Медитација за време на сончевото затемнување, 21 јуни, 8:40
- Саш Ка
- Jun 17, 2020
- 2 min read
Драги пријатели,
Ова е повик до сите вас да се приклучите во активацијата за време на сончевото затемнување во недела, 21 јуни во 8:40 наутро (6:40 гринич). Оваа медитација ќе биде еден вид подготовка и засилување за следната медитација “Ера на Водолијата”, втор дел, на 30-ти јуни.
Потсетување дека со медитацијата од 5 април во која зедоа учество повеќе од милион луѓе, направивме подготвителна медитација на 28 март, а фокусот го поставивме на тоа, колку што е можно повеќе луѓе да се приклучат. Резултатите беа повеќе од очекуваното.
За таа цел, ве охрабрувам и мотивирам да се обединиме во недела и со заедничка интенција да придонесеме за што поголем број на учесници во следната активација “Ера на Водолијата”. На 21 јуни, Земјата ќе биде усогласена со Галактичкиот центар, така што ќе имаме наплив од енергии, директно од Галактичкиот центар.
Повеќе детали за важноста на претстојните медитации ни даде Кобра во неговото последно интервју со Дебра од Сестринството на розата – Америка.
Интевјуто може да го слушнете овде:
или да го прочитате преписот овде:
Инструкции за подготвителната засилувачка медитација:
1. Користете сопствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство за да достигнеме критична маса од 144,000 луѓе кои медитираат за вториот дел од нашата активација “Ера на Водолијата”.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор, за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не и служи на светлината.
4. Визуелизирајте сноп од блескава бела светлина, која произлегува од Космичкото Централно Сонце, а потоа се спроведува до Централните Сонца на сите галаксии во овој Универзум. Потоа, визуелизирајте ја оваа светлина, како минува низ Галактичкото Централно Сонце, потоа, минувајќи низ нашата Галаксија, потоа влегувајќи во нашиот Сончев систем и минувајќи низ сите битија на светлината во нашиот Сончев систем, а потоа преку сите битија на планетата Земја и исто така преку вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте ја оваа светлина како ги активира душевните ѕвездени чакри на милиони луѓе, презентирајќи им ја можноста да се приклучат во активирањето на “Ерата на Водолијата”. Визуелизирајте ги оние кои се чувствуваат мотивирани дека учествуваат, дека нивниот број ја надминува критичната маса, а самото активирање има масовно позитивно исцеление на сите свесни битија на Земјата и стабилизирање на позитивната временска рамка на “Ерата на Водолијата”.
Comments