top of page
Search
  • Writer's pictureСаш Ка

Кратко ажурирање на ситуацијата и најава за конференција за вознесение во Феникс


Светлосните сили и Изворот со полна брзина ја расчистуваат примарната аномалија и примарниот Луркер.


При расчистувањето на површината, светлосните сили наидоа на две антички мрежи на Илуминатите, контролирани од црното благородништво и првенствено направени од драко и рептилни ентитети во човечки тела. Овие две мрежи се основа за огромниот дел од примарната аномалија што сè уште се протега низ сончевиот систем до хелиопаузата:



Првата од тие мрежи се наоѓа во Индија и има цврсто воспоставена контрола врз индискиот потконтинент, откако Драконите ги победија Алдебаранците во нуклеарна војна во областа на денешниот Раџастан пред околу 5000 години. Оттогаш, мрежата на индиските Илуминати ја контролира Индија преку темната мрежа на свештенството, и таа сè уште е длабоката сила на контрола на индиската политика, која произлегува од одредени индиски црни благороднички семејства.


Оваа мрежа веќе се расчистува, благодарение на Движењето на отпорот, Агарта и други специјални сили кои излегоа на површината од Патала:



Втората мрежа постои во субсахарска Африка и е уште постара, со потекло од Атлантида. Главното сидро на оваа мрежа е во близина на езерото Киву. Расчистувањето на оваа мрежа ќе започне откако индиската мрежа ќе биде речиси целосно поразена.


Сето ова ќе се случува зад сцената и нема да има очигледен напредок додека Плутон не влезе во Водолија на 21-ви јануари. После тоа, работите повторно ќе станат поинтересни.


Постојат знаци дека финансискиот систем е се поблиску до неговиот колапс:


Кабалата подготвува свои места да се сокријат:



Тие сè уште се обидуваат да го засилат карантинот:



Но, во исто време, мрежите на тунелните системи ширум светот се разоткриваат:


Имавме кратка работилница во Делхи, Индија на 20-ти декември. Забелешките од работилницата можете да ги прочитате овде:



Целта на оваа работилница беше да се зајакне мрежата на светлината во Индија.


Силите на светлината бараат од светлосните работници во Индија да почнат да создаваат чинтамани мрежи “Цвеќе на животот” околу поголемите градови во Индија за да донесат светлина во тие градови, да го подобрат квалитетот на животот на нивните жители и да помогнат во прочистувањето на воздухот, кој на некои локации е толку загаден што е опасно за здравјето. Луѓето кои ја активираа чинтамани мрежата Цвеќе на животот во градовите во Кина забележаа значително подобрување на квалитетот на животот и квалитетот на воздухот во тие градови.


Светлосните работници во Индија, исто така, можат да ја истражат и лекуваат временската линија на семејството Барода, што е клучот за заздравување на ситуацијата во Индија:



Исто така, мрежа од чинтамани камења треба да се постави во античките храмови каде што се практикувала традицијата на Девадаси, во храмовите на Дурга и на локациите каде што се наоѓаат Мугалските палати. Сите тие места потоа ќе се реапсорбираат во планетарната светлосна мрежа.


Откако Плутон ќе влезе во Водолија, ќе има многу интензивен напредок, и поради оваа причина најавуваме конференција за Вознесение во Феникс, Аризона:



Феникс е многу моќен двоен боженствен вортекс и вортекс на вознесение и многу интересни работи се случија во оваа област:


Повеќе од добредојдени сте да ни се придружите на 3-ти и 4-ти февруари.


Победа на светлината!


Кобра, петок, 29-ти декември, 2023


Извор:



13 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page