Последната битка, втор дел
- Саш Ка
- Oct 29, 2020
- 5 min read
Галактичката Конфедерација и силите на "Отпорот" успеаја да ја збришат Драконската флота и Отцепениот Комплекс на Илуминатите (IBC).
Единствените преостанати Дракони се физички и нефизички Дракони кои се директно "изнајмени" како слуги на Химера и натурализираните Дракони кои дојдоа на планетата Земја пред повеќе од 25 000 години, влегувајќи во циклусот на инкарнација во хуманоидни тела и сега се инкарнирани како политичари, банкари, адвокати и други членови на Кабалата и Илуминатите на површината .
Многу мал број натурализирани Дракони исто така дојдоа на планетата Земја во временската рамка од 1996-1999 година, кога влегоа во тела на хуманоидни клонови во подземни бази, а потоа се инфилтрираа на површината меѓу Илуминатите и Кабалата, како двојници или слични на многу политичари и сè уште се дел од површинските Илуминати и Кабала.
Откако "Отцепениот комплекс на Илуминатите" не постои, единствена мрежа на Кабалата која преостана е онаа на површината. Површинската мрежа ќе биде соодветно адресирана, само откако заканата од Химера ќе биде значително намалена.
Главниот проблем што сега преостанува е Химера со нивните напредни егзотични воени технологии, особено топлет бомбите во квантна суперпозиција. Светлосните сили продолжуваат со операциите, сега се фокусираат на отстранување на флотата на Химера во средната и ниската Земјина орбита и расчистување на подземните бази на Химера.
Во подземните бази, Светлосните сили користат квантни топови и сонично (звучно/вибрациско - заб.прев.) оружје т.н "Мјолнир", за да отстранат што е можно повеќе физички пајаци на Химера. Некои од тие пајаци се огромни, со дијаметар до 10 метри / јарди. Постојат огромни пајакови гнезда во подземните бази на Химера, и сите заедно формираат пајакова мрежа, негативна мрежна конструкција, која е антитеза на мрежата на "цвеќето на животот" на површината. Иако многу од овие пајаци се отстрануваат од страна на Светлосните сили, Химера ги надополнува гнездата со нови пајаци, кои се материјализираат од состојба на квантна суперпозиција со напредни комори за манифестација. Веднаш штом ќе исчезне квантниот резервоар на Химера пајаците, Светлосните сили ќе можат целосно да ги исчистат подземните бази на Химера.
Сега, тие се фокусираат на отстранување на клучните Химера пајаци кои го формираат 'рбетот на матрица - системот во карантинската Земја. Тие веќе успеаја да ја отстранат "кралицата" пајак, која беше одговорна за уништување на храмовите на Божицата во Атлантида и уништување на боженствените мистерии за време на првата и втората Арконска инвазија. Таа беше силата зад инквизицијата, а неодамна и силата што стоеше зад глобалните мрежи за злоупотреба на деца, користејќи ги Мајките на темнината, за да ја завршат валканата работа (предупредување: графички материјал):
Откако пајаковата"кралица" ја нема, мрежите за злоупотреба на деца на површината сега полека ќе почнат да се распаѓаат, бидејќи веќе и се претставени на популацијата на површината. Многу светлосни работници и светлосни воини, особено оние што ја држат боженствената енергија, беа директно или индиректно трауматизирани од пајаковата кралица во многу инкарнации, и тие трауми сега ќе почнат да се лекуваат. Етеричниот пајаков отров што таа и другите пајаци на Химера го користеа во нивните напади и уништуваше многу врски меѓу сродните души на површината, сега ќе почне да се распрснува и расчистува.
Разоткривањето на мрежите за злоупотреба на деца сега е во тек, бидејќи тајванските извори на "Земјот" (dragon) и други извори, го изложуваат Хантер Бајден и неговото учество во тие мрежи:
Тајванските "змејови" решија да излезат во јавноста со приказната за Хантер Бајден и со информации за кинеските контраразузнавачки операции против САД, како противмерка против кинеските закани за напад на Тајван. Изворите на „Змејот“ постојано повторуваат дека ќе организираат целосно обелоденување на кинеските тајни вселенски програми во случај на каква било агресија кон тајванскиот национален суверенитет.

Како што се приближува денот на изборите во САД, се случуваат важни астролошки конфигурации. Првиот е синод меѓу Јупитер и Сатурн (хелиоцентрична врска) на 2-ри ноември во 18:52 часот според Гринич. Синодот Јупитер - Сатурн, ефективно ќе ја активира ерата на водолијата за целиот Сончев систем над Месечевата орбита. Во тој момент, ќе започне масовна операција на командата на Аштар и ќе биде потребна целосна реорганизација на целата флота на командата на Аштар, над и зад Месечевата орбита.
Интересно е да се напомене дека следната масовна медитација започнува само 38 минути по точниот синод на Јупитер и Сатурн:
Вториот аспект е Меркур, кој ќе премине директен, на 3-ти ноември во 17:50 часот според Гринич. Овој аспект донекаде ќе ја намали напнатоста и несигурноста.
Третиот аспект е завршувањето на одреден циклус на 3-ти ноември. Ништо повеќе не може да се каже за тоа.

Вториот бран затворања сега се спроведува во многу земји и сè уште е многу важно што повеќе луѓе да се приклучат на нашата дневна медитација против затворањето:
Концептот за затворање е дизајниран од членовите на кинеската Кабала, во тандем со Тедрос Аданом:
За да се контролира популацијата на површината со Covid апликации:
Ова оди предалеку и ќе треба да ја корегираме планетарната временска рамка, во оптимален временски план за Вознесение. Затоа, ќе направиме масовна медитација за корекција на временската рамка, во моментот на тројната врска меѓу Јупитер-Плутон-Палас, на 11-ти ноември во 11:11 часот по централно европско време (тоа е еднакво на 10:11 часот според Гринич) и може да се придружите ако се чувствувате мотивирани.

Во моментот на оваа медитација, астролошкиот подзнак на Париз ќе се спои со Галактичкиот центар, а божествениот вортекс на Париз ќе се активира во неговата следна етапа.
Ако сте во Франција, можете да се придружите на групата "сестринство на розата" во Париз, овде:
Или Версајската група "сестринство на розата", овде:

Точното време за медитација во различни временски зони може да го проверите овде:
Инструкции:
1. Користете своја сопствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство за активирање на промената во оптимална временска рамка за започнување на "ерата на водолија".
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен Извор, за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не и служи на светлината.
4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина која произлегува од Космичкото Централно Сонце, а потоа се спроведува до Централните Сонца на сите Галаксии во овој Универзум. Потоа, визуелизирајте ја оваа светлина како минува низ Галактичкото Централно Сонце, потоа минувајќи низ нашата Галаксија, потоа влегувајќи во нашиот Сончев систем и минувајќи низ сите битија на светлината во нашиот Сончев систем, а потоа низ сите битија на планетата Земја и исто така низ вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте ја оваа светлина, како ја променува планетарната еволуција, назад во оптималната временска рамка. Визуелизирајте ја светлината, како ја отстранува целата преостаната темнина на Земјата, лекувајќи ги сите нееднаквости, бришејќи ја целата сиромаштија и носејќи изобилство за целото човештво. Визуелизирајте нежна, розова божествена светлина, која ги прегрнува сите битија на планетата Земја и ги исцелува нивните емотивни тела. Визуелизирајте нов голем космички циклус на почетокот на ерата на водолијата, донесувајќи чиста светлина, љбов и среќа на сите битија на Земјата. Визуелизирајте го вашиот совршен живот во новата ера на водолијата.
Предложеното време за нашата медитација е 20 минути.
Ова е последната битка:
Да ја освоиме нашата светла иднина:
https://m.youtube.com/watch?v=BP4R0rI1wk8
Победа на светлината!
Кобра, среда, 28-ми октомври, 2020
Commentaires