top of page
Search

Новости за планетарната состојба

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • May 7, 2021
  • 5 min read

Расчистувањето на групата Химера продолжува. Светлосните сили успеаја да ја расчистат целата вселенска флота на Химера, освен мал број ТR-3B и други летала создадени на принцот на обратно инжинерство, управувани во суб-орбиталниот простор од страна на негативната војска, под директни или индиректни наредби на Химера.


Сè уште се преостанати одреден број подземни бази на Химера, од кои повеќето не се многу длабоко под земја, и многу е тешко да се расчистат, бидејќи тие содржат заложници од Плејада, Сириус, Арктурија и други заложници контролирани од Химера, кои се контролирани и чувани од физички Химера пајаци. Во тие бази сè уште се чуваат заробени луѓе и деца. Главната база на Химера под Букаву во Конго со кралицата и кралот пајак и со неколку други пајаци на Химера кои живеат во неа, сè уште е недопрена.


Квантната аномалија околу Земјата се расчистува убаво, но со доволно преостанати аномални квантни флуктуации, многу близу до површината на планетата, за да се спречат физичките манифестации на вознесените битија и нивните светлосни летала (надворешна меркаба):




Квантните флуктуации директно поврзани со човечките импланти и био-чипови се расчистуваат подобро отколку што се очекуваше. Така, временското изобличување создадено од импланти и био-чипови се намалува брзо и драстично. Ова резултираше со значително намалување на човечката емоционална нестабилност во последните неколку недели. Исто така, повеќето од акаша записите се расчистени. Ова не значи дека записите од минатите настани се избришани, Светлосните сили го отстрануваат само негативниот енергетски и емотивен полнеж на тие минати настани и на тој начин ќе им биде полесно на луѓето да ги ослободат и да простат.


Вкупниот број на негативни не-физички битија околу планетата падна под психолошки важниот праг од еден трилион и сè уште се намалува брзо. Ова практично значи дека има само околу сто не-физички демонски ентитети на секое инкарнирано човечко битие, обидувајќи се да го контролираат и да го турнат на темната страна, што е далеку подобар однос на мрежата отколку во изминатите децении, почнувајќи од 1996 година. Кога односот на мрежата паѓа под 10 не-физички демони на едно инкарнирано човечко тело, најсветлите и најмоќните луѓе на површината на планетата, се очекува да започнат навистина да се будат од карантинската амнезија на Земјата.


На површината на планетата, нашата медитација за мир во Украина е доста успешна и војната овој пат е избегната:




Луѓето се борат против медицинската тиранија и веќе има големи ослободени области како што е Флорида:




Постои голема дезинформација на интернет, заснована на страв за вакцинирани лица кои фрлаат spike (шилци) протеини и ги инфицираат сите. Распространувањето на ваквите протеини е далеку помалку опасно отколку што многу луѓе стравуваат, иако умерено ја зголемува можноста за заболување од прионова болест:




Исто така, вакцините НЕ го блокираат вашиот процес на вознесение, тие само ја намалуваат фреквенцијата на вибрациите до одреден степен.


Тековните вакцини се само тројански коњ за потенцијална идна технологија што Кабалата сака да ја развие, био-чип што би бил вметнат во телото и би бил врзан за глобален систем на дигитални валути преку Интернет, после "големото ресетирање" на сите финансиски трансакции, таканаречениот „жиг на ѕверот“.


ДАРПА направи чекор понапред во овој план со поврзување на вакцините и био-чиповите:




Како и да е, овој план т.н „жиг на ѕверот“ НЕМА да биде успешен.


Тука интересно е да се знае дека Ентони Фаучи, еден од фронтмените на "Големото ресетирање", е поврзан со семејството Абис, кое е црно благородничко семејство од Швајцарија:




Семејството Абис беше еден од „контролорите на Даат“, окултно кажано.


Следната фаза од планот за "големото ресетирање" на Кабалата е сценирање на глобален сајбер напад, што би го уништил интернетот, кој потоа би го воскреснале со нов онлајн финансиски систем под нивна контрола:






Сите љубители на биткоин, криптовалута и Тор треба да знаат дека Бил Гејтс тајно инсталираше клуч за бележник на типкање (backdoor keystroke logger) во сите оперативни системи на Windows, така што Кабалата знае сè за вашите трансакции со биткоин:




Говорејќи за Бил Гејтс, вистинската причина зошто Мелинда се разведе од него е затоа што се плаши од гилотина:




Според извори, судењата во стилот на Нирнберг кои се приближуваат ќе вклучуваат јавно судење на многу членови на Кабалата за злосторства против човештвото што ќе резултира со некаде 500 до 5000 смртни казни.

Криминалците на Кабалата ќе бидат јавно погубени, главно во САД, Кина, Јапонија и четвртата земја што не смее да биде именувана. Потоа, тие криминалци ќе бидат собрани на етерично ниво од страна на светлосните сили, ќе бидат подложени на уште едно судење од страна на Галактичкиот Суд во објектот за сортирање - Ганимед и потоа ќе бидат реструктурирани во галактичкото централно Сонце.


Голем број пониски криминалци на Кабалата ќе бидат уапсени, а потоа брзо ќе им се суди од страна на воените судови, потоа ќе бидат транспортирани надвор од планетата од страна на "движењето на отпорот" и сортирани низ центарот за сортирање - Ганимед. Оние кои не можат или не сакаат да ги поправат своите злосторства, ќе бидат однесени во централното Сонце за преструктурирање, а останатите ќе бидат однесени во поправни установи низ Галаксијата, каде што ќе можат да ја "поправат својата карма“.


Околу 500.000 посредници на Кабалата кои ја промовираа негативната агенда, како што се корумпирани општински градоначалници, адвокати, политичари, банкари, управители на болници, лекари, новинари, па дури и некои кои се претставуваа како „светлосни работници“, ќе бидат уапсени за време на Настанот и ќе го одлежат нивниот мандат. Интересно е да се знае дека неколкумина поранешни членови на мојот тим кои ја предадоа Светлината, ќе бидат меѓу уапсените.


Откако ќе заврши сето ова, светлосните сили ќе се фокусираат на таканаречените јазли на неправда и многу луѓе меѓу површинската популација кои сериозно им згрешија на другите, ќе го отслужат својот мандат со домашен притвор, работа во заедница или парични казни.


Тука е важно да се разбере дека многу неправди во минатото ќе бидат решени и лекувани преку комисиите за вистина и помирување, преку медијација и прошка.


Многу луѓе кои беа затворени низ целата планета за мали прекршоци, како што се поседување марихуана или ситна кражба, ќе бидат ослободени од затвор веднаш после Настанот.


Сето ова ќе го донесе многу потребното затворање, така што ќе се затвори мрачно и неправедно поглавје од човечката историја и ќе се отвори ново, подобро.





Следниот месец, процесот на делумно ЕТ разоткривање (disclosure) може да започне преку знаци на живот откриени на Марс преку роверот „Perseverance“ на НАСА и преку датотеките на Пентагон за НЛО.


Некои знаци за обелоденување се веќе тука:






Со помалку преостаната примарна аномалија, Земјиниот карантин конечно се отвора, а суб-орбиталните летови ќе бидат достапни за популацијата на површината почнувајќи од 20-ти јули:




Како што сме сè поблизу до Настанот, има голема воена активност зад сцената низ целата планета што не може да се открие, освен неколку навестувања овде:










Можеби ќе сакате да го прочитате овој научно-фантастичен роман кој ја вклучува и пандемијата и Настанот и може да донесе интересна перспектива:




Би можеле да го користите виолетовиот пламен за да ги прочистите енергиите во овие предизвикувачки времиња:




Или да засадете повеќе чинтамани камења на локации ширум светот, за поддршка на позитивната енергетска мрежа.


Јапонски тим ја сними оваа фотографија од прекрасни облак на Галактичката Конфедерација, после успешната чинтамани мисија во Аомори, Јапонија:







Победа на светлината!


Кобра, четврток, 6-ти мај, 2021


Извор:






 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page