Кратко ажурирање на ситуацијата

Процесот на чистење продолжува со полна пареа. Силите на светлината ги расчистуваат СИТЕ преостанати нефизички аномалии заразени со Луркер, истовремено. Тие исто така започнаа да расчистуваат и одредени аспекти на физичката аномалија.

За да го усогласиме и забрзаме тој процес, можете да учествувате во следната медитација:
Тие започнаа да ја расчистуваат таканаречената омега-минус програма, која им наложува на човечките суштества да се инкарнираат, да одат на училиште, да работат, да се венчаат, да стареат и да умрат. Тие исто така ги расчистуваат субквантните и квантните причини за стареењето и распаѓањето на физичкото тело.
Физичкото стареење и распаѓање имаат три главни причини: недостаток на контакт со Душата, заплетканост на Луркер со личноста и телото и манипулација со здравјето преку медицинскиот систем на Рокфелер.
Мрежата на Агарта ја заврши интеграцијата на сопствените подземни капсули со подземните капсули на Галактичката Конфедерација. Тие подземни капсули се целосно автономни екосистеми со регулирана температура на воздухот, со шуми, езера и реки, изградени во земјината кора на повеќе од 300 метри под земјата, во целосно изолирани средини високи од околу 1,5 до 3 километри и широки десетици километри. Тие всушност се подземни вселенски бродови.
Оваа мрежа сега е целосно оперативна и подготвена за претстојните промени на Земјата и поларното поместување.

Базите на Движењето на отпорот, на Алдебара и на Андромеда главно се наоѓаат на помалку од 300 метри под земјата, каде што геотермалниот градиент овозможува релативно лесна изградба на подземни бази без прекумерно зголемување на амбиенталната температура:
Тие сè почесто и сè поотворено излегуваат на површината со учество во тајни мисии:
Површинските операции засега мора да останат доверливи.
Сепак, можам да дадам едно сложено навестување.
Од падот на Атлантида, силите на светлината сè уште отворено ги пренесувале помалите мистерии во мистериските школи, кои работеле јавно, во големи храмски комплекси на површината. Во многу случаи, тие храмови нуделе целосна заштита од упади на силите на темнината.
Во IV век н.е., инвазијата на Арконите ги уништила тие мистериски школи и нивните храмови. Последниот таков храм бил храмот на Изида во Филае, каде што свештеничката линија на наследување била прекината во 394 година:

Тука морам да спомнам дека последен пат кога боженствените мистерии биле јавно прославувани бил од 4-ти до 10-ти април 394 година н.е., за време на фестивалот Мегаленсија во Рим:
Потоа, на 6-ти септември 394 година, Евгениј, последниот римски император кој ги поддржувал мистериите, бил поразен:
Ова предизвикало распаѓање на Римската Империја неколку месеци подоцна:
Неколку децении подоцна, свештеници од Агарта излегле на површината во близина на Гилгит, Пакистан, и започнале да ги шират тантричките учења. Тие се прошириле низ целиот Индиски Потконтинент и стигнале до Тибет.
Многу ашрами и манастири ги зачувале тантричките учења низ многу векови, како што се манастирите Дрепунг и Хемис:
Потоа, во 1775-та година, Сен Жермен отворил мистериска школа во Париз, а многу членови на Редот на Ѕвездата отвориле бројни духовни центри во периодот од 1775-та до 1996-та година.
Горенаведената реченица го комплетира навестувањето. Слободно проучете ја и извлечете свои заклучоци.
Работилницата во Минхен на 23-ти октомври е целосно пополнета и луѓето сега се ставаат на листа на чекање, но работилниците во Франкфурт на 18-ти октомври (https://fra.freilauf.is/) и во Брисел на 27-ми септември (lumieredespleiades@gmail.com) сè уште имаат неколку слободни места и добредојдени сте да се придружите.
Потоа, на 11-ти ноември, ќе го отвориме временскиот портал на Раротонга, на Куковите острови. Иако и таа работилница е речиси целосно пополнета, намерно се оставени неколку места за сите читатели на мојот блог, така што сè уште можете да се регистрирате директно одовде:
Победа на Светлината!
Кобра, понеделник, 14-ти септември, 2026
Извор:



Comments