top of page
Search

Раширете! Последна активација на ерата на Водолијата, 21-ви декември, 2020

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Nov 13, 2020
  • 5 min read

Updated: Dec 15, 2020


Извор:


Време е повторно да преземеме акција! Време е да ја преземеме судбината на светот во наши раце! Сите се согласуваме дека процесот на планетарното ослободување е предолг. Ова е наша шанса колективно да го забрзаме процесот. За таа цел, ќе ја искористиме можноста на моќната конјункција помеѓу Јупитер и Сатурн на 21-ви декември, за да создадеме портал преку кој ќе ја обединиме нашата свест и ќе го активираме процесот што ќе нè доведе во ерата на водолијата.


Раширете! Споделете насекаде! Ве молиме објавете на вашите веб-страници и блогови. Поканете ги духовните групи да ни се придружат. Ако знаете алтернативен медиум, можете да го испратите до нив. Можете да создадете настан на Фејсбук за вашата локална група на луѓе што ќе ја прават во вашиот дел од светот. Ни треба и една главна група на Фејсбук за овој настан. Можете да создадете видео запис и да го објавите на Јутјуб.



Научните студии потврдија позитивни ефекти од масовните медитации и активирања врз човечкото општество, така што секој од вас што ќе учествува во оваа активација, всушност може да помогне за приближување на ерата на водолијата:







Оваа активација им помага на силите на Светлината да ја заземјат енергијата на Светлината на површината на планетата, за дополнително да ја стабилизираат временската рамка, што ќе не доведе до долгоочекуваната ера на Водолијата. Бројот на луѓе што ја прават оваа активација е единствениот највлијателен фактор во моќта на површинската човечка популација за забрзување на процесот.


Можеме да достигнеме критична маса од 144.000 луѓе што ќе ја прават оваа активација! Можеме да достигнеме и еден милион! Ова ќе создаде масивна верижна реакција, за заздравување на енергетското поле ширум светот.


Конјункцијата помеѓу Јупитер и Сатурн на 21-ви декември ја комплетира ѕвездената порта за временската рамка на ерата на Водолијата, која се отвори на 12-ти јануари со конјункцијата помеѓу Сатурн и Плутон, ја имаше својата пресвртна точка на 30-ти јуни со конјункцијата помеѓу Јупитер и Плутон и ќе се затвори на 21-ви декември со конјункцијата помеѓу Јупитер и Сатурн:




Целта на целата ѕвездена порта за временската рамка на ерата на Водолијата за 2020-та година е да се стабилизира позитивната временска рамка на ерата на Водолијата за планетата. Во текот на 2020-та година, темните сили се потрудија да спречат да се манифестира позитивната временска рамка за Вознесение. Ова е наша колективна шанса, позитивниот временски план за Вознесение да биде закотвен, обезбеден и стабилизиран засекогаш и да го обезбедиме остатокот од процесот на ослободување на планетата, да се случува непречено и брзо.


Во декември ќе има многу моќни астролошки конфигурации, кои ќе не доведат до нашето главно активирање на 21-ви декември. Секоја од тие конфигурации ќе биде отскочна штица за нашата главна активација. Прво, ќе има квадрат меѓу Плутон и Ерис на 10-ти декември, точно во 22:06 часот според Гринич/UTC. Потоа, ќе има целосно затемнување на Сонцето на 14-ти декември во 16:14 часот според Гринич. После тоа, Сатурн ќе влезе во Водолија на 17-ти декември во 05:04 часот, а Јупитер ќе влезе во Водолија неколку дена подоцна на 19-ти декември во 13:08 часот според Гринич/UTC.


Квадратот меѓу Плутон и Ерис е енергија на воинствената Божица, која се бори против естаблишментот. Целосното затемнување на Сонцето на 14-ти декември ќе прикаже мутирачки крст (голем крст) на Сонцето и Месечината со Меркур во конјункција, а во квадрат со Нептун, Месечевите чворови и Веста. Оваа енергија ќе донесе брзо "распаѓање" на илузиите во многу области за популацијата на површината. Сатурн и Јупитер кои влегуваат во Водолија ќе започнат да ја носат многу потребната енергија на Водолијата на површината на планетата, со тоа што барем една од главните планети или астероиди ќе остане во Водолија оттогаш, сè до 2043 година:





Големата конјункција меѓу Јупитер и Сатурн на 21-ви декември е првата голема конјункција во Водолија од 1405 година, и се случува точно на денот на зимската краткоденица. Ова е моментот кога конечно ќе започнат да течат првите долгоочекувани енергии на ерата на Водолијата:






Тоа е најблиската голема конјункција од онаа во 1623 година, Јупитер и Сатурн ќе бидат толку близу еден до друг што скоро ќе ги гледате како единствена sвезда. Во окуларот на телескопот ќе можете да ги видите и двете планети многу близу една до друга, нивните месечини видливо речиси ќе се допираат:




Јупитер и Сатурн на 0 степени и 29 минути во Водолија ќе направат голем тригон со Алкион (нашето локално централно сонце во Плејадите) на 0 степени и 17 минути во Близнаци и Галаксијата М87 (главна галаксија во кластерот Девица, извор на галактичка љубов за овој сектор на Универзумот) на 1 степен и 13 минути во Вага. Овој голем тригон ќе донесе екстремно моќни енергии на космичка љубов на планетата и ова ќе биде активирањето што ќе го започне новиот циклус - ера на Водолијата. Блесокот на космичките љубовни енергии ќе протече од Галаксијата М87 во суперкластерот Девица и ќе биде многу помоќен од блесокот што стигна до Земјата од М87, за време на активирањето на АИОН порталот:





Ние ќе ја правиме нашата медитација „Ера на Водолијата“ точно во моментот на конјункцијата меѓу Јупитер и Сатурн, на 21-ви декември, во 18:22 часот по Гринич. Ова е еднакво на 10:22 часот во Лос Анџелес, 11:22 часот во Денвер, 12:22 часот во Чикаго, 13:22 часот во Њујорк, 18:22 часот во Лондон, 19:22 часот во Париз, 20:22 часот во Каиро, 02:22 часот во вторник на 22-ри декември во Тајпеј и Пекинг, 3:22 часот на 22-ри декември во Токио и 5:22 часот на 22-ри декември во Сиднеј.


Времето на медитацијата за вашата временска зона, можете да го проверите овде:



Инструкции:


1. Користете своја за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.


2. Насочете ја вашата намера, да ја искористите оваа медитација, како средство за ко-креирање на активацијата, што ќе ја започне ерата на Водолијата.


3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор, за да поставите круг на заштита околу вас, за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не служи на Светлината.


4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина која произлегува од Космичкото Централно Сонце, а потоа се спроведува до Централните Сонца на сите Галаксии во овој Универзум. Потоа, визуелизирајте ја оваа светлина како тече низ Галаксијата М87, потоа минувајќи низ Галактичкото Централно Сонце, потоа минувајќи низ нашата Галаксија, потоа влегувајќи во нашиот Сончев систем и минувајќи низ сите битија на светлината во нашиот Сончев систем, потоа низ подмесечевиот простор и потоа низ сите битија на планетата Земја и исто така преку вашето тело до центарот на Земјата.


5. Визуелизирајте ја оваа Светлина како ја преобразува целата преостаната темнина на Земјата, лекувајќи ги сите нееднаквости, бришејќи ја целата сиромаштија и донесувајќи изобилство за целото човештво. Визуелизирајте нежна, розова боженствена Светлина, која ги прегрнува сите битија на планетата Земја и ги исцелува нивните емоционални тела. Визуелизирајте нов голем космички циклус на почетокот на ерата на Водолијата, донесувајќи чиста светлина, љубов и среќа на сите битија на Земјата. Визуелизирајте го вашиот совршен живот во новата ера на Водолијата.



Предложеното време за нашата медитација е 20 минути.


Промотивни видео записи на македонски јазик за оваа медитација:








Водечка аудио медитација на македонски јазик:




Ажурирање за ерата на Водолијата:


Кобра, четврток, 12-ти ноември, 2020


 
 
 

Komentáre


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page