top of page
Search

Галактички кодекс

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Oct 21, 2020
  • 5 min read


Прв дел: Закон на божествената благодат


Секое свесно/сетилно битие има неотуѓиво и безусловно право на позитивно животно искуство.


За да го објасниме првиот дел, треба да разбереме дека страдањето и болката немаат никаква вредност во просветленото галактичко општество ослободено од влијанието на темните сили и другите аспекти на космичката аномалија. Давањето вредност на болката, страдањето и жртвата како дел од искуството при духовниот развој, беше дел од програмирањето од темните сили, со цел полесно да се пороби населението на окупираните планети.



Безусловното позитивно животно искуство на секое свесно/сетилно битие во ослободениот Универзум е загарантирано од внатрешната конекција на секое живо битие со Изворот и зајакната со моќта на Вознесените господари (мастери) над материјата, што овозможува да им помогнат на сите живи битија во нивните аспирации кон Изворот и да им ги обезбедат основните потреби за живот. Животот никогаш не требаше да биде напорна работа и борба, туку патешествие на радост и креативност. Различните потточки од првиот дел го регулираат целиот живот во ослободениот Универзум и сите односи помеѓу битијата на Светлината, така што конфликти никогаш нема да се појават. Дозволете ни да ги објасниме потточките:



Дел I / 1: Секое свесно/сетилно битие има неотуѓиво и безусловно право на физичко и духовно изобилство.



Оваа потточка гарантира позитивно животно искуство за секое битие во ослободениот Универзум. Вознесените господари ги обезбедуваат сите животни потреби, физичко и духовно богатство и убавина, користејќи ја моќта што ја имаат над ослободената материја во ослободениот универзум.



Дел I / 2: Секое свесно/сетилно битие има неотуѓиво и безусловно право на Вознесение.


Оваа потсекција објаснува како Вознесените господари го користат своето напредно разбирање за духовната технологија на Вознесението и со користење на електричниот оган на спасението, им помагаат на сите битија што слободно и доброволно одбираат Вознесение.



Дел I / 3: Секое свесно/сетилно битие има неотуѓиво и безусловно право да се спои со други битија, во согласност со неговата / нејзината позиција во кругот на неговото/нејзиното душевно семејство (семејство по душа).



Оваа потточка е инструмент за регулирање на сите односи внатре во душевното семејство. Тоа гарантира спојување на битија со спротивен поларитет (души близнаци, сродни души) и усогласување на сите други битија, без оглед на нивната состојба на развој и надворешните услови.



Дел I / 4: Секое свесно/сетилно битие има неотуѓиво и безусловно право на сите информации.



Оваа потсекција е гаранција дека сите битија ги добиваат сите информации што им се потребни, за да ја разберат нивната улога во Универзумот, поголема перспектива на еволуцијата и сите преостанати нешта што им се потребни за нивните одлуки, духовен раст и благосостојба. Сите овие податоци се обезбедени од Вознесените господари или други битија што ги надгледуваат еволуциите на разни раси и цивилизации.



Дел I / 5: Секое свесно/сетилно битие има неотуѓиво и безусловно право на слобода.


Оваа потсекција предвидува дека секое битие има неограничен потенцијал за духовен раст и животно искуство. Бидејќи сите битија во ослободениот Универзум создаваат само позитивизам, нивната слобода никогаш не се спротивставува на слободата на другите битија.



Втор дел: Закон за поделба на конфликтните страни



Секое свесно/сетилно битие има неотуѓиво и безусловно право да биде одделено и заштитено од негативните постапки на другите свесно/сетилни битија.



Овој дел ги регулира условите во оние делови од Универзумот кои штотуку се ослободени од влијанието на темните сили, но кои сè уште не се прифатени во Конфедерацијата. Потребно е силите на Светлината секогаш да ги поделат страните во конфликт за да ги заштитат од меѓусебна штета. Тогаш Светлосните сили посредуваат во конфликтот сè додека не се реши. Овој дел често се користи за крај на војните и другите вооружени конфликти.




Трет дел: Закон за рамнотежа



Секое свесно/сетилно битие што избрало да живее и да делува спротивно на принципите на Галактичкиот кодекс и одбива или не е во можност да ги прифати сега и да ги избалансира последиците од минатите активности, ќе биде пренесено во Централното Сонце, реструктуирано во базична есенција од елементи, за да започне нов циклус на еволуција.



Овој дел ги регулира односите помеѓу силите на светлината и силите на темнината. Кога се поразени, на битијата што припаѓаат на силите на темнината им се дава можност да го прифатат Галактичкиот кодекс, да сторат најдобро што можат за да ги поправат грешките што ги направиле и да живеат позитивно потоа. Ако прифатат, ќе им биде простено и ќе се приклучат на Конфедерацијата. Ако не се во можност или не сакаат да прифатат, тие се однесени во Централното Сонце, нивната лична и душевна есенција се реструктуира со електричниот оган и нивната божествена искра започнува нов циклус на еволуција.



Четврт дел: Закон за интервенција



Галактичката Конфедерација има неотуѓиво и безусловно право на интервенција во сите ситуации каде што е повреден Галактичкиот кодекс, без оглед на локалните закони.



Овој дел ја опишува политиката на Светлосните сили во однос на окупираните планети. Конфедерацијата го задржува правото да интервенира во сите области, цивилизации, планети или соларни системи каде што е повреден Галактичкиот кодекс. Има право да го стори тоа без оглед на позицијата на локалните цивилизации во врска со оваа интервенција. Секогаш има право да ги користи сите мирни средства за едукација и регулација. Доколку се наруши критичната маса на принципите на Галактичкиот кодекс, таа има право да употреби воена сила. Специјални случаи се планети под директна окупација на темните сили. Темните сили обично го земаат локалното население како заложник за да го попречат напредокот на силите на светлината. На Земјата тие се заканија со нуклеарна војна доколку Светлосните сили интервенираат. Ова е главната причина зошто Светлосните сили сè уште не ја ослободиле оваа планета (а не таканаречената: ние-нема-да интервенираме-затоа што- ја почитуваме-слободната-волја, ние-само-гледаме-како-страдањето-продолжува). Како и во секоја заложничка ситуација, ова бара многу вешто преговарање и тактички пристап. Оваа ситуација сега се решава и планетата Земја наскоро ќе биде ослободена.



Дел IV / 1: Секое свесно-сетилно битие има неотуѓиво и безусловно право да се повика на Галактичката Конфедерација кога им е потребно и Галактичката Конфедерација има право да помогне, без оглед на локалните закони.



Оваа потточка дава законска основа за интервенција и помош на сите заложници на темните сили. Силите на светлината секогаш даваат се од себе за да им помогнат и да ги подобрат условите за живот на сите свесно/сетилни битија, дури и на Земјата. Ситуацијата на планетата Земја само укажува на тоа колку повеќе моќ имала темнината над светлината на оваа планета. За среќа, ова сега се менува.



Дел IV / 2: Галактичката Конфедерација има неотуѓиво и безусловно право на спроведување на Галактичкиот кодекс и на освојување на областите на кршење на Галактичкиот кодекс со воена сила доколку е потребно.



Оваа потточка дава законска основа за ослободување на окупираните планети со воена сила. Воените сили на Конфедерацијата ги отстрануваат или даваат помош при отстранување на претставниците на темните сили и ги ослободуваат заложниците. Потоа, другите сили на Конфедерацијата го водат процесот на прифаќање на планетата во Конфедерацијата со инструкции за локалното население.



Можеби некои луѓе сметаат дека Конфедерацијата нема право да интервенира и дека човештвото има право самостојно да ги решава своите проблеми. Ова едноставно не е точно. Многу војни на целата планета и постојаната злоупотреба на основните човекови права докажаа дека човештвото не е способно да се справи со својата ситуација. Значи, многу подобро е да прима мудри чувари да го водат. Конфедерацијата ќе даде помош за замена на сегашните "господари на куклите" (темните сили) што човештвото ги покани одамна во Атлантида. Тогаш Галактичкиот кодекс конечно ќе стане универзален етички кодекс низ Универзумот, а темнината ќе ја снема.


Преземено од:




Благодарност и до Steven Smiley за видео записот за Галактичкиот кодекс:


https://youtu.be/q-wsfoI2mwk



 
 
 

תגובות


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page