Раздвојување
- Саш Ка
- Jul 5, 2024
- 2 min read
Темните Алантидски мрежи се целосно отстранети. Ова има далекусежни последици.
Како резултат на ова, конечно започна процесот на одвојување на Луркер од површинската популација. Првиот месец од овој процес ќе биде во фаза на тестирање, каде што силите на светлината ќе ја оценат реакцијата на површинската популација во процесот на раздвојување и соодветно ќе го приспособат. Откако фазата на тестирање ќе заврши, ќе започне целосното раздвојување.

На овој процес може да гледате како на планетарен егзорцизам. Темнината, која досега беше квантно и субквантно вткаена во човечките личности, конечно ќе почне да заминува. Просечно човечко суштество е над 90% заразено со Луркер, а просечен светлосен работник е сè уште околу 80% заразен. Како што се одвива процесот, процентот на инфекција ќе почне да опаѓа, а човечките суштества ќе почнат да се поусогласени со светлината и ќе имаат тенденција да почнат да се чувствуваат подобро.
Помеѓу август и октомври ќе бидеме во густината на овој процес. Ова ќе биде време на длабока внатрешна работа и време на зајакнување на внатрешната врска со светлината.
Исто така, отстранета е доволно аномалија за да се иницира конечниот процес на усогласување на овој Сончев систем со Галактичкиот бран на љубовта. Сончевата плазма сè уште е во значителен степен под контрола на Луркер, но во хелиопаузата процесот на усогласување веќе започна. Многу различни ѕвездени раси, со нивните флоти позиционирани веднаш зад хелиопаузата, испраќаат зраци на светлина во Сончевиот систем и го раздвојуваат од Луркер. Можете да помогнете во овој процес со медитација со чинтамани или разни тектити и преку поврзување на ѕвездата од каде што потекнуваат тие тектити со овој Сончев систем преку светлосни нишки.
Галактичката централна раса (Градителите) масовно влезе во Сончевиот систем и активираше голем број древни ѕвездени порти/портали на различни месечини, астероиди и на Марс.
Ова ќе помогне да се активираат сеќавањата на позитивната Атлантида, да се започне со подготовка на човечката свесност за раѓањето на Новата Атлантида:
Мрежата Агарта продолжува да ги активира енергетските портали на светлината на површината на планетата, со што помага во процесот на ослободување. Можете да се поврзете со мрежата Агарта со правење на смарагд медитацијата:
На површината на планетата полека се гради мрежа од храмови на божиците. Оваа мрежа енергетски ќе помогне во балансирањето на процесот на планетарна трансформација:


Исто така, на површината на планетата енергично се активираат различни позитивни Драгон групи (на Змејот). За да учествувате во овој процес, повеќе од добредојдени сте да се придружите на нашата работилница “Rise of the Dragons” во Тајван:
Или во Малезија:
Победа на светлината!
Кобра, четврток, 4-ти јули, 2024
Извор:
Comments