Божествениот екватор
- Саш Ка
- Jan 26, 2023
- 3 min read
Додека светлосните сили се обидуваат да донесат што е можно повеќе светлина на површината на планетата со нивниот проект за “враќање на духот”, старата светлосна мрежа на Атлантида повторно се активира.
Еден многу важен аспект на тој процес е реактивирање на старите вортекси на Атлантидската божица, поврзани со стариот Атлантидски екватор:

Во времето на Атлантида, моќните храмови биле изградени преку екваторот и имале директна врска со матичните бродови на Галактичката Конфедерација кои биле позиционирани директно над нив, во геостационарна орбита. Тие храмови ја закотвуваа божествената енергија на Божицата на површината на планетата, додека поларните храмови ја закотвуваа божествената енергија на Бог. Во храмовите на Божиците отсекогаш имало свето езеро кое се наоѓало во близина, каде што вортексот на Божицата бил зацврстен преку женско ангелско битие под водство на Јона.
Локациите на тие храмови на Атлантидските Божици сега се реактивираат од страна на силите на светлината. Една од примарните реактивирани локации е Баалбек, каде што постоел храм на Божицата со мистична школа, уште од времето на Атлантида:
Долго време по потопот, Божицата Атаргатис се вратила од Сириус во регионот и повторно ги активирала божествените мистерии:
Многу храмови на Атаргатис со свети езера биле изградени во областа, со главни храмови во Хиераполис (модерен Манбиџ во Сирија, светото езеро претворено во фудбалско игралиште), Ашкелон, Кубет ел Бедави (светото езеро уништено и прераснато во урбана населба) и Едеса (модерна Урфа, светото езеро, сè уште постои тунел што води длабоко под земја):

Покрај вортексите поврзани со Атаргатис, силите на светлината исто така ги реактивираат вортексите поврзани со тројните божици Ал-Лат, Ал-Уза и Манат, кои потекнуваат од предисламската Арабија. Овие вортекси се наоѓаат и на стариот Атлантидски екватор:
Влезовите во Агарта, исто така, енергетски се реактивираат долж стариот Атлантидски екватор, како што е овој во близина на Ефес:
Исто така, повторно се активира триаголникот на европскиот божествен вортекс со двојните вортекси во Венеција, Париз и Будимпешта, сите блиску до Атлантидскиот екватор. Овие три двојни вортекси го имаат главниот вортекс во градот, а секундарниот вортекс се наоѓа на околу 10-30 милји од главниот. Двата вортекси се поврзани еден со друг преку проток на енергија, претставувајќи го бројот 8, бројот на бесконечноста.
Венецијанскиот вортекс е зацврстен на мостот Риалто во Венеција:

Вортексот на Венецијанската Божица ги роди божествените мистерии за време на Ренесансата преку Ордо Бучинторо:
Семејствата на белите благородници Лоредан и Мочениго ги чуваа мистериите на Божицата во Венеција. Двете семејства имаат рози како симбол/амблем. Семејството Лоредан исто така ги изразуваше божествените мистерии преку академијата Дегли Инкогнити:
Секундарниот вортекс во Венеција е закотвен во вилата Деи Вескови во Еуганските ридови. Оваа вила е всушност комора за вознесение:

Овој секундарен вортекс е исто така поврзан со Атаргатис:
Има многу помали вортекси на Божицата во северна Италија недалеку од Атлантидскиот екватор, како што е еден во Арецо и друг во Парма, каде Марија Луиз (Марија Луиџа) била иницирана свештеничка на Божицата:
Вортексот на париската Божица е закотвен во комората на црквата Нотр Дам. Постојат многу други помали точки за зацврстување на овој вортекс низ Париз, како што е оригиналниот Дендера зодијак во Лувр:
и неговиот модерен пандан во продавницата Louboutin:
Секундарниот вортекс во Париз е закотвен во Храмот на љубовта во Петит Тријанон во Версај:
Статуата во средината на храмот првично била статуа на Венера, а подоцна била заменета со статуа на Купидон. Мало свето езеро околу храмот ги зацврстува енергиите на Атаргатис.
Семејството на белото благородништвото Бурбон ги поддржуваше божествените мистерии во Париз и Версај, преку две високи свештенички, мадам де Помпадур и принцезата де Ламбал:
Божествениот вортекс во Будимпешта е закотвен во круната на Свети Стефан, моментално во унгарскиот парламент.
Секундарниот божествен вортекс во Будимпешта е закотвен во замокот Годоло, домот на кралицата Сиси, која исто така била висока свештеничка на Божицата:
Силите на светлината соопштија дека по повеќе од 1500 години потиснување, храмовите на Божиците треба повторно да се создадат на површината на оваа планета. Сестринството на розата ја доби оваа света задача. Треба да се создадат јавни простори кои ја носат енергијата на Божицата на општата популација на површината. Тоа може да биде ваш приватен простор кој е отворен за пошироката јавност барем неколку часа неделно и може да им донесе божествена енергија на луѓето преку медитации, танц, читања и музика, како што е оваа ода за Изида:
Еден пример за модерен храм на Божицата:
Овие храмови треба да се создадат што е можно поскоро за да се поддржи енергетската транзиција на оваа планета.
За да се поврзете со енергијата на Божицата, можете да ја прочитате и оваа книга:
Или сетете се на Изида Астара (Isis Astara) и нејзината работа да ја врати енергијата на Божицата:
Победа на светлината!
Кобра, вторник, 24-ти јануари, 2023
Извор:
Comments