top of page
Search
  • Writer's pictureСаш Ка

Ажурирање на ситуацијата за “Настанот”


Конечно, Изворот почна директно да го отстранува примарниот Луркер кој беше создаден на почетокот на времето, кога Изворот проектираше искра од себе во примарната аномалија. Изворот сега квантно го раздвојува универзумот од Луркер. Кога една критична маса на Луркер ќе исчезне, Изворот ќе почне да ја раздвојува директно од површинското човештво и кога тоа раздвојување ќе достигне одредена критична маса, “Настанот” ќе може да се случи.

По Настанот, Изворот ќе ги раздвои сите остатоци од Луркер од човештвото и тој процес ќе биде завршен со сончевиот блесок и соодветното цунами, што е најверојатно во моментот на последователните сончеви максимуми, или околу 2037-та година или околу 2049-та година. Едукативна претпоставка за тајмингот на Настанот е сеуште 2025-та година, иако никој не знае кога ќе биде точното време. Временската рамка помеѓу Настанот и сончевиот блесок ќе биде време на големо исцелување на човештвото:



До тогаш, површинското човештво може да го забрза отстранувањето на Луркер, преку лечење на траумите од нивните врски со другите и сексуалните трауми, бидејќи тоа е најдлабокото место каде што Луркер има тенденција да се сокрие.

Добрата вест е дека сите Луркери кои беа создадени во следните космички циклуси по првиот се веќе отстранети, а остана само примарниот.

Моделите на астролошката резонанца за површината на планетата се прилично позитивни отсега па натаму, што значи дека позитивната временска рамка сега е стабилна и ќе остане стабилна, како што е многу добро објаснето овде:

Командата на Аштар влезе во овој Сончев систем во времето на секстилот на Нептун и Плутон на 18-ти јули 1952-ра година:




Влегувањето и репозиционирањето на матичните бродови на командата на Аштар во Кујперовиот појас беше снимено во опсерваторијата Маунт Паломар на 19-ти јули 1952 година:

Секстилот на Нептун и Плутон повторно доаѓа во 2025-та година.

Таа резонанца на Нептун и Плутон веќе притиска за разоткривање:

Некои луѓе очекуваат целосно разоткривање во 2027-ма година, во рамките на орбитата на секстилот на Нептун и Плутон, но многу е веројатно дека ќе се случи многу порано од тогаш:

Алдебаранците почнаа да извршуваат многу важен план кој се очекува да биде завршен во 2024-та година. Тие ќе постават голем број воени бази на океанските дна и во оддалечените области на површината на оваа планета. Овие воени бази ќе бидат скриени и нема да бидат забележливи со воената технологија на населението на површината.

Овие воени бази ќе бидат платформа од каде што ќе започнат операциите за Настанот кога ќе дојде вистинското време. Операциите за Настанот ќе го вклучат и персоналот на Алдебара и на Движењето на отпорот на површината на планетата. Отпорот веќе прави некои подготвителни операции на површината, главно оневозможувајќи ги темните оперативци на агендата Doom33 и преку тестирање на ефикасноста на технологијата Stardust, која сега е ефикасна околу 90%.

Алдебаранците веќе градат воена база во кратерот Циолковски на далечната страна на Месечината од каде наскоро ќе започнат понатамошни операции кон површината на планетата Земја:

Алдебаранците се во соработка особено со Андромеданците, но и со Сиријанците, Плејаданците и Арктуријците во оваа голема операција. Помагаат и многу членови на поранешните тајни вселенски програми кои ја прифатија Светлината и сега работат со Галактичката конфедерација. Меѓу нив за издвојување е Марија Орсиќ и девојките од Врил. Друг интересен пример се одредени германски генерали кои биле дел од нацистичката воена машина во Германија, потоа биле префрлени во Нојшвабенланд, па во Темната флота и потоа конечно биле заробени од Алдебаранците. Тогаш сфатија дека се манипулирани со нацистичка идеологија, целосно ја прифатија Светлината и сега работат за Галактичката конфедерација.

Кога оваа мрежа на воени бази на Алдебара ќе биде целосно оперативна, тие ќе почнат да контактираат одредени клучни светски политичари, а потоа започнува вистинската забава, со долготрајни геополитички и егзополитички импликации.

Овој контакт на почетокот ќе биде таен, а тие воени бази ќе служат како предупредување/заплашување против Кабалата која се обидува да започне светска војна, а подводните ѕвездени бродови на Алдебара ќе станат видливи за подморниците со балистички проектили:

Исто така, оваа воена мрежа Алдебара ќе служи како столб на новиот квантен финансиски систем, на ист начин како што американските воени бази ширум светот сега го поддржуваат петродоларот.

OGA и AFOSI добија непобитен доказ дека планот на Алдебаранците е реален и дека ќе се оствари. Одредени членови на Кабалата сега се многу исплашени.

Плејаданците отсега ќе се фокусираат на контактирање и работа со оние светлосни работници кои имаат природен афинитет кон Плејадијанците и ќе работат со нив постепено за да изградат вистинска доверба, така што кога ќе се случи вистински физички контакт, тоа ќе оди без проблеми. Сите оние луѓе кои имаат афинитет кон Плејаданците и сè уште сакаат да учествуваат во проектот за контакт со нив и сакаат да имаат Плејаданци во нивните тимови за помош со командата “12:21”, тоа барање ќе им биде одобрено. Плејаданците, исто така, ќе продолжат да работат со целосна посветеност на такион коморите и со планетарната етерична мрежа на светлината, исцелувајќи ги планетарните линии и меридијани.

Сега, откако одредена количина на аномалија е отстранета од површината на планетата, конечно може да започне активирањето на божествената машка енергија. Ова ќе биде поддржано од новите вселенски тимови на Алдебара.

Еден фокус на оваа божествена машка активација е активирањето на т.н Dragon leylines (линии/меридијани на Змејот). Овие линии на Змејот главно ги следат главните планински масиви на планетата и таму треба да се активира мрежа од такион комори, мрежа од чинтамани камења и мрежа од галактички чинтамани камења. За оние кои бараат упатства за закопување на камења, може да најдат тука:

Галактичките чинтамани камења ќе бидат активирани и по стариот атлантски екватор. Целта на тие галактички чинтамани ќе биде да ја излечат субквантната аномалија и да ја закотват енергијата на божицата Јона.

Сето ова е дел од проектот Нова Атлантида кој беше инициран од Сен Жермен пред неколку години.

Технологијата Мјолнир сега е со капацитет од околу 7%, а нејзиниот интензитет значително ќе се зголеми во наредните месеци. Еден аспект од ова засилување на Мјолнир ќе биде активирање на различни тектити, меѓу нив и на чинтамани, галактички чинтамани, молдавити и тибетски тектити.

Има многу дезинформации присутни во научната заедница за потеклото на тектитите, претпоставувајќи го нивното копнено потекло, при што некои од тие прекрасни космички камења се деградирани до ниво на псевдотектити.

Тектитите, навистина, доаѓаат од меѓуѕвездениот простор:

Тие биле формирани во различни ѕвездени системи каде ангелските битија се обидувале да манифестираат планета од етерична рамнина во физичка рамнина, а за време на процесот на манифестација таа планета наишла на квантна аномалија и експлодирала. Фрагменти од таа експлозија беа расфрлани на сите страни и некои од нив дојдоа на Земјата како тектити:



Тие тектити содржат високи вибрациски кодови од ѕвездените раси од ѕвездените системи од кои потекнуваат: чинтамани од Сириус, молдавити од Плејадите, галактички чинтамани од сончев систем во близина на галактичкиот центар,…

Како што веќе споменавме, има и ултра ретки тибетски тектити од Алдебара, а нешто почести тибетски тектити од Андромеда, пронајдени во регионот Али (Нгари) на Тибет, кои се претежно непроѕирни и понекогаш имаат виолетова нијанса. Постојат, исто така, ултра супер ретки тибетски тектити кои се наоѓаат на тибетската страна на планинскиот венец на Хималаите, кои ќе имаат многу посебна функција во наредните години, нешто што треба да остане засега во тајност. Огромното мнозинство тектити кои јавно се продаваат како „тибетски тектити“ во реалноста доаѓаат од Виетнам. Многу е тешко да се најдат вистински тибетски тектити.

Како што завршува 2023-та година, повторно има пукнатини во стариот финансиски систем:

Овие пукнатини ќе се прошират и ќе и растат како што економијата заснована на долгови ќе ја надмине точката од која нема враќање:

Крахот ќе биде спектакуларен:

И тогаш ќе се роди нов свет.

Победа на светлината!

Кобра, недела, 3-ти декември, 2023

Извор:


15 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page