Медитација за корекција на временската рамка
- Саш Ка
- Oct 30, 2020
- 2 min read
Updated: Nov 11, 2020
Вториот бран затворања сега се спроведува во многу земји. Ова оди предалеку и ќе треба да ја корегираме планетарната временска рамка, во оптимален временски план за Вознесение.
За таа цел, ќе направиме масовна медитација за корекција на временската рамка, во моментот на тројната конјукција меѓу Јупитер-Плутон-Палас на 11-ти ноември, во 11:11 часот средно-европско време (македонско време, што е еднакво на 10:11 часот според Гринич) и може да ни се придружите доколку се чувствувате мотивирани.

Точното време на медитацијата за различни временски зони го имате овде:
Во моментот на оваа медитација, астролошкиот подзнак на Париз ќе се спои со Галактичкиот центар, а божествениот вортекс на Париз ќе се активира во неговата следна етапа.
Ако сте во Франција, можете да се придружите на групата "сестринство на розата" во Париз, овде:
Или Версајската група "сестринство на розата", овде:
Инструкции (препорачаното време за нашата медитација е 20 минути):
1. Користете своја сопствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство за активирање на промената во оптимална временска рамка за започнување на "ерата на водолија".
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен Извор, за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не и служи на светлината.
4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина која произлегува од Космичкото Централно Сонце, а потоа се спроведува до Централните Сонца на сите Галаксии во овој Универзум. Потоа, визуелизирајте ја оваа светлина како минува низ Галактичкото Централно Сонце, потоа минувајќи низ нашата Галаксија, потоа влегувајќи во нашиот Сончев систем и минувајќи низ сите битија на светлината во нашиот Сончев систем, а потоа низ сите битија на планетата Земја и исто така низ вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте ја оваа светлина, како ја променува планетарната еволуција, назад во оптималната временска рамка. Визуелизирајте ја светлината, како ја отстранува целата преостаната темнина на Земјата, лекувајќи ги сите нееднаквости, бришејќи ја целата сиромаштија и носејќи изобилство за целото човештво. Визуелизирајте нежна, розова божествена светлина, која ги прегрнува сите битија на планетата Земја и ги исцелува нивните емотивни тела. Визуелизирајте нов голем космички циклус на почетокот на ерата на водолијата, донесувајќи чиста светлина, љбов и среќа на сите битија на Земјата. Визуелизирајте го вашиот совршен живот во новата ера на водолијата.
Победа на Светлината!
Водечка аудио медитација на македонски јазик:
https://youtu.be/yss2EqRZg1k
Промотивни видео записи на македонски јазик за медитацијата:
https://youtu.be/btILquwrAjs
https://youtu.be/NjwrU-Z5m9M
Линк од медитацијата во живо:
https://youtu.be/cPRDPuKnocc
Повеќе информации на:
Comments