top of page
Search

РАШИРЕТЕ! АКТИВИРАЊЕ НА ПОРТАЛОТ ЗА ВОЗНЕСЕНИЕ 12:21 НА 12-ТИ, 18-ТИ И 21-ВИ АВГУСТ 2025 г.

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Jul 10
  • 6 min read

Updated: Aug 11


 

 Време е повторно да се преземе акција!  Време е да ја земеме судбината на нашиот свет во свои раце!  Сите се согласуваме дека процесот на планетарно ослободување трае премногу долго, а сегашната временска рамка не оди во најдобра насока. Еве ја нашата шанса колективно да ја префрлиме временската линија во нашата оптимална временска линија за ослободување на планетата и да помогнеме во отворањето на порталот за вознесение 12:21 за оваа планета.  За таа цел, ќе ја искористиме можноста на масивните астролошки конфигурации во август, за да создадеме портал преку кој ќе ја обединиме нашата свест и ќе го активираме процесот што ќе ја финализира оптималната временска рамка за вознесение за планетата.

 

 Можеме да достигнеме критична маса од 144.000 луѓе кои ќе учествуваат во ова активирање!  Ова ќе создаде масовна исцелителна верижна реакција во енергетското поле ширум светот.

 

 Научните студии потврдија дека масовните медитации влијаат на нашата реалност:

 

 

 

 Раширете!  Споделете низ целиот свет!  Објавете на вашите веб-страници и блогови!  Ако знаете алтернативен медиум, можете да му го испратите.  Можете да контактирате инфлуенсери, барајќи од нив да учествуваат и да ги споделат овие информации.  Можете да креирате настан на Facebook за вашата локална група луѓе кои ќе ја прават медитацијата во вашиот дел од светот.  Потребна ни е и една главна Facebook група за овој настан.  Можете да го споделите ова на X, Instagram, Tic Toc ... Можете да креирате видео за оваа медитација и да го објавите на Youtube, Rumble, Vimeo...

 

 Апсолутно моќни астролошки конфигурации доаѓаат во август:

 

 

 

 Овие конфигурации ќе го активираат отворањето на вознесенскиот портал 12:21 :

 

ree


Ова го означува крајот на одреден циклус кога космичкото зло ќе биде избришано од мултиверзумот засекогаш. Ќе го достигнеме субквантниот хоризонт на “настанот” со целосно исчезнување на црните дупки / стренџлет/ топлет / темната материја / темната енергија / субквантната аномалија, а низ целиот мултиверзум ќе се воспостави субквантен стабилен вакуум.

 

Луркер и субквантната аномалија ќе бидат речиси целосно елиминирани во август, како што можете да видите овде:

 

ree

Единствениот аспект на Луркер што ќе остане ќе биде во енергетското поле на површинското население до степен до кој луѓето се поврзани со него свесно и потсвесно. Откако ќе се отвори “Порталот за вознесение” ќе стане полесно да се користи слободната волја и да се ослободат тие приврзаности кон аномалијата. Ова повторно ќе ја отвори вратата за духовната еволуција на човештвото и ќе го реактивира процесот на вознесение, кој беше брутално прекинат во 1996-та година.

 

По тој момент, слободната волја на човештвото ќе започне повторно да се преродува. Единственото зло што ќе остане ќе биде индивидуалното зло во енергетското поле на површинското население и планетарното зло на “Братството на смртта” (Илуминатите и црното благородништво). Со отстранување на субквантната аномалија, ќе им стане многу полесно на светлосните сили да се справат со планетарната ситуација, а Настанот конечно ќе стане можен за неколку години, месеци или дури недели по отворањето на порталот за вознесение.

 

Во моментот на целосното затемнување на Сонцето на 11-ти август 1999-та година, Апсолутот го пренесе клучот од “новото небо” во универзумот.  Овој клуч го елиминираше космичкото зло во многу тежок процес на прочистување што се одвиваше помеѓу август 1999-та и август 2025-та година. Се очекува Апсолутот да пренесе нов клуч, клучот на новата земја откако ќе се отвори порталот за вознесение 12:21 во август. Овој нов клуч ќе им помогне на светлосните сили во отстранувањето на планетарното и индивидуалното зло. Овој процес мора да се заврши до 2049-та година, при што Настанот ќе се случи во следните неколку години што е можно поскоро, а потоа со трите бранови на вознесение, сè додека планетата не биде подготвена да се подложи на евакуација и поларното поместување во новата Земја во моментот на Сончевиот Блесок / Галактичкиот Супербран, што се очекува некаде помеѓу 2037-ма и 2049-та година. Бидете свесни дека сите тие датуми се само проценки и не се врежани во камен.

 

ree

Отсега до отворањето на порталот за вознесение 12:21, темните сили ќе прават сè што можат за да предизвикаат што е можно повеќе хаос на планетата во нивниот очаен и невозможен обид да го спречат отворањето на порталот за вознесение:

 

 

Порталот за вознесение ќе ја отвори “Точката на благодатта” 12:21 низ целиот мултиверзум во мултиверзалното субквантно поле:

 

 

ree

Тоа ќе биде огромна транзиција, веројатно најголемата енергетска транзиција во нашите животи и за таа цел ќе го активираме порталот за вознесение во три чекори.

 

Најпрво, на 12-ти август, ќе има многу моќни астролошки аспекти. Прво, Нептун во секстил со Седна во 1:55 часот наутро средно-европско време ќе ги донесе рафинираните духовни енергии од следниот космички циклус. Потоа, Сатурн во секстил со Уран во 3:31 часот наутро средно-европско време ќе донесе голем и стабилен напредок. И конечно, во 5:30 часот наутро средно-европско време ќе има тројна конјункција Венера-Јупитер-Сириус. Оваа конјункција ќе донесе енергии на љубовна радост и среќа и е носител на добри вести и вистинска надеж.

 

Ќе можете да ги видите Венера и Јупитер многу блиску еден до друг наутро на 12-ти август на источното небо пред зори:

 

 

ree

Интересно е да се забележи дека слична конјункција Венера-Јупитер на 12-ти август во 3-тата година п.н.е. била познатата ѕвезда од Витлеем:

 

 

Второ, на 18-ти август во 7:25 часот централно-европско време ќе има геоцентрична конјункција помеѓу Нептун и средната точка на Уран/Плутон. Овој аспект ќе го активира енергетскиот процес на новата ренесанса за планетата Земја.

 

Трето, на 21-ви август во 9:02 часот централно-европско време ќе има хелиоцентрична конјункција помеѓу Нептун и средната точка на Уран/Плутон. Овој аспект се случува еднаш на секои 500 години и сега ќе го активира енергетскиот процес на новата ренесанса за целиот Сончев систем, со што ефикасно ќе се отвори порталот за вознесение засекогаш.

 

 Астрологијата на деновите помеѓу 18-ти и 21-ви август покажува голем тригон помеѓу галаксијата M 87, Плутон и Уран / Седна / Алкиона стелиум. Ова значи дека ударниот бран на “точката на благодатта” 12:21 од космичкото централно Сонце ќе патува низ галаксијата M 87, низ Плејадите, а потоа во нашиот сончев систем кон Земјата:

 

ree

За таа цел ќе ја правиме нашата медитација три пати, секој пат тоа ќе биде уште еден квантен скок кон отворањето на порталот на вознесението. На 21-ви август 2025-та година, порталот за вознесение ќе се отвори, и никогаш повеќе нема да се затвори.

 

 

 

 Времето на активирањето на порталот за вознесение 12:21 се:

 

12-ви август во 7:30 часот наутро по македонско време

 

18-ти август во 9:25 часот наутро по македонско време

 

21-ви август во 11:02 часот наутро по македонско време

 

Можете да го проверите времето на медитацијата за вашата временска зона овде:

 

Активирање на порталот за вознесение дел 1:

 

 

Активирање на порталот за вознесение дел 2:

 

 

Активирање на порталот за вознесение дел 3:

 

 

Инструкции:

 

1.      Користете ваша сопствена техника за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.

 

2.      Насочете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство за да помогнете во активирањето на порталот за вознесение 12:21.

 

 

3.      Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор за да поставите круг на заштита околу вас за време и по медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не и служи на Светлината.

 

4.      Визуелизирајте бран од бела, розова, сина и златна светлина и љубов што произлегуваат од Космичкото централно Сонце, а потоа се дистрибуираат до централните Сонца на сите галаксии во овој универзум, активирајќи ја галаксијата М 87 и нејзиното поле на космичка љубов. Потоа визуелизирајте ја оваа светлина и љубов како влегуваат низ Галактичкото централно Сонце, потоа минуваат низ нашата галаксија низ сите ѕвездени системи, особено Плејадите, активирајќи го неговото поле на галактичка љубов, потоа влегувајќи во нашиот сончев систем преку Седна, Плутон, Нептун и Уран и минуваат низ сите суштества на светлината во нашиот сончев систем, а потоа низ сите суштества на планетата Земја и на површината и под земјата, а исто така и низ вашето тело до центарот на Земјата.

 

 

5.      Визуелизирајте го текот на настаните на планетата Земја како се менува во најпозитивната временска линија, подалеку од сите страдања, подалеку од сите војни, подалеку од целата глобална доминација. Визуелизирајте ја белата, розовата, сината и златната светлина и љубов како ги лекуваат сите нееднаквости, ја бришат целата сиромаштија и донесуваат изобилство за целото човештво. Визуелизирајте го големото духовно будење на човештвото и раѓањето на новата ренесанса. Визуелизирајте го почетокот на нов голем космички циклус на ерата на водолијата, носејќи чиста светлина, љубов и среќа за сите суштества на Земјата.

 

Предложено време за нашата медитација е 20 минути.

 

Ажурирања за активирањето на Порталот за Вознесение во 12:21:

 

 


Кобра, недела, 22-ри јуни, 2025



 

 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page