top of page
Search

План за одржување на безбедноста и благосостојбата на населението за време на финансискиот ресет

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Dec 24, 2020
  • 5 min read

Ова е уникатен план кој мојот соработник Кобра ме замоли да го објавам за www.prepareforchange.net. Првично беше наменет специфично за мене со оглед на индустријата во која се наоѓам, но јас го проширив опсегот и го генерализирав; мојата надеж е дека другите кои се подготвени, можат да ги испробаат своите варијации, без оглед на тоа каде живеат и нивните лични околности.

Примарната цел на овој документ е обид и работа во рамките на постојните структури на моќ, за да се создаде начин за брзо мрежно поврзување низ градовите, регионите, па дури и во државите, така што можеме да се справиме навремено и етички со најбитните прашања. (Забелешка - крајот на овој документ ќе оди во насока што може да биде изненадувачка, но е од најголема важност за нас луѓето да почнеме со работа.) Со оглед на моето искуство, како и на другите во рамките на корпоративните хиерархии, се чини очигледно дека во рамките на било која корпорација, компанија или непрофитабилен субјект, има луѓе кои имаат врски и / или членства во различни групи на афинитети, синдикати, организации за професионална акредитација, па дури и вклучување во локална политика или организации во заедницата, како што се локалните стопански комори. Тие треба да бидат искористени веднаш, за да се соберат што е можно повеќе луѓе, за брзо решавање на непосредните предизвици.

Ова ќе биде неопходно затоа што финансискиот / банкарскиот систем ќе биде затворен некое време. За дополнителни детали, видете го “Краткиот информативен текст за лидерите на заедницата” https://mk.communityleadersbrief.org/ што е подготвен во пресрет на она што информациските инсајдери го нарекоа „Настанот“ (The Event), со оглед на долгорочното влијание што ќе го има на планетата. Ве молиме, прочитајте го документот “Краток информативен текст за лидерите на заедницата” во целост, пред да продолжите понатаму, бидејќи тоj поконкретно го опишува она што им е потребно на лидерите нa општините, додека финансискиот / банкарскиот систем е затворен и на крајот рестартиран.

Како што можете да замислите откако ќе го прочитате “Краткиот информативен текст за лидерите на заедницата”, она за кое ќе сте сведоци на вестите (веројатно за прв пат) ќе има трајни последици за општеството, за да оди напред. Се очекува дека овие промени ќе резултираат со масовно подобрување на животниот стандард на глобално ниво за сите луѓе, бидејќи ресурсите ќе бидат наменети за создавање и одржување на инфраструктура и институции што на крајот ќе ги елиминираат сиромаштијата, војната и уништувањето на животната средина. Уште позачудувачки ќе биде огромниот број откритија и откривања кои засекогаш ќе го променат начинот на кој ја гледаме одговорноста на владите пред граѓаните.

Но, пред да дојдеме до таа „Ветена земја“ на иднината, треба да ја поминеме сегашноста. Остатокот од овој документ ќе се фокусира на краткорочни алатки кои можат да се искористат за да се ублажат сите болки, страдања и целокупната непријатност предизвикана од ваквото масовно ресетирање на владата и финансиските институции.

За да ја илустрирам задачата, подолу вклучив дијаграм за Хиерархијата на потребите на Маслов:





Она што го барам од секој човек да направи е самоанализа во однос на она што е потребно за да останат живи и здрави за време на период кога режимите на трговија, што ние ги земаме здраво за готово, едноставно не функционираат. Додека сите области од пирамидалниот дијаграм погоре ќе стапат во игра во одреден момент, базата ги претставува оние нешта што се најважни за секого. И покрај непријатностите што би биле вклучени, ние треба да ги одржуваме работите. Парите не го одржуваат општеството заедно - луѓето го одржуваат. Сè додека работиме заедно на организиран начин, генијалноста и креативноста својствени за нашиот вид, ќе ни овозможат да дојдеме до решенија. Ништо не е нерешливо, се додека постои учтива и етичка соработка помеѓу клучните носители на одлуки.


За таа цел, еве еден временски распоред за тоа како очекувам работите да се одвиваат во текот на првите денови откако ќе се затвори финансискиот систем и ќе започнат апсењата:


НАСТАНОТ (0-3 часа) Забележете дека моето сценарио претпоставува дека „почетокот“ треба да биде помеѓу 7 и 9 часот наутро, источно стандардно време, бидејќи огромното мнозинство апсења во САД ќе се одвиваат во Њујорк и Вашингтон ДС. Други големи центри за активности ќе бидат Лондон, Рим, Париз, Брисел и Цирих - но ова е само едуцирана претпоставка од моја страна.)


Луѓето ќе видат дека нешто големо се случува за време на масовните апсења и со најавата за исклучување на банкарскиот систем преку вестите - тогаш тие ќе сфатат што се случува и ќе се свртат кон промените. За тоа време, секој што е веќе свесен за НАСТАНОТ треба да им се обрати на угледните извршни директори или граѓански лидери и да каже дека има солидно работно сознание за тоа што се случува. Побарајте да се состанете со разни корпоративни и / или граѓански лидери за да ја објасните ситуацијата што е можно појасно; користете ја технологијата во најдобар можен степен и одржувајте конференциски повици или видео конференции каде што тие може да објаснат што се случува и што е веднаш најпотребно.


Во најголема можна мера, вклучете електронски или физички копии од КИЛЗ (краток информативен текст за лидерите на заедницата), како и од овој документ. Бидејќи не сме сигурни дали соодветните веб-страници „Подготовки за промена“ ќе бидат активни поради зголемената употреба на почетокот, се препорачува луѓето да преземат копии на нивниот компјутер или телефон и да ги шират овие преземени верзии што е можно побрзо и пошироко. НЕ грижете се за прашањата поврзани со авторските права или проблеми со интелектуалната сопственост на овие текстови; тие се наменети да бидат документи од јавен домен, слободно достапни за секого. Колку повеќе луѓе се свесни за она што се случува и што е итно потребно, полесно ќе биде да се создадат “работни единици” на локално ниво за да се справат со потребите на широкиот спектар на географски области.

За да дадам опис на она што ќе го работам лично, ја поставив основата низ низа криптични изјави и разговори кои се протегаат назад до 2012 година, со пријателите, семејството и колегите. И покрај фактот дека 99% од овие средби резултираа со тоа што некој ќе ме запрашаше дали сум со здрав разум, сите беа намерно дизајнирани и извршени на таков начин што ќе можам брзо и лесно да им кажам на луѓето кога работите навистина ќе почнат да се случуваат:


„Еј, се сеќаваш кога те прашав што мислиш дека би се случило, хипотетички за време на... итн? Па, вклучете ги вестите - веќе не е хипотетички. Еве неколку документи кои сакам да ги испратите на сите што ги познавате. Фокусирајте се прво на оние на постојните лидерски позиции или кои сакаат да многу да зборуваат. Секој што го познавате и е “озборувач” може да биде од огромна корист во тоа време, бидејќи тие можат многу брзо да го пренесат тоа на многу луѓе. Користете СМСи, Фејсбук, Твитер, е-пошта - кој било медиум за да може да ја шират пораката. Едноставното гледање вести нема да ги натера луѓето да разберат дека ова е реално; добивањето документи што беа создадени пред да започне овој НАСТАН од пријателите, семејството и колегите, ќе ги натера луѓето да разберат дека ОВА Е МНОГУ РЕАЛНО и дека е од голема важност. Ве молиме, помогнете во најголем можен степен.“

Откако ќе натерам некои од моите пријатели и моето семејство да започнат со своите повици, мојот фокус ќе биде насочен кон мојот работодавец и огромната мрежа на луѓе во мојата индустрија:


Првично планирам да направам конференциски повик (кој треба да трае околу 20-30 минути) со лидерот/градоначалникот во мојата околина. Откако ќе ги информирам за развојот на настаните, би побарал да разговарам со извршните директори и нивните директни извештаи - ова ќе се направи преку конференциски повик, бидејќи раководството на мојата компанија е во поинаков амбиент. Се надевам дека сето ова може да се случи без отпор; загрижен сум што можеби ќе треба да имам поддршка од позитивната војска (т.н. Бели капи – White Hats). Во зависност од тоа, коку високо котира компанијата, толку е поголема веројатноста овие луѓе да „знаат“ некои од уапсените. Бидете смирени и спокојни - ако некој е лут или вознемирен, апелирајте до неговата висока совест и етика. Дури и ако некој навистина извршил злосторства, ова е шанса за целосен откуп за секој што е подготвен да помогне во најголем можен степен.


Продолжува....


Извор:





 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page