаат наредбите на позитивната војска.
Сè уште има голем аспект од планот за "настанот" кој треба да остане класифициран и ќе биде големо изненадување за речиси сите.
По "настанот", површинското општество ќе претрпи драстична трансформација што ќе потрае неколку години.
Општата популација на површината ќе продолжи да интегрира информации; целосно обелоденување и разоткривање кои ќе бидат објавени преку масовните медиуми и ќе почнат да ги лекуваат нивните длабоки психолошки рани од мрачното минато.
Додека најекстремните психопати и социопати ќе бидат отстранети од површината на планетата за време на настанот и набргу потоа, многу латентни социопати ќе останат во општеството се до Галактичкиот супербран и ќе останат со низок профил без да предизвикаат никаква штета, знаејќи дека секое штетно дејство ќе предизвика нивно брзо отстранување.
Потребно е доста долго време за целосно да се исчисти системот:
После "настанот", огромното мнозинство на светлосни работници ќе поминат низ огромен процес на исцелување со голема помош од позитивните енергии, ангелите и силите на светлината. Има многу работа за самолекување што треба да се направи, а се очекува дека неколку години подоцна, кога ќе пристигне Галактичкиот пулс, околу 2000 луѓе ќе бидат подготвени да се вознесат во првиот бран на Вознесение што ќе се совпадне со Галактичкиот супербран и планетарната евакуација:
https://www.youtube.com/channel/UCh3JFQND70lnAPhb4c8VppQ/videos
Оние кои ќе се подготвуваат да се вознесат во првиот бран, ќе живеат на островите на светлината, кои ќе почнат да се формираат набргу по "настанот".
Тие ќе се поврзат со нивните души близначки, многу од нив се на матичните бродови:
https://www.youtube.com/watch?v=GxqVuuhZzZM
Тие ќе ги прошират своите хоризонти надвор од минатото програмирање и ќе започнат да формираат врски на душевно ниво:
За време на евакуацијата, бродовите од командата Аштар и Галактичката Конфедерација ќе го спасат површинското човештво од галактичкото цунами:

По евакуацијата и откако Земјата ќе помине низ нејзината трансформација, само на битијата целосно усогласени со Светлината (се проценува околу неколку милиони светлосни работници) ќе им биде дозволено да се вратат и повторно да ја населат Земјата на островите на светлината и да се подготват за вториот и третиот бран на Вознесение, кој ќе се случи релативно брзо потоа.
Голем дел од човештвото ќе биде евакуирано во нивните физички тела непосредно пред Галактичкиот пулс и транспортирани до планета во ѕвездениот систем Плејади, која веќе населува околу 70 милијарди луѓе кои беа евакуирани од астрално ниво од планетата Земја во 1999-та година.

Околу 500 милиони површински евакуирани, главно социопати и психопати, голем дел од нив се Драко и Рептили кои дојдоа на Земјата во периодот 1996-1999-та година и оттогаш живееја во човечки клонови на површината, нема да можат да ги исполнат минималните критериуми за еволуција и ќе бидат однесени во Централното сонце на реструктуирање.
Ова практично значи крај на темнината и страдањето за целиот универзум и "почеток на нов циклус на светлина“.
Победа на светлината!
Кобра, сабота, 12-ти февруари, 2022
Извор:
Comments