Медитација против испланираниот втор бран на изолација, на 22-ри септември, во 00:08 часот
- Саш Ка
- Sep 18, 2020
- 2 min read
Во објавата „Планетарна иницијација“, Кобра спомена дека постојат три клучни астролошки конфигурации што ќе го одредат текот на настаните помеѓу август и почетокот на ноември.
Една од нив е конјункцијата на Сатурн и Чарикло. Оваа конфигурација активно ја потиснува боженствената енергија, носи оскудност и изолација.

Језуитите и семејствата на црното благородништво ја користат оваа енергија за да промовираат затворања и изолација, во подготовките за нивните планови за новиот светски поредок:
Исто така, членовите на Кабалата го користат ова за да создадат што е можно повеќе затворања низ целиот свет со вештачко испумпување на бројот на случаи на коронавирус, со злоупотреба на PCR тестирањето:
Нивниот план е да се користат исценираните заклучувања на вториот бран за да се имплементира сеопфатен систем на социјален кредит. Ова ќе и даде на Кабалата алатка за масовно следење и контрола на поединци, корпорации и социополитички субјекти.
За да се спротивставиме на ова, ќе организираме масовна медитација во точното време на конјункцијата на Сатурн и Чарикло во понеделник, 21 септември во 22:08 часот UTC, 22-ри септември во 00:08 часот по македонско време.

Оваа табела го покажува времето за медитација за следниве временски зони:

Ова е Фејсбук настанот за оваа медитација:
Ова е Јутјуб линк со листа за водечки медитации:
Инструкции: (предложеното времетраење на медитацијата е 20 минути)
1. Користете ваша сопствена техника за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера, да ја искористите оваа медитација, како средство за запирање на планираните затворања на вториот бран.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не служи на Светлината.
4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина, која произлегува од Космичкото Централно Сонце, а потоа се спроведува до Централните Сонца на сите Галаксии во овој Универзум. Потоа визуелизирајте ја оваа светлина како влегува низ Галактичкото Централно Сонце, минувајќи низ нашата Галаксија, потоа влегувајќи во нашиот Сончев систем и минувајќи сите суштества на светлината во нашиот Сончев систем, а потоа низ сите суштества на планетата Земја, и исто така, преку вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте го откажувањето на вториот бран на затворања, каде посредниците на Кабалата, градоначалниците, здравствените власти и другите власти се инспирирани да се спротивстават на упатствата за затворање. Визуелизирајте го текот на настаните на планетата Земја, префрлувајќи се во најпозитивната временска рамка, оддалечувајќи се од сите епидемии и затворања.
6. Визуелизирајте го започнувањето на новиот голем космички циклус на ерата на водолијата, донесувајќи чиста светлина, љубов и среќа на сите битија на Земјата.
Божицата сака мир и мир ќе биде!
Comments