top of page
Search

Ажурирање на ситуацијата

  • Writer: Саш Ка
    Саш Ка
  • Jan 18
  • 3 min read

Како што светлосните сили ги зголемуваат енергиите за да го постигнат конечното прочистување на планетарната површина, битката за планетарната временска линија се интензивира.

 

Моментот на Новата година беше воведна точка, кога таа битка стана многу видлива и стигна до мејнстримот.

 


Светлосните сили ја зацврстуваа позитивната временска линија за 2026-та година, преку  метеорскиот дожд на новогодишната ноќ:

 

 

Светлосните работници ја зацврстуваа позитивната временска линија за 2026-та година преку оваа прекрасна медитација, поврзувајќи се со Аеа:

 

 

Во исто време, темните сили ја закотвуваа негативната временска линија за 2026-та година преку овој ритуал со човечки жртви:

 

 

Пред Нова година, тие се обидуваа да ја инфицираат површинската смарагдна мрежа:

 

 

Преземени се чекори за дезинфицирање  на смарагдната мрежа и сега е речиси целосно исчистена од инфекција. Планетарната смарагдна мрежа сега е стабилна и ќе станува посилна.

 


Во истиот временски период, одредени луѓе се обидуваа да го заразат овој блог со  “банана” коментари. Некои луѓе дури и јавно изјавија дека ќе се приклучат на темната страна, избор за кој сигурно ќе зажалат. Сите тие коментари може да се сметаат за вируси кои го напуштаат телото што се бори против инфекција:

 

 

Разбирам дека луѓето се разочарани, но никогаш не беше ветено дека  “Настанот” ќе се случи во 2025-та година, тоа беше само образована претпоставка.

 

Треба да разбереме дека сме во последните фази од Галактичките војни и точната низа на настаните не е запишана во камен. Ослободувањето на оваа планета ЌЕ се случи, тоа е математичка сигурност.

 

 Дотогаш треба да ја држиме Светлината за позитивна временска линија, да избегнуваме озборувања и наместо тоа да се фокусираме на поврзување со нашето повисоко ангелско Јас:

 

 

И самоисцелување:

 

 

Светлосните сили веќе постигнуваат некои резултати во расчистувањето на нефизичката аномалија на површината на планетата, а енергиите конечно постепено ќе почнат да се подобруваат, со повеќе надеж и инспирација.

 

Сфаќајќи го ова, темните сили ги забрзуваат своите планови за започнување нова светска војна.  Доверливи извори соопштија дека ќе биде спречена светска војна, но сепак светлосните сили ги замолуваат оние кои се чувствуваат мотивирани да медитираат за мир, за да ја закотват позитивната временска линија:

 

 

Опасноста од физичка ескалација ќе биде најголема во втората половина од февруари, кога ќе има многу интензивно прочистување на физичката аномалија на површината на планетата.

 

17-ти февруари ќе биде многу моќен датум, кога ќе заврши одреден 13-годишен циклус на слободната волја, во 11:21 часот, централно-европско време. Ништо повеќе не можам да кажам за ова.

 

 Исто така, на 17-ти февруари ќе има прстенесто затемнување на Сонцето со целосно затемнување над Антарктикот, од 11:42 часот до 12:41 часот, средно -европско време.

 

 

Исто така, на 17-ти февруари ќе биде Кинеската Нова година, годината на огнениот коњ:

 

 

 

Сето ова заедно ќе ја активира човечката слободна волја до следниот степен што никогаш порано не бил можен.

 

 Потоа, на 20-ти февруари ќе има моќна конјукција на Сатурн и Нептун:

 

 

 

Ова ќе биде моментот на најинтензивно прочистување на физичката рамнина на површината на оваа планета.

 

За среќа, овој аспект ќе биде донекаде хармонизиран и со Сатурн и со Нептун во секстил со Седна истиот ден.

 

После тоа, ќе биде безбедно да објавам некои информации.

 

Во меѓувреме, сè уште има слободни места за нашата работилница во Феникс. Ќе објавам неколку упатства што можат да им помогнат на луѓето да постигнат лично изобилство и да помогнат во лекувањето на нивната лична временска линија. Исто така, ќе ни требаат моќни светлосни работници кои ќе придонесат за нашето активирање за време на работилницата, што ќе ја зајакне планетарната позитивна временска линија.  Секој е важен:

 

 

После тоа, добредојдени сте да се придружите на конференцијата за Вознесение, на почетокот на март во Сиднеј:

 

 

Или нашата работилница за Вознесение, една недела подоцна во Бризбејн:

 

 

Победа на Светлината!


Кобра, петок, 16-ти јануари, 2026

 

Извор:

 

 

 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post
  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2020 by Deva's space. Proudly created with Wix.com

bottom of page