top of page
Search

Враќање на духот

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Jan 9, 2023
  • 2 min read

Расчистувањето на групата Химера продолжува. Светлoсните сили ја користат технологијата Мјолнир за да ги отстранат црните дупки од имплантите и од превртената мрежа на површината на планетата.

Кога ќе се отстрани критичната маса на тие црни дупки, позитивната духовна енергија од будистичката рамнина повторно ќе почне да се таложи на менталните, астралните, етеричните и физичките рамнини на површината на планетата, за прв пат после 1996-та година.

Оваа позитивна духовна енергија, кога ќе стане доволно силна, ќе ја поттикне новата ренесанса, вистинското духовно будење на добата на водолијата и ќе биде основа за активирање на операцијата Dreamland („Земја на соништата“):


Оваа позитивна духовна енергија конечно ќе ја распадне квантната аномалија на црната дупка околу Земјата и повторно ќе го активира процесот на Вознесение за оваа планета. Ќе ја поврзе површината на оваа планета со тунелите на светлината, кои се целосна спротивност на тунелите на Сет. Светлосните тунели го поврзуваат целиот универзум во Едно, и тие на крајот ќе го вознесат целиот универзум во една џиновска виножитна топка на Единство, на крајот од следниот космички циклус.



Пред милиони години, Химера изгради огромни забрзувачи на честички во форма на Дајсонови прстени со дијаметар од милијарди милји, во ѕвездениот систем Ригел во Орион.

Тие ги користеа тие Дајсонови прстени за да создадат доволна количина топ кварк и стренглет кварк кондензат, за да создадат доволно количество топлетни и стренглет бомби, за да ги контролираат ѕвездените системи Ригел и Сол:


Тие исто така ги користеле забрзувачите на честички за да создадат други форми на дегенерирана материја:


Дегенерираната материја се создава под екстремен притисок и/или температура и е толку густа и компресирана што квантниот ефект значително влијае на неговите карактеристики.

Освен материјалот за топлет и стренглет бомби, тие главно произведувале големи количини на кварк глуонска плазма:

а исто така и некои неутронски дегенерирани материи:


Голем дел од оваа кварк-глуонска плазма и неутронска дегенерирана материја беше донесена на Земјата за време на големата инвазија во 1996-та година и некои од сè уште преостанатите резервоари од овие два вида дегенерирана материја, ја штитат последната јама од последниот напад на светлосните сили:

Интересно е да се знае дека мејнстрим научниците се обидуваат да најдат докази (“технолошки потписи”) на вонземски цивилизации, вклучувајќи ги и сферите на Дајсон:


Знаејќи дека нивниот пораз е близу, Химера се обидува да го зајакне карантинот со лансирање на апсурден број сателити во орбитата близу Земјата:

Светлосните сили сега се обидуваат да манифестираат временска рамка во која е постигнат мировен договор меѓу Русија и Украина:

Русија и Украина се вмешани во војна во која ниту една страна веројатно нема да победи, а многу луѓе стануваат уморни од оваа војна. Така, мировниот договор конечно станува возможен, како мирот во Вестфалија:

Или примирјето 11:11 со кое што заврши Првата светска војна:

Ова ажурирање на ситуацијата ќе го завршиме со песна:


Победа на светлината!

Кобра, недела, 8-ми јануари, 2023

Извор:


 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page