top of page
Search
  • Writer's pictureСаш Ка

Ажурирање на ситуацијата


Силите на светлината направија голем успех на етерично ниво. Тие беа во можност да ја уништат темната мрежа на Химера/Господарите на кармата на етерично рамниште со сите нивни технологии, при што повеќето од етеричните ентитети на Химера/Господарите на кармата беа заробени и однесени во централното галактичко сонце, а многу малку од Химера избегаа во клонирани тела низ јамата ДАРПА, на физичката рамнина . Единствената локација под контрола на темните сега е физичката рамнина на површината на оваа планета.

Неколкуте преостанати темни ентитети на етеричната рамнина се неорганизирани, во бегство и повеќе не се дел од темната мрежа. Бидејќи етеричната контролна мрежа на Господарите на кармата ја нема, човечките суштества повеќе не се принудени да се инкарнираат и сега тие главно се инкарнираат врз основа на нивните свесни или потсвесни импулси. Етеричното рамниште сè уште изгледа како пост-воена зона, духовните водичи не се присутни, а случајни облаци со аномалија сè уште содржат темни ентитети кои сè уште не се исчистени. Човечките суштества кои умираат може, но и не мора да поминат низ етеричното рамниште неповредени по нивниот процес на смрт во релативно полесна астрална рамнина, во зависност од нивното ниво на свесност и нивната емоционална состојба.

Физичките биочипови се во процес на расчистување, и тоа сепак ќе потрае некое време. За да се намали моќта што тие биочипови ја имаат врз процесот на размислување на човекот, силите на светлината ја препорачуваат оваа техника:

Во процес на расчистување е и субквантната аномалија, но се покажа дека е погуста и попредизвикувачка од очекуваното. Оваа аномалија е главниот извор на негативни искуства и чувства и главниот фактор кој го блокира Настанот, бидејќи сепак во голем степен го блокира протокот на светлината од будистичката рамнина кон површината на планетата. Планот на силите на светлината е да ја исчистат оваа аномалија до степен што темнината никогаш повеќе нема да може да се манифестира никаде во универзумот во иднина под никакви околности, и да се реши овој проблем еднаш засекогаш:

Мејнстрим науката е малку свесна за субквантната аномалија до одреден степен:

Има многу информации за субквантната аномалија кои засега треба да останат скриени и се надеваме дека ќе им бидат пуштени на површинското население кога ќе дозволат условите.

Можам само да кажам дека субквантната аномалија е практично сеприсутна надвор од регуларното простор-време и локално влијае на квантните флуктуации до степен до кој темната свест создава тензорско поле помеѓу будистичката и физичката рамнина. Едноставно кажано, има многу мало влијание на субквантната аномалија низ универзумот, мало до средно влијание во нашиот сончев систем и огромно влијание на површината на оваа планета, каде што се уште се присутни многу темни ентитети.

На површината на планетата, субквантното тензорско поле е толку силно што од создавањето на карантинот пред 26.000 години речиси целосно го изобличува, па дури и го спречува патувањето низ хиперпросторот на и близу површината. Јачината на ова тензорско поле се зголеми многу пати во 1996-та година и во годините по неа, бидејќи многу темни ентитети пристигнаа на планетата тогаш. Тој всушност стана толку силен што се преклопи во себе и формираше затворена разноврсна јамка, драстично зајакнувајќи го карантинот.

Ова тензорско поле предизвикува сериозни навигациски проблеми за меѓуѕвездените летала, бидејќи тие не можат безбедно да оперираат во хиперпросторот во близина на површината на планетата поради аномалијата, а ако летаат во регуларното време-простор, многу пати тие се соборени.


Овие соборени летала се предмет на мејнстрим обелоденувањето од свиркач што се случи пред неколку дена, токму за време на Плутон во Водолија, да го направи својот прв притисок кон разоткривањето и и првиот контакт, пред да излезе од Водолија на 11-ти јуни:

Па дури и подетално соопштение од друг свиркач излезе неколку дена подоцна:

Ова веќе има политички импликации:

Такер Карлсон, во својот прв монолог на Твитер што го видоа повеќе од 100 милиони луѓе, се осврна на прашањето за медиумската цензура за феноменот на НЛО:

Бетелгез, светла ѕвезда во соѕвездието Орион, повторно покажува знаци дека наскоро може да стане супернова:



Силите на светлината соопштија дека процесот на Настанот може да биде многу похаотичен отколку што првично се очекуваше. Самиот “настан” ќе вклучува масовни апсења на повеќе од 400.000 членови на Кабалата, финансиско ресетирање и ослободување на информации за постоењето на површинската Кабала, тајните вселенски програми и добронамерни вонземски раси. Целиот овој процес ќе трае околу една или две недели, а за тоа време каналите за дистрибуција на вода, храна, електрична енергија и интернет треба да останат во голема мера недопрени. Еден дел од површинската човечка популација нема да го прифати добро процесот на настанот и ќе има многу дисфункционално однесување:

Поради оваа причина, информациите за претстојното поларно поместување ќе биде пуштена на популацијата на површината постепено само по почетниот период од една или две недели, кога синџирите на дистрибуција ќе бидат веќе во голема мера стабилизирани.

По Настанот, Плејаданците ќе почнат да создаваат острови на светлината на површината со нивната технологија, и тоа ќе бидат единствените навистина мирни зони на планетата, кога остатокот од човечкото општество ќе помине низ прилично брутален процес на будење. Овој период се очекува да потрае неколку месеци, а потоа галактичкиот супербран ќе ја погоди планетата.

Моја едукативна претпоставка е настанот да се случи во текот на 2025-та година. Силите на светлината НЕ го коментираа мојот обид за погодување и може, но можеби и да не е точен.

Засега, фокусот во следните неколку месеци ќе биде ставен на расчистување на субквантната аномалија и биочиповите, а од септември/октомври работите може да почнат да стануваат поинтересни.

Победа на светлината!

Кобра, четврток, 8-ми јуни, 2023


Извор:



29 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page