Медитација "Цвеќе на животот"
- Саш Ка
- Sep 26, 2020
- 2 min read

Како што сугерираше Кобра, драстични воени ескалации се одвиваат зад сцената, и сега се води целосна војна помеѓу Галактичката Конфедерација и Драконската флота во подмесечевиот простор и целосна војна помеѓу "Движењето на отпорот" и "Отцепениот комплекс на Илуминатите" во подземните бази. Во моментов не може да се каже ништо за операциите на површината, бидејќи сè уште е класифицирано.
Овој конфликт ќе има 2 кулминации, и Светлосните сили ги замолуваат сите што се чувствуваат мотивирани да се приклучат на медитацијата "Цвеќе на животот" во тие два моменти, да го минимизираат насилството и да внесат повеќе мир во ситуацијата.
Првата е квадратот меѓу Марс и Сатурн на 29-ти септември во 21:49 часот средноевропско време (23:49 по македонско време)
Вториот момент е квадратот меѓу Марс и Плутон на 9-ти октомври во 13:09 часот средноевропско време (15:09 по македонско време):
Светлосните сили исто така ги замолуваат сите што се чувствуваат мотивирани, да се приклучат на дневните медитации "Цвеќе на животот" кога се во можност.
Овие медитации се одвиваат секој ден, на секои 4 часа, и тоа во:
02:00, 06:00, 10:00, 14:00, 18:00, 22:00 по македонско време.
Инструкции:
1. Користете сопствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера, да ја искористите оваа медитација како средство за стабилизирање на транзицијата на Земјата и манифестирање на најпозитивната временска рамка за сите живи битија.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен Извор за да постави круг на заштита околу вас, за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази се што не и служи на Светлината.
4. Визуелизирајте розова сфера на "цвеќето на животот" околу Земјата, проширувајќи се под површината и, исто така, проширувајќи се сè до Месечевата орбита. Визуелизирајте ја сферата на цвеќето на животот, помагајќи му на процесот на ослободување на планетата, расчистувајќи ја целата темнина од површината на планетата. Потоа, визуелизирајте ја сферата цвеќе на животот и виолетовиот пламен, прочистувајќи ги енергетските точки и вортексите во рамките на планетарната светлосна мрежа.
5. Визуелизирајте ја сферата на цвеќето на животот, создавајќи хармонија, заштита и мир за човештвото и сите други живи битија, а особено оние што ја одржуваат Светлината на планетата.
6. Сега, визуелизирајте ја розовата сфера цвеќе на животот, како ја опфаќа Земјата и ги зголемува вибрациите на целата планета. Визуелизирајте ја сферата цвеќе на животот, манифестирајќи хармонија и најпозитивна временска рамка за Вознесение на сите живи битија.
Божицата сака мир и мир ќе биде.
Доколку се чуствувате мотивирани, може да ја кажете следнава мантра во себе или на глас на крајот од медитацијата:
"Во име на моето чесно и моќно "ЈАС - СУМ", јас барам и наредувам процесот на планетарно ослободување да продолжи на позитивен, хармоничен и мирен начин за планетата, сите живи битија и особено за оние кои ја држат Светлината на планетата. Нека биде и нека Е!
Повеќе информации на:
Референци
Comments