Матрица и светлосна плазма
- Саш Ка
- Sep 19, 2024
- 3 min read
Процесот на раздвојување при отстранувањето на Луркер од човештвото се одвива со полна пареа.
Во ненадеен напад на 7-ми септември, силите на светлината целосно ја отстранија негативната мрежа Агарта и темната тибетска мрежа, при што остана уште јадрото на главната подземна база во северен Тибет. Таа база ќе биде отстранета за еден месец или помалку.
Веднаш по тој напад, Језуитите целосно полудеа бидејќи сфатија дека ја немаат негативната духовна поддршка што ја имаа до сега со векови. Оттогаш тие создадоа синџир на негативни настани ширум светот, што ќе доведе до нивен пад наспроти сите нивни очекувања.
Језуитите сакаат да го задржат човештвото во материјалистичка физичка вечна временска јамка без никаков пристап до повисоки димензии бидејќи тоа обезбедува максимална ентропија на Матрицата. Поради процесот на раздвојување на Луркер, нивниот материјалистички проект ќе пропадне:

Она што остана е главната темна мрежа на површината на планетата која се состои од глобално меѓусебно поврзани слоеви на негативната војска, негативната полиција, црното благородништво, Илуминати, длабоката држава и негативниот финансиски комплекс. Луркер субквантно се заплеткува со сите тие фракции и ги насочува со подбуцнувања и импулси.
Негативната воена фракција е највознемирувачката од нив, бидејќи се обидува да манифестира Трета светска војна:
Имаше доволно свест кај населението на површината за да се спречат сите обиди за ескалација за време на временскиот период од 1-ви до 9-ти септември, но веднаш потоа нивните напори ескалираа:
Светлосните сили се способни да спречат 99% од тие ескалации, но за преостанатиот 1% им е потребна поддршка од површинските светлосни работници. Поради оваа причина тие го замолуваат секој кој се чувствува мотивиран да учествува во следната медитација за мир:
а исто така и во оваа неделна медитација:
Врвните ешалони на негативните воени фракции имаат пристап до напредна оф-земска технологија. Транзитот на Плутон во Водолија, почнувајќи од 19-ти ноември, ќе ги принуди тие технологии да излезат на виделина.
Некои од главните генерали во негативната војска некогаш беа команданти во командата на Аштар. За време на воените мисии во галактичките војни тие беа заробени од темните сили, имплантирани, испрани во мозокот и ставени во циклус на реинкарнација на Земјата. Многу од нив потекнуваат од Сириус. Ѕвездениот систем Сириус го започнува своето активирање кое ќе го достигне својот врв во 2025-та година, и веќе испраќа силни енергии до тие генерали, надевајќи се дека некои од нив може да преминат на страната на светлината, што е и возможно да го сторат.
Јадрото на негативната војска беше инфилтрирано во 1996-та година од мала група темни суштества од друг универзум, кои донесоа со себе одреден мал број црни камења. Овие црни камења сега се наоѓаат во одредени воени бази ширум светот:
Тие се слични на големиот црн камен кој беше расчистен во 2017-та година, но се многу помалку моќни:
Силите на светлината ќе ги анулираат со технологијата Мјолнир, но тоа ќе потрае некое време.
Платеничките групи се пресекот помеѓу негативната војска и негативниот финансиски комплекс:
Блек Рок (шифрирано име за Црниот камен) е во сржта на негативниот финансиски комплекс и ја контролира длабоката држава преку мито:

Црните благороднички семејства (особено Орсини) во соработка со негативната војска, управуваат со мрачните био-лаборатории, посакувајќи уште една пландемија.
Крајната игра на црните благороднички семејства е да се урне западната цивилизација, бидејќи тие се гледаат себеси на врвот на синџирот на исхрана на неофеудализмот:
Позитивните воени сили се борат против ова:
И објавуваат мем за апсење на лошите момци и во мејнстрим медиумите:
Овде морам да додадам дека одредени договори за деескалација помеѓу Светлината и темните сили пропаднаа, а одредени членови на темната страна можеби повеќе не се безбедни.
Откако процесот на раздвојување на човештвото од Луркер ќе достигне одредена висока фаза, силите на Изворот и Светлината ќе почнат да ги раздвојуваат темните мрежи од Луркер, а исто така ќе го раздвојуваат полето на мешање помеѓу човештвото и мрачните сили од Луркер.
Огромни промени се случуваат во Галаксијата, подготвувајќи се за преминот. Галактичките ангели почнаа повторно да го населуваат меѓуѕвездениот простор за прв пат од 1996-та година. Тие се повлекоа во мирна состојба во спори на повисоко ментално ниво во 1996-та година и сега повторно се појавуваат, растат и ги прошируваат крилјата на нивните ментални, астрални и етерични тела низ целата Галаксија и оживуваат светлосна, меѓуѕвездена плазма, која се протега од локалниот меѓуѕвезден облак преку ѕвездениот систем Сириус кон хелиопаузата. Тие ќе донесат многу светлина во овој Сончев систем во наредните месеци и години.
Нашето Сонце исто така станува многу поактивно и сега е многу очигледно дека нашиот сегашен Сончев максимум ќе биде многу силен:

Мејнстрим физиката конечно почнува да ги разбира т. н црвји дупки (wormholes):
Тие, исто така, конечно почнуваат да ги разбираат такионите:
Победа на светлината!
Кобра, недела, 15-ти септември, 2024
Извор:
Comments