Медитација против вториот бран на затворања
- Саш Ка
- Oct 30, 2020
- 2 min read
Извор:

Еден од плановите на Кабалата е да се искористи исценираниот втор бран на затворања, за да се имплементира сеопфатен систем на социјален кредит. Ова ќе и даде на Кабалата алатка за масовно следење и контрола на поединци, корпорации и социополитички субјекти.
За да се спротивставиме на ова, ќе организираме масовна медитација против вториот бран на затворања, секој ден во 21:30 според Гринич.
Може да ја правите оваа медитација и неколку пати во денот, доколку се чувствувате мотивирани.
Ова е Јутјуб линк со листа за водечки медитации:
Инструкции: (предложеното времетраење на медитацијата е 20 минути)
1. Користете ваша сопствена техника за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера, да ја искористите оваа медитација, како средство за запирање на планираните затворања на вториот бран.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не служи на Светлината.
4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина, која произлегува од Космичкото Централно Сонце, а потоа се спроведува до Централните Сонца на сите галаксии во овој Универзум. Потоа визуелизирајте ја оваа светлина како влегува низ Галактичкото Централно Сонце, минувајќи низ нашата Галаксија, потоа влегувајќи во нашиот Сончев систем и минувајќи сите суштества на светлината во нашиот Сончев систем, а потоа низ сите суштества на планетата Земја, и исто така, преку вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте го откажувањето на вториот бран на затворања, каде посредниците на Кабалата, градоначалниците, здравствените власти и другите власти се инспирирани да се спротивстават на упатствата за затворање. Визуелизирајте го текот на настаните на планетата Земја, префрлувајќи се во најпозитивната временска рамка, оддалечувајќи се од сите епидемии и затворања.
6. Визуелизирајте го започнувањето на нов голем космички циклус на ерата на водолијата, донесувајќи чиста светлина, љубов и среќа на сите битија на Земјата.
Божицата сака мир и мир ќе биде!
Comments