Кратко ажурирање за процесот на обелоденување

Прочистувањето на нефизичката аномалија го достигна својот врв на 20-ти септември, а состојбата на нефизичките рамнини веќе се стабилизира.
Отстранувањето на физичкиот аспект на аномалијата ќе започне многу наскоро. За да се стабилизира тој процес, силите на светлината бараат што е можно повеќе луѓе да се поврзат со боженствената енергија, енергијата на Божицата:
Еден многу важен аспект на енергијата на Божицата е енергијата на убавината. Со овој архетип можете да се поврзете преку сликите на Буше:
Или преку оваа книга:
Или преку медитација:
Матичните бродови на Галактичката конфедерација сега ја зазедоа својата конечна позиција, неопходна за конечно да може да започне расчистувањето на физичката рамнина на површината на оваа планета:

Командата Аштар влезе во сончевиот систем во 1952-ра година, за да го започне процесот на планетарно ослободување:
Ова пристигнување во сончевиот систем е тема на следниот научен труд:
За него сега нашироко се дискутира:
Бродовите на Командата Аштар користат напредни технологии ATVOR/VENTLA, во комбинација со силите на Алдебаран и Андромеда на теренот (инфилтрирани во администрацијата на Трамп), за да го забрзаат процесот на обелоденување (Disclosure).
Преку свиркачот Груш:
Преку свиркачот Стратон:
Пентагон одбива да коментира:
Трката за обелоденувањето конечно добива глобални размери:
Претставници на одредена позитивна вонземска раса, чие име не смее да се споменува, како и други извори, соопштија дека рокот за обелоденување на вистината истекува. Доколку светските влади не ја објават вистината доволно наскоро, одредени позитивни вонземски летала би можеле да го наметнат тоа прашање на начин за кој нема да се дискутира.
Изворите исто така наведуваат дека 2027-ма година ќе биде многу важна година за обелоденувањето. Тоа е годината во која енергијата на Нова Атлантида ќе биде втемелена на површината на планетата.
За да помогнете во овој процес, можете да учествувате во следниот проект за енергетско поврзување (gridwork), со фокус на земјите во близина на Атлантскиот Океан:
Доколку чувствувате внатрешен повик, можете да ги прочитате и белешките од работилницата во Брисел:
Победа на Светлината!
Кобра, среда, 14-ти октомври, 2026
Извор:



Comments