Извештај за активирањето на Порталот на Вознесението 12:21

Нашата активација беше огромен успех — беше најуспешната медитација што некогаш сме ја направиле. Пресудниот момент пред активирањето беше третата бустер-медитација на 21-ви јули, во моментот на Барбоовата кошница, по што бројот на луѓето што одлучија да учествуваат експоненцијално се зголеми.
Близу еден милион луѓе беа информирани за активирањето, а повеќе од 200.000 луѓе навистина учествуваа. Критичната маса ја надминавме со огромна разлика.
Главната закотвувачка точка на нашето активирање беше прекрасната работилница во Кернс:
Најголемиот резултат од активирањето беше целосното отстранување на една од двете главни рептилски нефизички мрежи на етеричните и астралните рамнини на површината на планетата.
Оваа мрежа беше поразена за време на активирањето, по 26.000 години. Таа беше мрежата што создаваше војни, ропство, страдање и болка за човештвото, и сега ја нема.
Целата аномалија на темната енергија исто така исчезна.
Оваа мрежа беше матрица на темна енергија која ги одржуваше негативните ситуации на планетата; сега оваа негативна матрица ја нема и по нашето активирање започна нов процес. Тој се нарекува Преклопување на реалноста (Reality Overlay).
Станува збор за позитивен матричен слој кој континуирано се закотвува на астралните и етеричните рамнини по нашето активирање — позитивна технологија на силите на светлината на планетарните астрални и етерични рамнини, која содржи посебни нови кодови за една нова позитивна реалност, со острови на светлината, со мед-кревети и со технологиите неопходни за манифестирање на Златното Доба:
По активацијата 12:21, силите на светлината го отстранија целото негативно насочено енергетско оружје и скаларните технологии од морското дно, како и од плитките подземни воени бази и инсталации.
Тие сега активно ги отстрануваат насоченото енергетско и скаларното оружје од сателитите. Само помалите мобилни единици за насочена енергија сè уште се практично недопрени.
Како резултат на нашето активирање, се вратија три аспекти на енергијата на Божицата.
Првиот аспект е енергијата на Божицата на океанот. Тоа е енергија на Божицата со многу висока фреквенција, енергијата на чистиот океан, бидејќи 71% од површината на планетата е вода. Божицата на океанот и водите ја балансира лудоста на човештвото; целата вода е Божицата. Моана е кодното име за оваа енергија на Божицата:
Вториот аспект на енергијата на Божицата е енергијата на AAEA. По нашето активирање 12:21, енергијата на AAEA, енергијата на морето на Космичкиот Буди, почнува да стигнува до површината. Сега енергијата на AAEA ги опфаќа сите океански води со космичка љубов.
Третиот аспект е енергијата на Божицата Изида. Заедно со другите сили на светлината, таа работи на одредени тајни проекти кои на многу специфичен начин го вклучуваат човештвото на површината. Тие проекти беа повторно активирани за време на нашето активирање. Една индикација може да најдете тука:
Светлината одозгора го закотвува клучот на Новиот Небесен свод. Светлината одоздола, која доаѓа кон површината, го закотвува клучот на Новата Земја. Кога енергиите на двата клуча ќе се сретнат на површината, се создава нова енергија; таа се нарекува Новиот Рај. Ова е енергијата на Компресивниот пробив (Compression Breakthrough):
Вистинскиот процес на Компресивниот пробив започна на 24-ти мај, кога двете светлини се сретнаа за првпат во човечката историја. Ова беше првата точка на Компресивниот пробив, и овој процес е неповратен.
Значи, Компресивниот пробив веќе започна. На почетокот е бавен, но ќе се забрзува и ќе предизвика интензивен процес на прочистување на сите енергии што сè уште не се исчистени.
Тоа се двата аспекта: огромна светлина што навлегува и огромна реакција на темнината.

Закотвувањето на клучот на Новиот Рај значи закотвување на Новиот Рај за човештвото. Клучот на Новиот Рај е закотвувањето на 12-тиот космички зрак, 12-тиот зрак на апсолутната позитивност, на космичкиот рај и љубов, на апсолутно позитивното искуство и реалност:
Оваа енергија ќе биде закотвена на Земјата по Настанот. Тој процес започна за време на нашата активација во енергетското и во квантното поле. Тоа ќе го манифестира Настанот и ќе манифестира нова реалност за човештвото.
Почнувајќи од 1992-ра година, го закотвувавме 11-тиот зрак. Тоа е зракот на космичката поврзаност помеѓу Изворот и космосот и ја отвори вратата на 11:11; и беше завршен во 2024-та година. Сега пристигнуваме до 12-тиот зрак. Тоа е надградба што ќе ја донесе трансформацијата што ја чекавме целиот наш живот.
Клучот на Новиот Рај е жив духовен код кој може да се опише како поле на жива синкаво-зелена опалесцентна енергија која доаѓа од Изворот, поминува низ мултиверзумот и пристигнува до планетата.

12:21 е космички портал на Вознесението кој го закотвува 12-тиот зрак. Првата порта на 12:21 се отвори на 21-ви август 2025-та година, а втората порта на 12:21 се отвори на 25-ти јули 2026-та година. Ќе се отворат уште порти во рамките на порталот 12:21 и секоја од нив ќе претставува квантен скок во процесот на планетарното Вознесение.
Најинтензивниот период на 12:21 активациите ќе биде помеѓу 2026-та и 2032-ра година. Ова е периодот на точниот секстил на Нептун–Плутон:

По 2032-ра година, може да започнат да се случуваат катаклизмични настани:
Што ќе води кон големата трансформација на галактичкиот супербран, соларниот блесок и поларното поместување:
2026-та година е годината на Тихиот Океан. Тој е најголемото водно пространство на планетата; тој е најголемиот портал на планетата и е огледало кое, почнувајќи од 24-ти мај, прима космичка енергија директно од Космичкото Централно Сонце, од M87 и од Галактичкото Централно Сонце.
Процесот на активација на Тихиот Океан ќе биде завршен на 11-ти ноември на Куковите Острови и следната година ќе се прошири кон Атлантскиот Океан. Значи, оваа година е активација на лемурискиот архетип на рајот, а следната година ќе го активираме атлантскиот архетип на рајот. И позитивните лемуриски и позитивните атлантски енергии ќе комуницираат и ќе се интегрираат во текот на следната година. Затоа, следната година фокусот ќе биде на закотвување на енергиите на Новиот Рај на Нова Атлантида, со фокус на островите на Атлантскиот Океан и земјите што ги опкружуваат.
Сите водни пространства и сите растенија, како и некои животни, веќе ги пренесуваат енергиите на Компресивниот пробив. Земјината кора се интегрира со космичката плазма, со енергијата на галаксијата M87 и на Централното Сонце, така што меѓуѕвездената плазма го активира нашиот Сончев Систем и ги подготвува водните пространства, растенијата и животните за енергиите на Компресивниот пробив. А луѓето се најголемиот проблем, бидејќи се програмирани да бидат исклучени од Изворот и од природата.
Многу подводни вонземски бази под океанското дно се градат во Тихиот Океан, Атлантскиот Океан, Индискиот Океан и на Антарктикот. Тие ќе помогнат во процесот на Компресивниот пробив за планетата.
Сите тие бази енергетски ќе ја стабилизираат планетата, а одредени бази ќе имаат специфични мисии на површината на планетата, со цел да ги подготват Обелоденувањето и Првиот Контакт. Имаше “свиркачи” кои зборуваа за овие бази. Изградбата на овие бази претставува надградба на планот за Вознесението: ќе има повеќе прикриени вонземски раси на површината на планетава.
Друг аспект на тој план е специјалната мрежа на подземни тунели, за која не можам да откријам детали. Таа ќе биде поврзана со подземната железница и автопатските тунели на површинската цивилизација. Во овие тунели ќе има тајни влезови кои ќе се користат за време на Настанот.
Во моментов имаме тајна позитивна вонземска инвазија и инфилтрација. Луѓето на површината не можат да ја детектираат, но одредени луѓе во тајните друштва на Кабалата ги имаат деталите. Ова се случува насекаде низ планетата, во многу големи размери, и се забрзува.
Вклучени се многу раси и тие излегуваат во преден план, а има многу резервни бродови позиционирани во Сончевиот Систем, како и на спротивната страна на Месечината. Овој продор кон површината претставува Обелоденување.
Победа на Светлината!
Кобра, сабота, 8-ми август, 2026
Извор:



Comments