top of page
Search

Итна порака до површинското население

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • May 24, 2021
  • 2 min read

Updated: May 25, 2021

Светлосните сили се во средина на главната офанзива за расчистување на подземните бази на Химера.


Од 1996 година, групата Химера зароби многу Плејаданци и припадници на Движењето на отпорот, ги одведе под земја, и како нивна последна линија на одбраната, Химера ги користи овие заложници во мрачни ритуали на жртвување, а потоа ја грабнуваат нивната душа и ги принудуваат да се воплотат во друго клонирано тело кое е заробено како заложник во базите на Химера, повторувајќи го процесот. Ова создава огромно количество страдање и така генерираниот "меур од страдања" потоа се собира и се проектира со скаларна технологија кон популацијата на површината.


Ова е многу тешко време за силите на Отпорот и за Плејаданската флота, и ним им е потребна помош од површинското население.


Тие бараат што е можно повеќе светлосни работници да медитираат за оваа ситуација да се реши што побрзо и што побезболно.


Инструкции:


1. Користете своја сопствена техника за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.


2. Насочете ја вашата намера да помогнете во ослободувањето на сите заложници од подземните бази.


3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор, за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не служи на Светлината.


4. Визуелизирајте столб од розова светлина, како произлегува од Галактичкото Централно Сонце, а потоа минува надолу низ вашето тело, длабоко до центарот на Земјата.


5. Визуелизирајте ја оваа Светлина како тече низ вашето срце, а потоа преку вашите раце директно кон сите заробеници во подземните бази. Визуелизирајте ги Светлосните сили како ги ослободуваат сите заложници од сите преостанати подземни бази и ги отстрануваат сите темни битија од тие локации. Визуелизирајте го овој процес како се одвива низ тунелите под Земјата брзо и непречено. Визуелизирајте го целиот комплекс од тунели под земјата, конечно ослободен од темнина и ропство, ослободен од сите мрачни битија.


6. Побарајте од Божествената енергија (божествената женска енергија) да ги насочи исцелителните енергии кон сите спасени заложници, така што нивните трауми се целосно излечени. Оставете ги овие енергии да протекуваат понатаму и да се прошират на површината на планетата за да можат да ги исцелат сите други ситуации ширум светот. Дозволете овие енергии да продолжат да течат низ вашето срце, а потоа преку вашите раце кон овие ситуации, неколку минути.


Водечка аудио медитација е објавена овде:


https://www.youtube.com/watch?v=zWVUJ8wU0Mc



Божицата сака ослободување и ослободување ќе биде!


Кобра, недела, 23-ти мај, 2021


Извор:



 
 
 

Commentaires


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page