top of page
Search

Активирање на планатарната мрежа

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Mar 5
  • 4 min read

 На 29-ти март ќе се случи  многу моќно активирање на планетарната, етерична мрежа на меридијанските енергетски (змејски) линии, која ќе биде активирана од затемнувањето на Сонцето:

 

 

 За време на тоа затемнување, силен блесок на светлина ќе ги активира планетарните змејски линии преку квантен скок до ново ниво, така што планетарната енергетска мрежа ќе биде подготвена за каскадата на настани што ќе следат брзо едноподруго во април и мај.

 

 Во следните неколку ажурирања на блогот ќе можам да кажам повеќе за овој многу моќен процес на активирање што ќе се одвива во април и мај.

 

 Дотогаш, треба да се преземат подготвителни чекори и да се отстрани многу темнина за да може конечно да почне да влегува Светлината.

 

 Прво, процесот на расчистување на најдлабокиот дел од субквантната аномалија -  Луркер на површината на планетата, ќе се одвива помеѓу затемнувањето на Месечината на 14-ти март  и затемнувањето на Сонцето на 29-ти март:

 

 

 Расчистувањето на субквантната аномалија никогаш не е пријатно или лесно, затоа подгответе се за ударот.

 

 Згора на тоа, прстените на Сатурн ќе се гледаат од Земјата на 23-ти март:

 

 

 Таа конфигурација обично отвора темен портал помеѓу меѓугалактичката субквантна аномалија, Сатурн и Земјата, а кога тоа се случи во февруари 1996-та година, беше еден од најтемните моменти во човечката историја:

 

 

 Овој пат, тоа ќе биде можност за силите на светлината еднаш засекогаш да исчистат голем дел од субквантната аномалија.

 

 Исто така, во временската рамка помеѓу двете затемнувања, Сонцето ќе патува од последните степени на Риби во првите степени на Овен и ќе го активира стелиумот на планетите (Меркур, Венера, Сатурн, Нептун)  позиционирани во близина на границата на Риби / Овен.  Овој стелиум означува моќна транзиција на застарените обрасци на старото општество во нов духовен циклус.

 


Еден многу значаен аспект на тој процес на транзиција е разочарувањето, кое е неопходно за да се ослободи старото.  Ова разочарување ќе биде предизвикано од наредната конјукција на Сатурн и Нептун, и има многу интересно навестување за таа конјукција во следната статија за оние кои имаат очи да видат:

 

 

 По активирањето на 29 -ти март, помоќни енергии ќе започнат да течат низ чинтамани камењата, и еве неколку упатства како да се работи со тие свети камења:

 

 

 Постојат многу луѓе кои сега закопуваат чинтамани и други камења на змејските линии во подготовките за активирањето на 29-ти март и еве неколку упатства:

 

 

 Исто така, оваа временска рамка ќе забележи значителна енергетска надградба на такионските комори. За планетарната енергетска мрежа да функционира во хармонија и рамнотежа, повеќе такионски комори треба да се активираат, особено во Северна, Централна и Јужна Америка:

 

 

 Како што Плејаданската флота се приближува, процесот на исцелување во коморите ќе биде уште поефикасен:

 

 

 По 29-ти март, многу клучни планетарни вортекси ќе доживеат моќни активирања.

 

 Првиот е ерусалимскиот вител, кој е закотвен на Ридот на храмот (Temple Mount):

 

 

 За време на доцна Атлантида, ова беше главниот центар за програмирање и имплантација на Орион на домородното население на Натуфија:

 

 


Кралот Соломон реши да ја прочисти енергијата на таа област и таму го изгради својот храм:

 

 

 Еден дел од неговиот храм бил посветен на божицата Ашера:

 

 

 

 

 Треба да се повика енергијата на Ашера за да донесе исцелување и рамнотежа на ерусалимскиот вортекс и на целиот регион:

 

 

 

 Исто така, за да се излечат окултните причини за конфликтот во Газа и да се донесе мир во областа, архетипот на божицата на војната Анат треба да се прочисти и излечи:

 

 

 

 Има многу значаен, но целосно занемарен вортекс на Аштар Шеран во Јемен, а тој вортекс ќе доживее реструктуирање и заздравување после 29-ти март.  Статуа на Аттар Харман (сабејско име на Аштар Шеран) е пронајдена во Јемен:

 

 

 Друг вортекс што ќе ја доживее својата ренесанса по 29-ти март е вортексот на Њујорк:

 

 

 Неапол во Италија е многу интересен град, затоа што е локацијата каде мистериите на Изида навлегоа на европскиот континент од Александрија:

 

 

 

 Од Неапол повторно се појавија египетските мистерии во 18-ти век:

 

 

 Неаполскиот божествен вортекс повторно ќе се активира на ова неверојатно место:

 

 

 Парискиот двоен вортекс исто така ќе биде надграден.

 

 Версајскиот вортекс ќе добие засилување преку Грото:

 

 

 

 Парискиот дел ќе добие зајакнување преку Храмот на Амити:

 

 

 

 Тој храм припаѓал на Loge de’l Amitie, масонска ложа создадена во Париз околу 1775-та година за да ги негува мистериите на божицата:

 

 

 За да го поддржиме овој огромен процес на планетарна активација, а особено завршувањето на Панамериканската змејска енергетска мрежа, ќе одржиме работилница во Богота на 13-ти април:

 


 

И во Њујорк на 19 април:

 

 

 Повеќе од добредојдени сте да ни се придружите.

 

 Победа на светлината!

 

Кобра, вторник, 4-ти март, 2025

 

Извор:


 

 

 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page