Краток извештај за населението на површината
- Саш Ка
- Aug 23, 2020
- 1 min read
Следните две недели вклучуваат неколку одлучувачки моменти кои во голема мера ќе утврдат како ќе се одвива битката помеѓу позитивните и негативните временски рамки.
И покрај тоа што позитивниот краен резултат е обезбеден, патот до таму не е, а светлосните сили бараат од сите да ја прават медитацијата "Цвеќе на животот" онолку често колку што се чувствуваат мотивирани, особено во следните две недели:
Тие, исто така, бараат од луѓето да ја визуелизираат мрежата "Цвеќе на животот" која ја опфаќа планетата и помага да се хармонизира ситуацијата.
Визуелизирајте ја планетата Земја, а особено планетарната површина целосно потопена во розова светлина.
Ќе има два клучни моменти кога се советува помасовно учество во медитацијата "Цвеќе на животот".
Првиот е моментот на квадратот помеѓу Марс и Сатурн кој се случува во понеделник, 24 август во 18:19 часот според зоната GMT. Медитацијата "Цвеќе на животот" во тој момент ќе помогне да се распадне насилната енергија во планетарното енергетско поле, што ќе го достигне својот врв во тој момент.
Вториот е моментот на хелиоцентричен квадрат помеѓу Ерис и Плутон, што се случува во понеделник, 31 август напладне според Гринич. Медитацијата "Цвеќе на животот" во тој момент ќе помогне во поддршката на флотите на силите на светлината, кои ќе бидат вклучени во критични операции во Сончевиот систем и во подмесечевиот простор во тоа време.
Победа на светлината!
Кобра, петок, 21-ви август, 2020
Comments