top of page
Search

Ажурирање на ситуацијата и конференција за Вознесение во Тајван со Кобра

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Feb 24, 2023
  • 3 min read

Расчистувањето на групата Химера продолжува. Силите на светлината почнуваат да ја расчистуваат примарната аномалија на каузалното ниво/рамнина (повисоката ментална рамнина).

Еден аспект на таа аномалија се црните дупки на каузалната рамнина, кои беа телепортирани од Ригел во временскиот период од 1996-1999-та година и сега се испаруваат преку употреба на квантните топови - Мјолнир.

Друг, многу вознемирувачки аспект на каузалната рамнина се таканаречените Господари на кармата. Господарите на кармата се пајаковидни Химера ентитети кои дојдоа од галаксијата Андромеда пред милиони години преку порталот Ригел и кои ја создадоа карантинската матрица на Земјата пред 26.000 години. Многу од нив пристигнаа на Земјата пред речиси 1 милион години, со засилувања кои се одвиваа низ целиот период на Атлантида, за конечно да ја преземат целосната контрола на планетата пред 26.000 години и да ја запечатат нејзината судбина со последното засилување од Ригел во 1996-1999-та година.


Господарите на кармата се во речиси целосна контрола на карантинската Земја; тие создадоа темна мрежа полна со црни дупки и топлет бомби на каузалните, менталните, астралните и етеричните рамнини. Нивните каузални тела се речиси целосно црни, изложени на толку многу аномалии, и тие ги обожаваат црните дупки на каузалната рамнина како портал за темната превртена реалност како Црното Сонце.

Тие имаат голема контрола врз циклусот на човечката реинкарнација и имаат голем збор за тоа каде и како одредена индивидуа ќе се реинкарнира. Тие имаат целосен пристап до акаша записите. Тие ги раздвојуваат душите близнаци, ги уништуваат односите на сродните души, влеваат љубомора и страв и се стремат да манифестираат максимално страдање на човечката популација. Тие го прошируваат своето влијание преку нивните потчинети, драко и рептилски демонски ентитети на пониски ментални, астрални и етерични рамнини и ја контролираат физичката геополитичка ситуација преку демонско опседнување на црното благородништво и потчинетите на Илуминатите на физичка рамнина.

Тие ја контролираат технологијата на скаларната матрица на каузална, ментална, астрална, етерична и физичка рамнина што ја спречува Светлината да стигне до површината на планетата.

По екстремно бруталните напади на клучните работници на светлината и светлосните воини во последните неколку недели, тие се преекспонираа себеси, а силите на светлината ги иницираа операциите за нивно брзо, ефективно и целосно отстранување. Првото нешто што силите на светлината го расчистуваат е шокот на кој беа подложени каузалните тела на површинската популација од 1996-та година.

Силите на светлината, исто така, почнуваат да ги отстрануваат црните дупки и сите негативни скаларни полиња од каузалната рамнина и ги бришат негативните договори на душата од каузалните тела на човештвото. Откако тоа ќе помине до разумен степен, силите на светлината ќе почнат да ги отстрануваат самите Господари на кармата. Ова ќе започне со разградување на матрицата на карантинската Земја и Светлината конечно ќе продре. После тоа, тие конечно можат да ја исчистат преостанатата физичка јама и да направат пробив на физичката рамнина, како што е опишано во овој одличен коментар од еден од читателите на мојот блог:

Свесноста за претстојниот соларен флеш станува сè подетална:


И почнува да стигнува до мејнстримот на чудни начини:


Еве зошто црното благородништво би сакало да создаде светска војна во 2025-та година:

Изворите на “Змејот” соопштија дека нема да се случи ескалација на војната од целосен размер, иако работите може да изгледаат страшно одредено време.

Исто така, сигурни извори се согласуваат дека дистопиското ресетирање во стилот на Светскиот Економски форум нема да се случи и сам ќе се откаже пред да започне:


Еден од клучните аспекти во следната фаза на процесот на ослободување на планетата е враќањето на енергијата на Божицата. Од таа причина, проектот за храмот на Божицата е претставен на човештвото:

Со многу групи кои ги реактивираат античките храмови на Божицата:

Со енергетска работа што се прави на стариот екватор на Атлантската Божица:

Со луѓе кои се сеќаваат на животот во древните храмови на Божиците од минатото:

Со луѓе кои се поврзуваат со енергијата на Божицата преку уметноста:

И преку природата:

Доаѓаат големи промени, а следните неколку месеци ќе бидат клучни за тоа како ќе се развиваат работите за планетата.


Затоа, повеќе од добредојдени сте да учествувате на нашата конференција за Вознесение во Тајпеј, Тајван на 8-ми и 9-ти април:


Победа на светлината!


Кобра, четврток, 23-ти февруари, 2023

Извор:


 
 
 

Commentaires


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page