top of page
Search

Новости за планетарната состојба

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Apr 1, 2021
  • 5 min read

Расчистувањето на групата Химера продолжува. Светлосните сили успеаја да ги исчистат практично сите вселенски флоти на Химера и повеќето подземни бази на Химера.


Преостанатите подземни бази на Химера ,многу потешко се расчистуваат, бидејќи тие се поврзани со инфраструктурата на Кабалата на површината. Главната подземна база на Химера под езерото Киву во Конго, со кралот и кралицата пајак, сè уште не е исчистена.


Светлосните сили исто така брзо ја расчистуваат квантната примарна аномалија околу Земјата. Квантната примарна аномалија е квантно поле што ги спречува Вознесените битија да се манифестираат во физичка рамнина и со тоа ги спречува директно да му помагаат на човештвото. Количината на оваа квантна примарна аномалија околу Земјата беше огромна, многу поголема отколку што се очекуваше и ја опфаќаше квантната временска линија за сите негативни настани што може да се случат. Поголемиот дел од оваа општа аномалија е исчистен во последните два месеци и повеќето негативни потенцијални настани се откажани.


Многу мала количина од таа аномалија се протега надвор од месечевата орбита низ целиот сончев систем, па дури и низ целиот универзум, бидејќи сè додека не се ослободи последната планета на темнината, ништо во универзумот не може да биде целосно ослободено. Дури и една канцерогена клетка во инаку здрав организам е премногу и треба да заздрави.


Поради огромната количина на аномалија што требаше да се исчисти, медитацијата "Ера на Водолијата" минатиот декември не ни донесе поголеми физички промени во месеците по медитацијата, и многу луѓе беа разочарани, вклучително и мене. Сепак, треба да разбереме дека расчистуваме милиони и милиони години космичка темнина и не можеме да очекуваме резултати преку ноќ.


Затоа, јас исто така би ценел доколку луѓето што објавуваат коментари, го прават тоа на добронамерен и смисловен начин, бидејќи негативните и бесмислените коментари нема да бидат одобрени, има повеќе од доволно аномалија и негативност веќе насекаде. Исто така, би било корисно ако луѓето ги препрочитаат старите написи од овој блог, затоа што тогаш ќе можат да ги стават новостите за состојбата во поширок контекст.


За недела или две, Светлосните сили ќе започнат да ја чистат квантната примарна аномалија директно поврзана со човечките импланти. Невозможно е да се предвиди што ќе се случи кога ќе почнат да го расчистуваат тоа, бидејќи и количината на таа аномалија е огромна. Единственото нешто што можам да кажам е дека силите на Светлината ќе почнат да ги чистат сите записи на акаша, зачувани во слоеви околу планетарната површина, со цел ефикасно да ги исчистат енергетските отпечатоци на сите негативни настани од минатото на човештвото.


На етерично и астрално ниво близу до планетарната површина, Светлосните сили ги расчистуваат и негативните лица кои сè уште го угнетуваат човештвото. Сè уште има присутни трилиони и трилиони од тие ентитети, и тие треба да се отстранат заедно со нивните негативни етерични скаларни технологии пред да се случи некој значаен чекор напред.




На планетарната површина, мрачните сили сè уште ја контролираат енергетската мрежа преку војни и преку колеж на животни:




За да помогнеме во враќањето на енергетската мрежа во рацете на силите на Светлината, сè уште е потребна редовна медитација "Цвеќе на животот" на секои 4 часа:






На физичко ниво на површината на планетата, групата Химера сè уште е присутна во рамките на DARPA, од каде што тие влијаат значително на површинската Кабала, преку семејствата Орсини, Торлонија, Теодоли и други семејства на црното благородништво. Преку врвни Језуити тие го контролираат остатокот од Кабалата:




Преку DARPA, тие планираат да развијат нова генерација на биочипови кои ќе бидат ставени во вакцините, бидејќи сакаат да ги ажурираат старите биочипови на Сименс, кои огромното мнозинство на човештвото ги има сега:






Тие биочипови би се засновале на хидро-гел облога со пречник од неколку милиметри, што телото би го препознало како сопствено ткиво и не би го отфрлило, а вистинскиот чип е со големина од 50 до 100 микрометри вграден во хидрогелот.


Биочипот би ја следел биохемиската активност во телото и би можел да ја открие технологијата "ѕвездена прашина" на Плејаданците и да и се спротивстави со сопствената негативна технологија на "ѕвездена прашина", слична на оваа:




Исто така, може да се поврзе со веќе постоечкиот главен биочип на Сименс во фронталниот дел на мозокот, што поголемиот дел од човештвото го доби со кампањи за вакцинација од крајот на 40-тите до раните 2000-ти и преку безалкохолните пијалоци. Целта би била да се контролира и следи мозочната активност и емоциите:




Овој биочип би користел ултразвук за комуникација, како што прават старите биочипови на Сименс:




Оваа технологија е сè уште во развој и во моментов ја нема во постојните Covid вакцини. Нашиот тим провери некои тековни Covid вакцини во лабораторија и не најде микрочипови поголеми од 50 микрометри (што е најмалата практична големина на функционален микрочип) во вакцините Astra Zeneca или Cominarty, но тие откриле нано-честички липиди во вакцините Cominarty.


Иако Covid вакцините може да имаат несакани ефекти, тие не се алатка за депопулација на човештвото, како што многу луѓе се плашат. Како и да е, Кабалата ги користи пасошите за вакцинирање како алатка за контрола на населението и ова е една од главните причини зошто силите на Алијансата организираа мистериозни саботажи и одложувања во дистрибуцијата на вакцините.


Се појавија повеќе докази дека коронавирусот потекна од лабораторијатс во Вухан:








И сите одговорни за пандемијата и затворањата ќе одговораат за нивните злосторства со судења во стилот на Нирнберг:




Бидејќи плановите за пандемија полека се распаѓаат, Кабалата сака да создаде нова светска војна:




Пред две недели, Плејаданците повторно го контактираа највисокиот состав во рамките на Руските вселенски сили и им дадоа стратешки информации за Путин. Изненадувачки, информацијата за тој контакт протече во алтернативни медиуми:




Плејаданците соопштија дека ако ескалира целосна војна во Украина, тие ќе предизвикаат целосно разоткривање на досиеја преку руски масовни медиуми, па дури и ќе ризикуваат јавно да покажат мал дел од нивната флота.


И покрај тоа, итна медитација за мир во Украина и Блискиот исток е сè уште многу потребна за да се спречи ситуацијата да излезе од контрола:





Масовните медиуми намерно ја цензурираат целата информација за ситуацијата во Украина затоа што Кабалата сака да ги изненади сите со ненадејна војна што ќе произлезе од нигде никаде. Сепак, приказната протече:




Драгон семејствата и силите на Алијансата во рамките на земјите од БРИКС прават некои прикриени геостратешки потези што на крајот ќе доведат до пад на Кабалата. Единствениот знак што можам да го дадам е овој:






За оние кои се заинтересирани, сигурни извори од најдлабокиот тим на Трамп изјавија дека имаат неоспорни докази за изборна измама, но сега не е време да ги презентираат.


Иако сè уште нема поголеми позитивни откритија на површината на планетата, се прави многу подготвителна работа.


Ако се чувствувате мотивирани, може да ја искусите лековитата енергија на такион коморите:




Ве замолуваме да бидете свесни дека такион коморите НЕ се медицински легла (med beds). Медицинските легла беа развиени од "Движењето на отпорот" кон крајот на 1970-тите и раните 1980-ти со помош на Андромеданците и ќе бидат достапни на површинското население само после настанот:




Победа на светлината!


Кобра, 31-ви март 2021




 
 
 

Comentários


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page