Ново интервју со Кобра и засилувачка медитација “Портал на светлината”
- Саш Ка
- Apr 16, 2023
- 2 min read
Ново интервју со Кобра за “Порталот на светлината” штотуку беше објавено.
Скриптата на англиски јазик можете да ја прочитате овде:
или да ја слушнете видео верзијата овде:
Веќе е преведена на многу јазици.
Германски:
Француски:
Шпански:
Португалски:
Романски:
Словенечки:
Полски:
И јапонски:

Нашата засилувачка медитација “Портал на светлината “ќе послужи како средство кое ќе ни помогне да ја достигнеме критичната маса на 1-ви мај, а ќе се одвива во моментот на целосното/хибридно затемнување на Сонцето на 19-ти/20-ти април:
Точното време на медитацијата ќе биде во 16:17 часот по средноевропско време на 20-ти април, а времето за вашата временска зона е објавено овде:
Инструкции:
1. Користете ваша сопствена техника за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство за да достигнеме критична маса од 144.000 луѓе или повеќе кои медитираат за нашата активација “Портал на светлината”.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор за да поставите круг на заштита околу вас за време и по медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не ѝ служи на светлината.
4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина која произлегува од космичкото централно Сонце, потоа се дистрибуира до централните сонца на сите галаксии во овој универзум, влегувајќи низ галактичкото централно Сонце на нашата галаксија, потоа минувајќи низ нашата галаксија, потоа влегувајќи во нашиот сончев систем и поминувајќи низ сите светлосни битија во нашиот сончев систем, а потоа низ сите битија на планетата Земја и исто така преку вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте ја оваа светлина како ги активира ѕвездените чакри на милиони луѓе, претставувајќи им ја можноста да се приклучат во активирањето на “Порталот на светлината”. Визуелизирајте ги оние кои се чувствуваат мотивирани како учествуваат, нивниот број далеку ја надминува критичната маса, а самата активација има огромен позитивен исцелувачки ефект за сите свесни битија на Земјата и ја стабилизира позитивната временска рамка. Визуелизирајте сите вклучени во медитацијата да бидат заштитени и инспирирани.
Кобра, сабота, 15-ти април, 2023
Извор:
Comments