top of page
Search

Новости за планетарната состојба

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Aug 17, 2022
  • 4 min read

Многу работи се случуваат зад сцената и колку и да би сакал да ги објавам, едноставно е премногу опасно во оваа висока фаза од ппланот:



После колапсот на алфа временската линија во почетокот на 2018-та година, се создаде празнина од неверодостојни информации на површината на планетата и изобилство на дезинформации.

Темните сили водат кампањи против малкуте вистински извори, со неосновани гласини и лажни обвинувања. Тие особено ги напаѓаат вистинските учења на Божицата и вистинските информации за ослободувањето на планетата. Неколку доста познати извори на информации кои беа релативно сигурни во минатото, не беа во можност да ја задржат Светлината и преминаа на темната страна станувајќи нивни инструменти.

Површинската мрежа на светлосните работници речиси се сруши, а силите на Светлината активираа итна резервна светлосна мрежа за површината на планетата, за која ништо не може да се каже. Кер-метричкото изобличување на простор-времето околу површината на планетата ќе ја достигне својата максимална густина кон крајот на август 2022-ра година, а после тоа време повторно ќе стане полесно да се задржи Светлината, а мрежата на светло-работниците се очекува барем делумно да се опорави од бруталните напади на кои беа подложни во последните неколку месеци.





Силите на светлината објаснија дека количеството на аномалија и темнина на површината на оваа планета е огромна, и тоа е главната причина зошто Светлината не е поефикасна во помагањето на површинската популација. Тие, исто така, соопштија дека со голема брзина ја отстрануваат примарната аномалија и дека во одреден момент ќе можат директно да влијаат и на површината на планетата. На прашањето зошто во изминатиот период изјавија дека ќе интервенираат кога ќе се преминат одредени линии, тие не одговорија и молчеа.

Тие, исто така, соопштија дека субквантната аномалија околу површината на планетата крие мрачен ентитет кој е последниот остаток од темнината од претходниот космички циклус и ја преживеал Големата експлозија во (суб)квантна состојба. Овој ентитет влегол во овој универзум преку централното Сонце на галаксијата Андромеда, поминал милиони години во Ригел и бил телепортиран на Земјата во 1996-та година. Овој ентитет ќе биде целосно и комплетно исчистен заедно со субквантната аномалија. Во одредени кругови, овој ентитет се нарекува „Луркер“.

Од посветлата страна, тие рекоа дека технологијата на квантните топови Мјолнир сè побрзо ја отстранува аномалијата околу површината на планетата во груба експоненцијална крива и се очекуваат пресврти:


Колапсот на бета временската линија во август 2019-та година го турна површинското општество во бавна траекторија на колапс, која Светскиот економски форум се обидува да ја искористи во нивните планови за големо ресетирање. Тие го третираат површинското општество како термодинамички систем во кој мал одбран дел од системот (тие) ја намалува својата ентропија на сметка на целиот систем (човештвото), за што се зголемува збирот на ентропијата. Накратко, тие го третираат површинското човечко општество како топлинска пумпа:


Нивното нецелосно разбирање на термодинамиката ќе доведе до нивен пад, а нивните планови за “Големото ресетирање” НЕМА да бидат успешни.

Тие сега имаат датум за нивниот сцениран колапс / ресет во 2030-та година, што ќе биде премногу доцна:




Тие вештачки се обидуваат да ги нарушат синџирите на снабдување за да го забрзаат колапсот:



Тие се обидуваат да направат конвенционална војна меѓу Истокот и Западот со поларизирање на Русија и Кина против САД:


Во нивната планирана војна, нуклеарното оружје НЕМА да се користи:


Неодамнешната ескалација меѓу САД и Кина поради Тајван беше обид да се започне таа војна, а нашата медитација беше успешна во смирувањето на ситуацијата, заедно со Плејаданците кои му дадоа предупредување на Кси Џинпинг.





Плејаданците од неодамна се многу фрустрирани од руските генерали, нема многу соработка, а комуникацијата падна речиси на нула.

По нашата медитација Божествена интервенција во декември 2021-ва година, Плејаданците стапија во контакт со некои клучни луѓе во позитивните војски во Русија, САД и Кина, и повеќето од тие луѓе не беа отворени за планот за ослободување, всушност многу од нив почнаа активно да се спротивставуваат на планот и повеќе и помагаат на Кабалата во обидот да создаде нова светска војна. Ова е една од главните причини за одложувањата во 2022-ра година и главната причина зошто нашата медитација го немаше очекуваното влијание.


Во меѓувреме, темните сили го градат своето главно упориште во Кина и се обидуваат да ја променат таа земја во целосно дистописко општество:



Тие се плашат од револуцијата што се подготвува од послушното население на површината:


Во одредена земја, многу светлосни работници неодамна беа директно нападнати и прогонувани од нивната влада поради нивните активности. Ова беше јасно прекршување на договорот за немешање, кој беше потпишан помеѓу светлосните сили и Кабалата:




Еден дел од тој договор вели дека Кабалата ќе добие извесни информации од светлосните сили за да ги заштити главните луѓе на Кабалата од случајни напади од површинската популација (што е единствената причина зошто Бил Гејтс, најомразениот човек на планетата, сè уште е жив ), а Кабалата за возврат вети дека нема директно да ги прогонува светлосните работници поради нивните верувања и активности.

Како резултат на таа интерференција, силите на светлината ја затворија линијата за не-конфликтна комуникација на неколку дена на почетокот на јули како предупредување. За овие неколку дена, Кабалата не доби безбедносни информации за да ги заштити нивните главни луѓе и локации, што резултираше со две прекршувања на безбедноста за нив.


Првиот безбедносен прекршок ги симна камените блокови во Џорџија:


Вториот безбедносен прекршок го уништи Шинзо Абе:


Ова второ нарушување на безбедноста беше предупредување за водачот на таа конкретна земја што може да се случи со него ако продолжат да ги прогонуваат работниците на светлината.

Таа ситуација оттогаш деескалираше.

Главниот план за ослободување на планетата сè уште е во сила, и покрај сите одложувања:


И покрај сета негативност на површината на планетата, работите имаат тенденција да се подобрат:



Големиот пресврт е пред нас:



И Светлината конечно ќе дојде.


Победа на светлината!


Кобра, понеделник, 15-ти август, 2022



 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page