top of page
Search
  • Writer's pictureСаш Ка

Кратко ажурирање на ситуацијата


Светлосните сили ја отстрануваат темната атлантидска мрежа според планот. Тие се вклучени во многу деликатни и ризични операции зад сцената, и во овој момент не може да се каже ништо повеќе за тоа.

Бев изненаден кога постоењето на други универзуми ми беше обелоденето. Светлосните сили ми дадоа информации пред околу 25 години дека сите други универзуми се интегрирани во овој универзум. Во меѓувреме, беше откриено постоењето на нови универзуми и од неодамна станав свесен за тоа.

Светлосните сили соопштија дека треба постепено да ослободуваат информации, само толку колку што може безбедно да се интегрираат без да предизвикаат премногу аномалија што потоа нема да може да се обработи доволно брзо и би предизвикала проблеми.

Присуството на темнина во тие други универзуми е минимално и многу помало отколку што моментално постои на оваа планета. Главното упориште на рептилската планета во најпроблематичниот од другите универзуми беше ослободено неодамна во исклучително тешки битки со многу жртви на двете страни. Целата преостаната темнина во тие универзуми се очекува да биде расчистена наскоро.

Ниту еден од темните ентитети присутни во другите универзуми повеќе не може да патува во овој универзум. Единствени суштества кои патуваат од другите универзуми се светлосните сили кои носат засилување за конечното ослободување.

Сè уште постојат негативни квантни црвји дупки (wormholes) помеѓу овој универзум и другите универзуми, но тие ќе бидат исчистени наскоро.

Во другите универзуми започна да се чувствува огромниот портал за Вознесение што веќе накратко го спомнав во едно од моите минати ажурирања. Попрецизно, тоа е почеток на процесот на нуклеирање на меурчиња како дел од преминот од лажен вакуум во вистински вакуум во мултиверзумот:

Нашата планета останува да биде главното упориште на темнината во мултиверзумот и главниот проблем што треба да се реши. Се надевам дека ќе можам да објавам поконкретни информации за планетарната ситуација за неколку недели откако ќе се решат одредени ситуации.

Во меѓувреме, повеќе од добредојдени сте да се придружите на нашата работилница New Atlantis во Богота, Колумбија:


Таму ќе можам за прв пат да го откријам вистинското значење на Смарагдните плочи и употребата на смарагдите како портали за Агарта.

Победа на светлината!

Кобра, среда, 24-ти април, 2024

Извор:


7 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page