Новости за состојбата и ново интервју со Кобра
- Саш Ка
- Jan 15, 2022
- 3 min read
После нашата активација Божествена интервенција, војната за ослободување на оваа планета на не-физичко ниво ескалираше. Додека темните сили напаѓаат секогаш штом можат, силите на светлината ги расчистуваат темните мрежи и веќе успеаја да го исчистат најголемиот дел од примарната аномалија на астрално ниво.
Главниот фокус сега е расчистувањето на примарната аномалија на ниско ментално ниво и на таканаречените "невидливи". "Невидливите" се арконски ентитети кои егзистираат на ниско ментално ниво околу површината на планетата и се оние што ја создаваат и манифестираат матрицата на лажни идеи. Тие се битија одговорни за концептите како што се карма, врховна директива, намерно страдање, семоќен Бог, намерен дуалитет, рамна земја, вториот закон на термодинамиката како крајна вистина, брзината на светлината како максимална брзина, моногамијата како единствен избор, глобалното затоплување, разбудена идеологија, критичка расна теорија итн.
"Невидливите" се ентитети кои се речиси проѕирни, со кремасто непроѕирни дамки и се речиси незабележливи дури и за напредните видовити битија на ментално ниво. После арконската инвазија во 1996-та година, тие успеаја да го нападнат ауричното поле на менталното тело на речиси секое инкарнирано битие на површината на оваа планета.
Силите на светлината проценуваат дека во моментов има околу 500 луѓе инкарнирани на планетата со нивното ментално тело целосно недопрено, без наезда од "невидливи". Сите останати се барем делумно ментално опседнати, почнувајќи од мали области на умот каде личноста делува ирационално, до целосна запоседнатост каде личноста речиси целосно ја изгубила слободната волја и способност за здрав разум и рационално размислување. Клучот овде е да се признае запоседнатоста, што ќе биде исклучително тешко да се направи за повеќето луѓе, да се избркаат ентитетите со искажување на декрети, да се прочисти менталното тело со виолетовиот пламен, да се повратат изгубените ментални способности и да се вежба здрав разум.
Расчистувањето на мрежата на "невидливите" ќе продолжи со полна брзина уште еден месец или нешто повеќе, а врвната глупост на глобално ниво се очекува за околу две недели:
Силите на светлината потоа ќе почнат масовно да го чистат енергетскиот отисок на комплексот на потисната траума на површинското човештво, а многу ситуации кои претходно не можеле да се излечат, одеднаш лесно ќе се излекуваат.
Сè повеќе членови на темните сили почнуваат да сфаќаат дека нивниот пораз е близу, а ДАРПА контролирана од Химера немаше друг избор освен да го фрли Фаучи под автобус:
Многу независни извори тврдат дека варијантата Омикрон била развиена од позитивните фракции за да се стави крај на оваа пандемија еднаш засекогаш:
Со завршувањето на пандемијата, на темните сили им останува нивната вообичаена стратегија, обид да ја манифестираат Третата светска војна. Сега тие се обидуваат да го сторат тоа со исцениран конфликт меѓу Русија и НАТО:
Највисокото водство на руските армиски сили веќе неколку пати оваа година се сретна со нивните советници од Плејада, длабоко во подземниот комплекс Јамантау, изграден во раните 1990-ти и проширен во 1996-та година, кое е едно од двете главни места за контакт на Плејаданците со руската војска:
Руската војска почна да отвора прашања за доверба кон Плејаданците кон крајот на минатата година, кога тие почнаа да сфаќаат дека Плејаданците се таму не само за да ја заштитат Русија од странска инвазија, туку всушност буквално да ја ослободат планетата. Ова го поттикна Путин да бара посилен сојуз со Кина, што е негова прва голема геополитичка стратешка грешка:

Сега, кога работите стануваат сериозни, руската војска повторно ги слуша Плејаданците малку повеќе, особено по нивниот последен состанок на 6-ти јануари.
Тие успеаја да го прекинат обидот за шарена револуција во Казахстан:
И сега го прошируваат руското влијание врз Венецуела и Куба за да се спротивстават на НАТО:
Плејаданците соопштија дека нуклеарна ескалација НЕМА да биде дозволена и сите проектили ќе бидат пресретнати, но тие сè уште бараат од луѓето да медитираат за мир меѓу Русија и НАТО за да се избегне какво било непотребно насилство:

Силите на светлината, исто така, бараат од сите што се чувствуваат мотивирани да учествуваат во нашата месечна медитација Божествена интервенција во точниот момент на полна Месечина на 17-ти јануари во 23:48 часот, средноевропско време.
Инструкциите се овде:
И видеото во живо е овде:
https://www.youtube.com/watch?v=hbrAdBUN3lo
И водечки видео записи за аудио медитации на 39 јазици имате овде:
https://www.youtube.com/playlist?list=PL-ujIE4tLGbFeN97PCOgwQC6xh0tqNdgN
Новото интервју на Кобра за такион коморите штотуку беше објавено од нашиот француски тим.
Видео запис на Јутјуб имате овде:
https://www.youtube.com/watch?v=dmIX7ioMNjU
Препис на англиски јазик имате овде:
И на француски јазик овде:
Победа на светлината!
Кобра, четврток, 13-ти јануари, 2022
Извор:
Comentarios