Кратко ажурирање на ситуацијата и најава за работилница во Тајван
- Саш Ка
- Nov 5, 2024
- 2 min read
Зад сцената се случуваат многу работи кои сè уште не може да се соопштат, но за неколку недели ќе можам да објавам многу повеќе детали, кога ќе се стабилизираат одредени ситуации.
Изворот (Апсолутот) продолжува да го сублимира Луркер, а во текот на 2024-та година Луркер изгуби повеќе од 50% од својата моќ.
Во субквантното поле, Апсолутот создава мрежа од субквантна смарагд зелена светлина која од ден на ден станува се посилна и на крајот ќе ја трансмутира критичната маса на Луркер и на примарната аномалија, овозможувајќи го “Настанот”.
Силите на светлината соопштија дека ја добиле конечната временска рамка во која ќе се случи “Настанот” и нема да има повеќе дополнителни одложувања. Поради безбедносни причини НЕМА да ја соопштат таа временска рамка.
Периодот од сега до затворањето на порталот 11:11 на 22-ри ноември е време за длабока духовна трансмутација:
Во септември, Алдебаранците стапија во контакт со одредени светски лидери, а светските лидери не беа отворени за соработка. Ова беше последен обид за преговори, и оттогаш, позитивните Алдебаранци, Андромеданци и други агенти во нивните хуманоидни физички тела се инфилтрираат во површинското општество.
Целта на првата фаза од оваа инфилтрација е да се воспостави прекин на конфликтот во воените зони и да се намали количината на насилство на површината на планетата со напредни квантни технологии:

Тие ја поддржуваат позитивната војска во Пентагон, за да се избегне ескалација во Украина:
Темните сили сè уште се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата на Блискиот Исток непосредно пред изборите во САД:
Затоа, силите на светлината бараат што е можно повеќе луѓе да се приклучат на нашата медитација за мир на Блискиот Исток на секои 4 часа:
Можете исто така да ги “чистите” Соединетите Држави со виолетовиот пламен во следните неколку дена, за да го отстраните негативниот емоционален набој од изборниот процес во САД, доколку се чувствувате мотивирани.
Змејскиот ветер почнува да дува:
Новата ренесанса ќе започне:

И за да ги започнете подготовките за монументалната 2025-та година, повеќе од добредојдени сте да ни се придружите на 7-ми декември на работилницата за “порталот 2025” во Тајван:
Победа на светлината!
Кобра,
Недела, 3-ти ноември, 2024
Извор:
Comments