Ажурирање на планетарната ситуација
- Саш Ка

- Dec 29, 2025
- 3 min read
Светлосните сили ја расчистуваат аномалијата испреплетена меѓу Луркер и човештвото на површината на планетата со полна пареа. Тоа, се разбира, се покажа како потешко од очекуваното, но и покрај сето ова, светлосните сили прават бавен, но стабилен напредок:
Постои војна помеѓу светлината и темнината за планетарната енергетска мрежа и војна за временската линија.
Светлосните сили и светлосните работници од т.н “бели капи” ја градат смарагдната мрежа на површината на планетата, додека Илуминатите и светлосните работници од т.н “сиви капи” се обидуваат или да ја инфилтрираат, загадат или уништат позитивната смарагдна мрежа и/или да создадат негативна.
Светлосните сили и позитивните светлосни работници се обидуваат да ја закотват најпозитивната планетарна временска линија, додека темните сили го користат несвесното човештво за да ја закотват најнегативната.
Иако позитивната временска линија за вознесение за планетата е обезбедена, деталниот пат кон целта на планетарното ослободување сè уште не е одлучен.
Многу работи се случуваат зад сцената, но сега сме во центарот на битката и голем дел од информациите не можат да бидат објавени сè додека таа битка не заврши и ситуациите не се стабилизираат. Се очекува јануари да биде речиси исто толку тежок како декември, а некакви вистински подобрувања се очекуваат дури во февруари или март.
Притисокот на светлината кон површината на планетата се зголемува, а кога браната ќе пукне, ќе има ненадејни и драстични промени.
Малку веќе искусивме од ова на 11-ти ноември, кога сончев блесок насочен кон Земјата успеа да ја пробие атмосферата и да испрати флукс на сончеви протони без аномалии кон површината на планетата, закотвувајќи го следното ниво на ATVOR на земјата.

Следниот делумен пробив беше на 15-ти декември, точно во моментот на Плутон во тригон со галаксијата М87, кога мал дел од енергиите на ATVOR / VENTLA стигнаа до површината на планетата на начин за кој сè уште не можам јавно да дискутирам.
И двата мали пробива беа ненадејни, драстични и многу интензивни енергетски скокови и можат да ни дадат претстава за она што доаѓа.
Постојат огромни промени надвор од нашиот сончев систем. Енергијата на космичката љубов од космичката будистичка рамнина тече во Мултиверзумот, обезбедувајќи постојан проток на љубов низ сите рамнини на создавањето, веднаш апсорбирајќи и трансмутирајќи ги сите мали фрагменти од Луркер, што можеби се уште се присутни надвор од хелиопаузата.
Ова е крајот на аномалијата на темната енергија надвор од сончевиот систем и технички почеток на новиот космички циклус што ќе го апсорбира целиот Мултиверзум во Едно во следните 10 или 20 милијарди години.
Ова е отворање на космичкото срце, кое се закотвува со чисти смарагдни мрежи низ Мултиверзумот на сите главни населени планети и на други места.
Огромно космичко ангелско битие од галаксијата М87, наречено Аеа, го прегрна целиот сончев систем со енергии на космичка љубов. Ова ангелско битие се протега од хелиопаузата нанадвор во сите правци, се до границата на Ортовиот облак оддалечен околу 1 светлосна година, и има приближно сферична форма.
Изгледа како прекрасен подуен облак со виолетово-розова боја со екстремно висока вибрациона фреквенција и постојано емитува многу високофреквентни енергии на љубов во сончевиот систем.
Овие енергии на љубов се всушност позитивни плазма филаменти кои започнуваат на надворешниот раб на тој ангел, течат навнатре, а матичните бродови од многу позитивни вонземски раси надвор од хелиопаузата се како ситни бисери прикачени на тие филаменти.
Сето ова е поврзано со неодамнешното поместување на магнетните полови во галаксијата М87:
И зголемената активност на Галактичкото Централно Сонце:
Што нè доближува до Галактичкиот Супербран и поларното поместување:
Внатре во Сончевиот систем, светлосните сили го засилуваат полето ATVOR / VENTLA, процес кој всушност започна пред неколку децении во 1952-та година со пристигнувањето на Командата Аштар во сончевиот систем :
Администрацијата на Трамп презема мали чекори кон обелоденувањето:
и кон спасување на децата:
Заедно со цената на златото, цената на среброто исто така вртоглаво расте, иако Кабалата се обиде да ја сопре:
Луѓе кои учествуваа во Silver Trigger активацијата во 2019-та година, сега се многу среќни.
Падот на системот-матрицата е близу:
Исто така и падот на меурот на вештачката интелигенција:
Ако сакате, сè уште можете да го прочитате интервјуто со Кобра кое беше објавено веднаш откако претходното ажурирање на ситуацијата, беше објавено на мојот блог:
Или може да ги прочитате белешките од работилницата во Минхен и Берхтесгаден:
https://german-cobra-posts.welovemassmeditation.com/2025/11/notes-on-cobras-templar-workshop-in.html
Исто така, добредојдени сте да ни се придружите на нашата “Работилница за вознесение” во Феникс, САД, на 31-ви јануари:
Победа на Светлината!
Кобра, петок, 26-ти декември, 2025
Извор:



Comments