top of page
Search

Медитација Цвеќе на животот на секои 4 часа

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Aug 24, 2020
  • 2 min read

Организираме масовна медитација “Цвеќе на животот” на секои 4 часа, покрај тековната медитација во 12 часот (напладне). Исто така, ги охрабруваме сите да ја прават што е можно почесто во секое време во текот на денот, се до “настанот”.

Ова е времето за масовната медитација “цвеќе на животот” во временската зона според Гринич:

00:00, 04:00, 08:00, 12:00, 16:00 и 20:00 (02:00, 06:00, 10:00, 14:00, 18:00, 22:00 по македонско време)

Следните две недели вклучуваат неколку одлучувачки моменти кои во голема мера ќе утврдат како ќе се одвива битката помеѓу позитивните и негативните временски рамки.

И покрај тоа што позитивниот краен резултат е обезбеден, патот до таму не е, а светлосните сили бараат од сите да ја прават медитацијата "Цвеќе на животот" онолку често колку што се чувствуваат мотивирани, особено во следните две недели.

Ќе има два клучни моменти кога се советува помасовно учество во медитацијата "Цвеќе на животот".


Првиот е моментот на квадратот помеѓу Марс и Сатурн кој се случува во понеделник, 24 август во 18:19 часот според зоната GMT, 20:19 македонско време .Медитацијата "Цвеќе на животот" во тој момент ќе помогне да се распадне насилната енергија во планетарното енергетско поле, што ќе го достигне својот врв во тој момент.


Вториот е моментот на хелиоцентричен квадрат помеѓу Ерис и Плутон, што се случува во понеделник, 31 август напладне според Гринич, 14 00 по македонско време. Медитацијата "Цвеќе на животот" во тој момент ќе помогне во поддршката на флотите на силите на светлината, кои ќе бидат вклучени во критични операции во Сончевиот систем и во подмесечевиот простор во тоа време.





Инструкции:

1. Користете споствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.

2. Визуелизирајте ја вашата ѕвездена чакра како сјае со блескава бела светлина. Визуелизирајте ја светлината во форма на вортекс, како спирала, која се спушта надолу низ вашето енергетско поле.

3. Насочете ја вашата намера, да ја искористите оваа медитација како средство за стабилизирање на транзицијата на Земјата и манифестирање на најпозитивната временска рамка за сите живи битија.

4. Визуелизирајте златна сфера на “цвеќе на животот” околу Земјата, проширувајќи се под површината и, исто така проширувајќи се сè до Месечевата орбита. Визуелизирајте ја сферата на цвеќето на животот, помагајќи му на процесот на ослободување на планетата, расчистувајќи ја целата темнина од површината на планетата. Потоа, визуелизирајте ја сферата цвеќе на животот, прочистувајќи ги енергетските точки и вортексите во рамките на планетарната светлосна мрежа.

5. Визуелизирајте ја сферата на цвеќето на животот, создавајќи хармонија, заштита и мир за човештвото и сите други живи битија, а особено оние што ја одржуваат Светлината на планетата.

6. Сега, визуелизирајте ја златната сфера цвеќе на животот, како ја опфаќа Земјата и ги зголемува вибрациите на целата планета. Визуелизирајте ја сферата цвеќе на животот, манифестирајќи хармонија и најпозитивна временска рамка за Вознесение на сите живи битија.

Божицата сака мир и мир ќе биде.

Доколку се чувствувате мотивирани, може да ја кажете следнава мантра во себе или на глас на крајот од медитацијата:

“Во име на моето чесно и моќно присуство “ЈАС СУМ”, јас барам и наредувам процесот на планетарно ослободување да продолжи на позитивен, хармоничен и мирен начин за планетата, сите живи битија и особено за оние кои ја држат Светлината на планетата. Нека биде и нека Е!

Повеќе информации на:

https://www.welovemassmeditation.com/2019/09/flower-of-life-

meditation-every-4-hours.html

 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page