Новиот финансиски систем
- Саш Ка
- Aug 22, 2020
- 3 min read
Updated: Nov 14, 2020
Кобра, 28-ми април, 2012
Поголемиот дел од овие информации потекнуваат од извори, длабоко во окултната економија и се однесува на реструктуирањето на финансискиот систем ширум светот.
Ресетирање
Тоа ќе се случи за време на настанот и е дел од операцијата.
Ден 1
Кога критичната маса на притисок ќе се изврши врз Федералните резерви, тие ќе бидат принудени да го вратат долгот што им го должат на луѓето заради нивните погрешни активности. Бидејќи ФЕД нема пари да го врати тој долг, ќе банкротира. Ова ќе предизвика верижна реакција на БИС, ММФ, Светска банка и сите централни банки низ целиот свет, кои ќе банкротираат.
Екстремната нестабилност на пазарите ќе резултира со пад на светската берза. Берзата ќе се затвори, вклучително и Њујоршката берза. Сите финансиски инструменти, како што се опциите и размените за кредитни стандарди, ќе бидат избришани.
Сите сметки во сенка ќе бидат затворени и анулирани. Сите јавни банкарски сметки ќе и бидат одземени на Кабалата. Сето запленување ќе биде “замрзнато” како и сите јавни и приватни долгови (хипотеки, заеми, долг на кредитна картичка).
2-7 ден
Банките ќе бидат затворени и ќе има многу неизвесност и конфузија. Некои бизниси ќе бидат привремено затворени. Некои од оние што ќе останат отворени може да прифаќаат пари, други ќе прифаќаат само златни или сребрени монети. Кредитните картички нема да бидат прифатени бидејќи системот ќе падне. Може да има умерени проблеми со синџирот за дистрибуција, паметно е да се зачуваат малку храна и бензин.
Ревалоризација (РВ)
По околу 1 недела после настанот
Во синџирот на дистрибуција сè уште може да има ситни проблеми .
Ќе се воведе нов финансиски систем. Тој ќе биде поткрепен со Јамашита злато. Тоа злато ќе се чува на локации кои за сега нема да бидат откриени. Со Јамашита златото нема да се тргува на отворен пазар. Кошницата на валути како што се американскиот долар, еврото, британската фунта, швајцарскиот франк, јапонските јени и кинеските јуани ќе ја формираат основата на овој нов систем.
Оние банки кои немаа силни врски со Федералните резерви и не банкротираа, повторно ќе се отворат. Ним нема да им биде дозволено да наплатат камата. Целото нивно сметководство ќе биде целосно транспарентно за јавноста. Берзата нема повторно да се отвори.
Ќе се изврши ревалоризација. Тоа значи дека девизниот курс помеѓу различните валути ќе се промени, но не драстично. Тие ќе ја одразуваат попрецизно реалната продуктивност на нациите.
*Дрејк спомена и драстично намалување на цените - заб.прев.
Ирачкиот динар нема да добие голема вредност, наспроти шпекулациите на многу луѓе. Банкнотите на Федералните резерви, евро банкнотите и другите банкноти, ќе бидат широко прифатени, сè додека не бидат постепено исфрлени по неколку месеци и не се отпечатат нови пари.
Сите фер деловни спогодби, договори и одговорности ширум светот ќе бидат важечки и ќе бидат почитувани. Оние деловни договори кои вклучуваат криминални или измамнички интеракции со Кабалата, ќе бидат откажани, неважечки и анулинари.
За неколку недели
Мултинационалните компании ќе бидат обврзани да ги откупат своите акции и тоа ефикасно ќе ги присили да банкротираат. Тие ќе бидат поделени и “здравите” оддели од тие компании ќе бидат национализирани во нивните земји.
Постоењето на фондови за глобална исплата ќе и бидат претставени на јавноста. Овие фондови вклучуваат околу 70 трилиони американски долари од патриоти поврзани со позитивната војска, 100 трилиони долари од општеството на “Белиот змеј” (White Dragon Society) и Темпларите, 120 трилиони долари од Движењето на Отпорот и 10 трилиони долари од фондот Сент Жермен (Sent Germain Trust). Фондовите за глобална исплата ќе ги вклучат сите пари и средства од Кабалата.
Фондовите за глобална исплата ќе се користат за многу намени. Прво, целиот национален, јавен и приватен долг ќе биде исплатен низ целиот свет. После тоа, сите луѓе ќе добијат враќање за сите кражби и криминални активности против нив од страна на поранешната Кабала. Потоа, фондовите за просперитет ќе бидат ослободени и ќе се финансираат хуманитарни, еколошки и нови напредни технолошки проекти. Дел од парите од „Сент Жермен Траст“ ќе одат директно за светлосните работници, а остатокот ќе финансира проекти поврзани со започнувањето на првиот контакт.
Извор:
Comments