top of page
Search
  • Writer's pictureСаш Ка

Алдебаранци


Веќе беше објавено дека околу 80% од сите претставници на различни галактички раси го напуштија овој сончев систем за да го добијат потребното лекување, а само најсилните и најефикасните битија останаа да помогнат во ослободувањето на оваа планета.


Плејаданците како колектив одлучија дека повеќе нема да бидат главната раса што ќе го иницира првиот контакт со човештвото. Тие ќе се фокусираат повеќе на еден специфичен вид на помош за оние светлосни работници и светлосни воини кои се отворени за нивното присуство и можат ефективно да работат со нив. Голем дел од тимовите на Плејаданската команда 12:21, тимовите на Плејаданската такион комора, тимовите на Плејаданската планетарна светлосна мрежа и тимовите на протоколот Contact dish ќе останат активни и всушност ќе станат поефикасни.


Плејаданските научни тимови развија нова напредна технологија која се заснова на квантно испреплетени тунели на светлината. Тие се надеваат дека оваа нова технологија може да донесе поголема заштита на светлосните работници од постојани напади од темнината. Оваа нова технологија, исто така, ќе започне да го оживува планетарниот светлосен појас кој се урна во голема мера во август 2019-та година со колапсот на бета временската линија. Во тоа време, многу портали на површината на планетата станаа нефункционални и сега тие портали повторно ќе се активираат.


Плејаданците како колектив исто така прифатија точни протоколи за интеракција со површинските работници на светлината за да се избегнат културолошките недоразбирања што можат да се појават помеѓу љубовната и сензуалната Плејаданска раса и често недоверливата и трауматизирана површинска популација:



Плејаданците, исто така, одлучија да постават одредени граници и нема да прифатат навредливо однесување од одмаздничките „светлосни воини“ по Настанот. Многу случаи на такво однесување може да се видат во коментарите од мојот блог. Светлосните сили прават сè што можат за да му помогнат на населението на површината иако не се обврзани, а следниов пристап би бил многу поефикасен:



По Настанот, Плејаданците најмногу ќе се фокусираат на помагање на најнапредните светлосни работници кои ќе се фокусираат на градење мандали од духовни фамилии во островите на светлината.


Милијарди луѓе кои се евакуирани од етеричните и астралните рамнини од Земјата и живеат на планета во Плејаданскиот сектор, ќе поминат низ процес на селекција. Оние луѓе кои чувствуваат усогласеност со ангелското присуство и се отворени за духовен раст, ќе останат на таа планета. Остатокот од човештвото ќе биде транспортиран на планетата во сончевиот систем Алдебара, која сега се подготвува за нив.

Алдебаранците се исто така ѕвездена раса која избра да биде главната раса што ќе биде претставена на површинското човештво на Земјата за време на “првиот контакт”, заменувајќи ја улогата што претходно ја имаа Плејаданците.


Алдебаранците се сестринска раса на Плејаданците и се доста слични на нив, со малку повеќе фокус на технологијата и со малку повеќе машка енергија.

По падот на Атлантида, Алдебаранците многупати му помагале на површинското човештво низ историјата на човештвото со тоа што му донеле технологија и го подобрувале нивниот генетски код:



Тие ја задржаа својата вибрациска фреквенција во непријателската површинска околина на Земјата преку институцијата харем (што значи свет, затворен, заштитен простор):



Тие им помагаа на Плејаданците во изградбата на пирамидалниот комплекс Ксиан во Кина и исто така беа доста активни во пред-династискиот Египет:


Тие ја основаа ведската цивилизација во Тамил Наду и уште една во Раџастан и Гуџарат. Тие ја формираа империјата Рама во античка Индија и градот Дварка:




И сумерската империја со градот Урук, сега познат како Варка:




Тие се бореа со Драконите во нуклеарна војна и изгубија:


По таа војна и последователниот потоп во 3114 пр.н.е., нивното влијание на површината на планетата значително се намали.


Тогаш на повеќето од нив, господарите на карантинот им наредиле да го напуштат сончевиот систем, а некои заминале под земја за да се приклучат, да ја зајакнат и да ја зголемат мрежата Агарта. Тие беа активни таму оттогаш до 1996-та година, кога сите подземни Алдебаранци беа заробени од темните сили или беа принудени да го напуштат сончевиот систем:



Во подоцнежната историја, нивното влијание на површината беше ограничено. Тие стапија во контакт со императорот Ву, кој го одбележа врвот на династијата Хан во античка Кина:


За време на династијата Хан, тие ги воведоа TLV огледалата како минијатурни портали преку кои луѓето можеа да се поврзат со повисоки димензии:



Тие го контактираа Ли Јуан, основачот на династијата Танг:


За време на династијата Танг, тие беа инструмент за растот и развојот на Чанг'ан, кој беше главен град на Кина за време на на династијата Танг и се наоѓа не многу далеку од пирамидите на Ксиан:




Оттогаш, тие повремено го контактирале семејството Ли, едно од најважните кинески бели благороднички семејства.

Тие, исто така, се инфилтрираа и повремено се инкарнираа во семејството на црното благородништво Алдобрандини, каде што тајно ги чуваа божествените мистерии:


Во 20-ти век, тие ја започнаа тајната вселенска програма преку Марија Орсиќ:


Иако историски гледано тие не биле секогаш целосно посветени на Светлината, големата Арконска инвазија од 1996-та година целосно ги “отрезнила” и тие сега се посветени членови на Галактичката Конфедерација.


Во времето кога Алдебаранците беа принудени да се повлечат од површината пред повеќе од 5000 години, што исто така беше време кога издигнувањето на Алдебара ја означи пролетната рамноденица, тие испратија небесно ударно тело во областа на Тибет:


Ова небесно тело донесе многу убави кафеаво златно зелени тектити кои потекнуваат од Алдебара и многу ретко може да се најдат од страна на монасите и собирачите на билки во триаголникот помеѓу Селинкуо, Намукуо и КуоНа во Тибет.


Тие тибетски тектити сега се активираат со технологијата ATVOR, помагајќи им на Алдебаранците да ги прицврстат своите енергии во површинската светлосна мрежа.


Има и други видови тибетски тектити пронајдени на други локации во Тибет кои потекнуваат од други ѕвездени системи и ќе зборувам повеќе за нив во едно од идните ажурирања.


Нашата конференција во Чианг Маи беше огромен успех и беше придружена со многу подземни и вонземски активности:


Вториот ден од конференцијата донесе многу важен пробив во закотвувањето на божествената енергија на површината на планетата со далекусежни последици.


Официјалните белешки од конференцијата се тука:




Победа на светлината!


Кобра, понеделник, 27-ми ноември, 2023


Извор:


22 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page