Кратка порака до површинската популација
- Саш Ка
- Sep 23, 2020
- 2 min read
Пред неколку часа имаше некои драстични воени ескалации "зад сцената", и сега се води целосна војна помеѓу Галактичката Конфедерација и Драконската флота во подмесечевиот простор и целосна војна помеѓу "Движењето на отпорот" и "Oтцепениот комплекс на Илуминатите" во подземните бази. Во моментов не може да се каже ништо за операциите на
површината, бидејќи сè уште е класифицирано.
Иако крајниот резултат на оваа војна е јасен пораз на Драконите и "Oтцепениот комплекс на Илуминатите", енергијата на овој конфликт ќе предизвика зголемено
насилство на површината на планетата меѓу членовите на површинското население и како насилство од страна на Кабалата кон човештвото на површината.
Овој конфликт ќе има 2 кулминации, првата е квадратот меѓу Марс и Сатурн на 29-ти септември во 21:49 часот средноевропско време, а вториот е квадратот меѓу Марс и Плутон на 9-ти октомври во 13:09 часот средноевропско време. Светлосните сили ги замолуваат сите што се чувствуваат мотивирани да се приклучат на медитацијата "Цвеќе на животот" во тие два моменти, да го минимизираат насилството и да внесат повеќе мир во ситуацијата:
Светлосните сили исто така ги замолуваат сите што се чувствуваат мотивирани, да се приклучат на дневните медитации "Цвеќе на животот" кога се во можност. Овие медитации се одвиваат секој ден, на секои 4 часа, и тоа во 12 часот, 4 часот наутро, 8 часот наутро, 12 часот, 16 часот и 20 часот попладне според Гринич (14:00, 18:00, 22:00, 02:00, 06:00, 10:00 по македонско време).

Конјункцијата помеѓу Сатурн и Чарикло на 21-ви септември, значеше краен карантински статус на оваа планета, во смисла на планетарен карантин, но и како ковид карантин; и сега темните сили секојдневно губат контрола на површината на оваа планета. Сеуште постои голема можност за Кабалата да се обиде да наметне нови ковид мерки и затворања, за околу една недела, и умерена можност за Кабалата да се обиде да ги наметне во следните три недели. Затоа, Светлосните сили бараат од сите што се чувствуваат мотивирани да учествуваат во дневна медитација во 21:30 часот по средноевропско време, за да се спротивстават на ковид затворањата.
Победа на светлината!
Кобра, среда, 23-ти септември,
Comments