top of page
Search

Завршување на циклусот

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Sep 25, 2024
  • 3 min read

Последниот остаток од тибетската негативна мрежа, подземната база во северен Тибет е исчистен и со тоа таа мрежа ја снема засекогаш. Сега останува само главната површинска темна мрежа, која без духовна поддршка на негативните Агартанци целосно би се срушила во седумгодишен физички циклус, дури и ако силите на светлината сега се запнат да ја расчистуваат.

Тоа значи дека стигнуваме до крајот на тунелот и Светлината конечно може да влезе на површината на планетата.

Плајаданците повторно се многу активни во Сончевиот систем и соопштуваат дека речиси целосно ја излечиле својата воена траума. Како резултат на ова, тие многу подобро ја разбираат ситуацијата на површинските светлосни работници и имаат развиено безусловно сочувство кон нив.

Има повеќе индиректни докази кои доаѓаат во главните медиуми за планетата X. Научниците го открија вториот Кајперов појас, почнувајќи од 70 астрономски единици од Сонцето:

Токму тоа е орбиталната положба на планетата X:

Процесот на раздвојување на Луркер продолжува со полна сила и ќе има многу важна астролошка конфигурација на 27-ми септември која ќе го активира процесот на завршување на циклусот од 26.000 години, преку носење на атмосферска духовна енергија на површината на планетата за прв пат од 1996-та година:

Тоа ќе биде точна конјукција меѓу Нептун со средната точка на Уран/Плутон:

ree

Оваа конјукција ќе го активира процесот на големи астролошки конфигурации што ќе доведат во 2025-та година:

Од сега до крајот на октомври, ние сме во процес на длабока духовна трансформација и прочистување:

За тоа време, од духовните рамнини ќе дојде импулс за започнување на новата ренесанса. Поради оваа причина, подготвуваме кратка работилница, а бидејќи има уште неколку места, можете да ни се придружите доколку се чувствувате мотивирани:

ree

Изворите на Змејот соопштија дека сега можеме да се издигнеме над нападите и да го оддалечиме нашиот фокус од помрачните аспекти на реалноста, кои се распаѓаат. Ова рефокусирање е како мускул што можеме да го тренираме и со вежбање станува подобар. За таа цел објавена е следната медитација која може да ни помогне во овој процес:

Периодот од сега до 22-ри ноември е време на конечна триангулација на дуалноста, што ќе донесе многу работи до комплетирање. Овој процес ќе биде енергетски направен преку втората месечина на Земјата:

Во ноември ќе се случат многу исклучително важни енергетски настани.

По геополитичката криза во првата половина на ноември, Плутон ќе го направи својот последен влез во Водолија на 19-ти ноември, што е огромен симболичен чекор во ерата на Водолијата.

Потоа, на 22-ри ноември, влезот на 11:11 ќе го достигне својот конечен крај:

Потоа, на 24-ти ноември, ќе биде завршена многу важна операција на светлосните сили.

Потоа, на 29-ти ноември, ќе биде завршен силен циклус, кој ќе го води патот кон достигнувањата во декември и јануари.

За сето тоа време, темните сили може да се обидат да ги ескалираат работите, но ние треба да останеме поврзани со нашето високо себство и да ја задржиме Светлината:

ree

Во 2025-та година, ќе започне седумгодишен процес на разградување на старата реалност. Овој седумгодишен процес ќе вклучи многу прецизни секстили меѓу Нептун и Плутон:

ree

На крајот од овој процес во 2032-ра година, добро познатиот економист Мартин Армстронг предвидува дека системот каков што го знаеме, повеќе нема да постои:

Исто така, според изворите, околу 2032-ра година, магнетното поле на Земјата ќе падне под 50%, за да дозволи зголемената сончева пре-микронова активност, да ја урне површинската цивилизација заснована на електрична енергија и интернет:

ree

Сето ова НЕ значи дека Настанот ќе се случи дури во 2032-ра година, бидејќи времето на Настанот сè уште треба да остане класифицирано.

Победа на светлината!

Кобра, понеделник, 23-ти септември, 2024

Извор:


 
 
 

Комментарии


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page