Медитација за мир меѓу Русија и НАТО
- Саш Ка
- Sep 23, 2022
- 2 min read
Ситуацијата меѓу Русија и НАТО ескалира.
Русија прогласи делумна мобилизација:
Референдумот во источните делови на Украина за приклучување на тие региони кон Русија ќе се одржи помеѓу 23-ти и 27-ми септември:
Ова претставува можност за воена ескалација во Украина, а исто така и во регионите околу таа земја.
За да се помогне во смирувањето на тензијата, светлосните сили бараат што е можно повеќе луѓе да се приклучат на нашата медитација за мир меѓу Русија и НАТО, која ќе се одржи на 28-ми септември во 17:17 часот по средноевропско време.
Времето за медитацијата во сите главни временски зони на планетата е овде:

Инструкции:
1. Користете вашата сопствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера да донесете мир и исцеление на ситуацијата меѓу Русија и НАТО.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Замолете го да преобрази сè што не ѝ служи на Светлината.
4. Визуелизирајте столб од розова светлина, која произлегува од централното галактичко Сонце и потоа се спушта низ вашето тело и длабоко во центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте ја оваа Светлина како тече низ вашето срце, а потоа низ вашите раце директно до сите вклучени во ситуацијата меѓу Русија и НАТО, хармонизирајќи ги сите и донесувајќи мир. Дозволете розовата светлина да протекува понатаму, исцелувајќи ги сите други конфликти ширум светот.
6. Побарајте од божественото присуство (божествената женска енергија) да ја заштити нуклеарната централа Запорожје од какво било оштетување, за да спречите какви било последици. Визуелизирајте го овој нуклеарен објект безбеден и заштитен.
7. Побарајте од божественото присуство (божествената женска енергија) да ги насочи енергиите на мир и хармонија кон сите нерешени ситуации меѓу Русија и НАТО, и сите вклучени во овие ситуации. Дозволете овие енергии потоа да течат понатаму и да ги излечат сите други конфликти ширум светот. Дозволете овие енергии да продолжат да течат низ вашето срце, а потоа низ вашите раце неколку минути.
Инструкциите се исто така објавени овде:
Водечки аудио медитации на многу јазици се објавени овде:
Божицата сака мир и мир ќе биде!
Кобра, четврток, 22-ри септември, 2022
Извор:
Comments