Апокалипса
- Саш Ка
- May 28, 2022
- 3 min read
Како што беше навестено во претходното ажурирање, се наоѓаме на пресвртната точка од неколку космички циклуси.
Прво, тука е завршувањето на големиот космички циклус кој траеше над 13 милијарди години. Овој универзум токму сега е пред пресврт од ширење во контракција. Тоа е единствен момент, кога Изворот (Апсолутот) може директно да интервенира во креацијата и да ја разгради примарната аномалија и сето зло поврзано со неа, и токму тоа е вистинската причина зошто целата темнина наскоро ќе исчезне. Тој момент на директна интервенција е наречен Апокалипса (Откровение) и е сосема точно опишана во познатата, речиси 2000-годишна визија:
https://www.biblegateway.com/passage/?search=Revelation+21&version=KJV
Овој момент може да се нарече и космички пресврт и научниците почнуваат да разбираат дека тоа нема да се случи за милијарди години од сега, туку многу порано:
https://www.space.com/end-cosmic-expansion
Второ, тука е завршувањето на циклусот на галактичкиот магнетен импулс кој трае некаде помеѓу 12.000 и 13.000 години. На секои 12.000 години, централното галактичко Сонце го менува својот магнетен поларитет и во два такви циклуси го враќа својот магнетен поларитет назад на првобитниот. Земјината оска е опфатена со менувањето на галактичкото магнетно поле, и ова е вистинското потекло на 25.772-годишниот прецесионален циклус и 12.000-годишниот т.н. циклус на Хајнрих:
Неодамнешниот научен труд покажува дека менувањето на галактичкото магнетно поле се ненадејни настани, кои траат само неколку години:
https://www.youtube.com/watch?v=i04Xvm55Bc8

Променувањето на галактичкото магнетно поле предизвикува настан од типот на соларна мининова, што пак предизвикува пресврт на магнетното поле на Земјата. Магнетното поле на Земјата веќе брзо се намалува како подготовка за промената, а може да изгледа вака (виолетовиот дел од кривата е предвидување):

Кога јачината на магнетното поле на Земјата паѓа под одреден праг, еластичноста и вискозноста на обвивката на Земјата нагло се менуваат за да се овозможи поместување на кората и физичко поларно поместување:
Поларното поместување предизвикува глобален бран цунами кој ја мие планетарната површина и ја прочистува. Овој цунами бран е неопходен дел од процесот на прочистување на примарната аномалија и само поединци кои се силно поврзани со внатрешната светлина во Островите на светлината и некој повремен спремен за преживување “препер”, ќе можат да преживеат на површината на планетата. Остатокот од човечката популација ќе биде евакуиран од површината и потоа ќе може да започне нов циклус одново, во целосна усогласеност со Светлината.
Врвните членови на Кабалата се свесни за претстојната поларна промена и планираат да ја преживеат во нивните подземни бункери и јами:
Тие ќе бидат исчистени од Отпорот пред да се случи поларното поместување.
Трето, тука е завршувањето на соларниот магнетен циклус кој трае околу 11 години. Следниот соларен магнетен пресврт се очекува околу 2025-та година. Сонцето станува активно многу побрзо од очекуваното, а бројот на сончеви дамки сега (мај 2022) веќе го надминува предвидувањето на NOAA за врвот на циклусот во 2025-та година:
https://spaceweather.rra.go.kr/observation/space/environment/sunspot
https://www.swpc.noaa.gov/products/solar-cycle-progression
За неколку месеци, мејнстрим научниците ќе почнат да сфаќаат дека нешто необично се случува со тековниот сончев циклус, а некои од нив ќе можат да ги поврзат точките, предизвикувајќи целосна паника во некои кругови.
Едно мало навестување, настан од типот на Карингтон е сосема можен во следните две години:
Сите три циклуси, космички, галактички и соларни, се спојуваат со отворањето на порталот за Вознесение во 2025-та година, што е ориентационен момент за нас да процениме кога се очекува да се случат големите промени.
Дотогаш, се одвива мало обелоденување со интересни фотографии од „природни“ формации на Марс:

Можете да се усогласите со Плејаданска енергија преку оваа музика:
https://www.youtube.com/watch?v=Am-yaQpu5Ow
Или да ги поддржете Светлосните сили со следнава медитација:
Можете да нурнете подлабоко во огромните количини на информации објавени на овој блог:
И да добивате известување кога блогот ќе се ажурира:
http://feeds.feedburner.com/blogspot/jUQcb
Победа на светлината!
Кобра, четврток, 26-ти мај, 2022
Извор:
Commentaires