Активација "Ера на Водолијата", втор дел, 30-ти јуни, 2020
- Саш Ка
- Jun 15, 2020
- 3 min read
Раширете! Активација "Ера на Водолијата", втор дел, 30-ти јуни, 2020
Време е повторно да преземеме акција! Време е да ја преземеме судбината на светот во наши раце! Сите се согласуваме дека процесот на планетарното ослободување е предолг. Ова е наша шанса колективно да го забрзаме процесот. За таа цел, ќе ја искористиме моќната конјункција меѓу Јупитер и Плутон на 30-ти јуни, да се создаде портал преку кој ќе ја обединиме нашата свест и ќе го активираме процесот што ќе нè доведе до ерата на Водолијата.
Раширете! Споделете насекаде! Ве молиме објавете на вашите веб-страници и блогови. Поканете духовните групи да ни се придружат. Ако знаете алтернативен медиум, можете да го испратите до нив. Можете да создадете настан на Фејсбук за вашата локална група на луѓе што ќе ја прават во вашиот дел од светот. Ни треба и една главна група на Фејсбук за овој настан. Можете да создадете видео и да го објавите на Јутјуб..
Научните студии потврдија позитивни ефекти од масовните медитации и активирања врз човечкото општество, така што секој од вас што ќе учествува во оваа активација, всушност може да помогне за приближување на ерата на Водолијата:
Оваа активација им помага на силите на Светлината да ја заземат енергијата на Светлината на површината на планетата, за дополнително да ја стабилизираат временската рамка, што ќе не доведе до долгоочекуваната ера на Водолијата. Бројот на луѓе што ја вршат оваа активација е единствениот највлијателен фактор во моќта на површинската човечка популација за забрзување на процесот.
Можеме да достигнеме критична маса од 144.000 луѓе што ќе ја прават оваа активација! Можеме да достигнеме и еден милион! Ова ќе создаде масивна верижна реакција за заздравување на енергетското поле ширум светот.
Конјункцијата на Јупитер и Плутон на 30-ти јуни е пресвртница од отворањето на ѕвездената порта во временската линија на ерата на Водолијата од 2020 година, која се отвори на 12-ти јануари со конјункцијата на Сатурн и Плутон, ќе има своја пресвртна точка на 30-ти јуни со конјункцијата на Јупитер и Плутон и ќе се затвори на 21-ви декември со конјункцијата на Јупитер и Сатурн:
Целта на целокупната временска линија од отворањето на ѕвездената порта на ерата на Водолијата од 2020 година, е да се стабилизира позитивната временска рамка на ерата на Водолијата за планетата, а нашето активирање на 30 јуни е пресврт на овој процес. Оваа моќна точка за активирање се наоѓа скоро точно во средината на целиот процес во 2020 година, со 170 дена помеѓу 12-ти јануари и 30-ти јуни и уште 174 дена помеѓу 30-ти јуни и 21-ви декември.
Во астрологијата, конјункцијата на Јупитер и Плутон симболизира голема општествена и духовна реформа, која ќе донесе изобилие на духовно и материјално богатство на човештвото. Ние ќе го правиме вториот дел од медитацијата „Ера на Водолијата“, точно во моментот на конјункцијата меѓу Јупитер и Плутон на 30-ти јуни, што ќе биде 7:48 часот наутро во Париз (воедно и по македонско време). Ова е еднакво на 22:48 часот во понеделник на 29-ти јуни во Лос Анџелес, 23:48 во понеделник на 29-ти јуни во Денвер, а потоа преминуваме во вторник на 30-ти јуни за други временски зони: 00:48 часот во Чикаго, 01:48 во Њујорк, 06:48 часот во Лондон, 07:48 часот во Каиро, 13:48 часот во Тајпеј и Пекинг, 14:48 часот во Токио и 15:48 часот во Сиднеј.
Времето на медитација може да го проверите овде:
Инструкции:
1. Користете ваша сопствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство за ко-креирање на активацијата што ќе ја започне "Ерата на Водолијата".
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор, за да поставите круг на заштита околу вас, за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази се што не и служи на светлината.
4. Визуелизирајте сноп од блескава бела светлина што произлегува од Космичкото Централно Сонце, која се спроведува до Централните Сонца на сите галаксии во овој Универзум. Потоа, визуелизирајте ја оваа светлина како минува низ Галактичкото Централно Сонце, минувајќи низ нашата Галаксија, потоа влегувајќи во нашиот Сончев систем и минувајќи низ сите битија на светлината во нашиот Сончев систем, а потоа преку сите битија на планетата Земја и исто така, преку вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте ја оваа светлина, како ја преобразува преостанатата темнина на Земјата, исцелувајќи ги сите нееднаквости, бришејќи ја сиромаштијата и носејќи изобилство на целото човештво. Визуелизирајте нежна, розова Божествена (женска) светлина, која ги прифаќа сите битија на планетата Земја и ги исцелува нивните емотивни тела. Визуелизирајте го започнувањето на новиот грандиозен космички циклус "Ерата на Водолијата", донесувајќи чиста светлина, љубов и среќа на сите битија на Земјата.
Предложеното време за нашата медитација е 20 минути.
Ажурирања за "Ера на Водолијата":
Кобра, петок, 05.06.2020
Comments