top of page
Search
  • Writer's pictureСаш Ка

Ажурирање на ситуацијата и извештај за конференцијата за вознесение во Кјото


Главниот фокус на светлосните сили сега е чистењето на субквантната аномалија.


Субквантната аномалија не е толку едноставна како што се мислеше претходно, а ентитетот Луркер претставува голем предизвик. Сега се достапни повеќе информации за Луркер. Во претходниот космички циклус некои ентитети сакаа да го преживеат големиот судир, бидејќи универзумот колабираше во сингуларност и единствен можен начин да се преживее тоа (со исклучок на вознесението) беше насилно проектирање на свесност во субквантната аномалија.


Овие ентитети од претходниот космички циклус користеа многу напредна технологија со екстремни енергии, за да ја втурнат нивната свесност во субквантниот (не)простор. Тие беа екстремно трауматизирани преку овој процес, ја изгубија индивидуалноста и се споија во жестока, аморфна, одмаздничка, субквантна грутка, наречена Луркер, како што се спомнува во овие научно фантастични новели:



Во поголемиот дел од овој космички циклус, Луркер беше скриен во субквантниот (не) простор и дури скоро, во последните неколку милиони години, ги поттикна темните сили во се поголема аномалија и искривување. Луркер целосно се појави за време на Арконската инвазија во 1996-та, за да го спречи космичкиот процес на вознесение и конечното отстранување на злото.


Од 1996-та година, тој ги мачи просторно-временските квантни флуктуации, индиректно од субквантниот (не) простор, што светлосните сили непрекинато го чистат со технологијата наречена Мјолнир. Луркер е папокот на универзумот кој црпи преку туморот/цистата на земјиниот карантин. Физичките био-чипови на површинската популација се субквантни/квантни портали, преку кои Луркер се појавува во квантните флуктуации.


Технологијата Мјолнир непрекинато ги сублимира деловите на Луркер од субквантниот (не) простор во квантните флуктуации, од кои повеќето се исклучуваат едни со други, а потоа се распаѓаат во ништовност. Оние флуктуации кои нема да се исклучат едни со други, продолжуваат да произведуваат мали количини на аномална протонска плазма.


Субквантната аномалија во близина на Земјата е толку густа што Вознесените битија кои ја спуштиле нивната вибрација и кои проектираат дел од нивната свесност на ментална, астрална, етерична или физичка рамнина, создаваат “мајавирупа”:



Субквантната аномалија, исто така, продира низ ѕидовите на матичните бродови на светлосните сили, според принципот на “Хајзенберговата неопределеност”.


Од тие причини, силите на светлината имаат големи тешкотии директно да интервенираат на површината на планетата додека не се отстрани доволно субквантната аномалија. Неможноста за физичка интервенција ја одржува Луркер и тоа создава негативно повратно коло (loop) кое го одржува карантинот. Ова негативно повратно коло се распаѓа со употреба на технологијата наречена Мјолнир.


Мандалите, зградите и објектите засновани на светата геометрија ја расчистуваат субквантната аномалија. Особено ефикасен и позитивен е октагонот:



Спротивно на популарното верување, овој универзум НЕ бил создаден од Изворот, тој се појавил како резултат на динамична тензија помеѓу Изворот и субквантната аномалија. Овој универзум во сегашната состојба на еволуција сè уште е прилично нееволуиран, како што јасно се гледа во смешно бавната брзина на светлината во обичниот простор-време. Изворот ја насочува еволуцијата на овој универзум во Светлина преку дејствијата на светлосните сили, кои сè уште учат да го разберат Создавањето, па оттука и нивните многубројни грешки.

Античките народи го знаеле ова, а во Ригведа е познатата “Химна на создавањето”:


во која јасно се укажува дека силите на светлината и Изворот можеби не го разбираат Создавањето. Поради неговата важност ќе го цитирам стихот во неговиот оригинал на санскрит:


यो अस्याध्यक्षः परमे व्योमन्त्सो अङ्ग वेद यदि वा न वेद ॥७॥


Можете да го преведете овде:



За време на Арконската инвазија кон крајот на IV-от век, темните сили се обидоа да ги избришат сите траги од тоа знаење за да го спречат расчистувањето на космичката темнина. Ова е причината поради која ја запалија библиотеката во Александрија и ги уништија гностичките и манихејските текстови. Во Индија, ова беше времето на династијата Гупта, која беше надвор од дофатот на Арконската инвазија и ова е причината поради која преживеаја многу важни антички индиски текстови:



После активирањето на “Порталот на светлината”, светлосните сили ги реактивираат древните енергетски точки во Индија за да помогнат во процесот на враќање на вистинската духовна енергија на површинската популација.


Нивниот главен фокус се античките храмови на династиите Чола, Чера и Пандија во Тамил Наду и Керала. Многу од овие храмови имаат моќен енергетски божествен вортекс:



Во многу од тие храмови, божествените мистерии им биле пренесувани на луѓето преку девадаши:


Некои од нив се поврзани со подземните тунели на мрежата Агарта, а некои од нив имаат ризници со злато, вредни стотици милијарди долари. Ова злато сега енергетски го активира Сен Жермен за идниот бенефит на човештвото:



Јужна Индија некогаш била дел од стара колонија на Атлантида:


Каде што многу жени од Плејадите ги закотвуваа божествените мистерии:



Во јужна Индија, луѓето ја продолжија традицијата на древното знаење, многу илјади години по потопот на Атлантида:


Другиот фокус на светлосните сили се локациите на архитектурата на Могул во северна Индија. Судот на Акбар, Џахангир и Шах Џахан беа под директно влијание на галактичката централна раса и фокусна точка на мистериите на суфиските божици:


Таџ Махал моментално е најмоќното сидро на енергиите на централното галактичко Сонце и галаксијата М-87 на планетава:



Друг фокус на светлосните сили е градот Сужоу во Кина, каде Танјангзи се вознесе и постигна бесмртност во 1580-та година и создаде вортекс на вознесение за тој град:



Овде е интересно да се забележи дека Језуитите влегле во Кина преку Гуангзу и Сужоу само неколку месеци подоцна во 1580-та година, за да го потиснат тој вортекс:


Сите овие активирања на вакви енергетски точки (вортекс) даваат силен енергетски притисок кон “разоткривањето”:





Се активираат храмовите на божиците на површината на планетата:


И сè уште можете да го додадете вашиот храм овде:



Ќе го завршиме ажурирањето на ситуацијата со ова доста интересно канализирање:



Конференцијата во Кјото беше огромен успех. Нашата силна и хармонична група создаде услови преку кои конечно може да започне заздравувањето на вортексот на змејот (dragon vortex) започнувајќи со оној во Кјото. Нашата група, исто така, направи важна врска со командата на Аштар преку која ќе биде значително забрзан развојот на технологиите Мјолнир и ATVOR.


Можете да ги прочитате белешките од конференцијата во Кјото на англиски јазик овде:





На француски овде:


И на шпански овде:


Победа на светлината!


Кобра, понеделник, 24-ти јули, 2023


Извор:



19 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page