Златна планетарна временска линија
- Саш Ка

- Jan 27
- 3 min read
Процесот на преминување во златната планетарна временска линија, најоптималната временска линија за планетата, е на прагот да започне.
Утре, на 26-ти јануари во 17:34 часот централно-европско време, планетата Нептун ќе ги напушти Рибите засекогаш и ќе влезе во Овен. Нептун беше во Риби од 2011/2012-та година и овој период беше обележан со многу конфузија, расчистување на минатото и чувство на жртва. Како што Нептун влегува во Овен, една од главните фокусни точки во следните 13 години ќе биде процесот на индивидуално Вознесение.
Продолжената конјункција на Сатурн со Нептун беше огромна можност за Луркер да се поигра со планетарната временска линија. Прво, Сатурн и Нептун речиси направија точна конјункција во јули и август 2025-та година. Луркер ја искористи оваа енергија преку темната ѕвездена порта на Сатурн за да нанесе огромно разочарување во заедницата на светлосните работници. Ова разочарување беше заклучено додека Сатурн се повлекуваше неколку степени од Нептун во есента 2025-та година. Откако Сатурн отиде во директен правец на 27-ми ноември 2025-та година и почна да се приближува кон Нептун, започна драстичен процес на расчистување на причините за тоа разочарување.
Беше тешка, студена и брутална зима. Но, на 20-ти февруари, во моментот на конјункцијата на Сатурн со Нептун, ситуацијата ќе започне да се решава. Планот за планетарно ослободување продолжува со полна брзина, но светлосните сили побараа апсолутна медиумска тишина за какви било детали додека не се заврши таа конјункција на Сатурн со Нептун:

Светлосните сили ги замолуваат оние кои се чувствуваат мотивирани да ја прават следната медитација, кога сакаат. Оваа медитација ќе започне да ја зацврстува златната временска линија во нивните животи и на планетата, од овој момент па натаму.
1. Користете ваша сопствена техника за да ве доведе во релаксирана состојба на свеста.
2. Поврзете се со вашето семоќно “Јас Сум” присуство, вашата Душа, вашето повисоко “Јас” на кој било начин што ви одговара.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор за да постави круг на заштита околу вас за време и по медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не служи на Светлината.
4. Визуелизирајте го вашиот живот од овој момент како станува сè подобар и подобар, со исцелување, љубов и изобилство што доаѓаат кон вас. Визуелизирајте ги вашите денови како се подобруваат како што минуваат месеците, сè додека не се исполнат сите ваши соништа.
5. Визуелизирајте ја планетарната ситуација како станува сè подобра и подобра, со решени конфликти и огромно будење што започнува низ целиот свет. Визуелизирајте го овој процес како се одвива сè додека планетата не се ослободи и не влезе во ново златно доба.
На 7-ми март ќе има многу важна астролошка конфигурација на Нептун во конјукција со средната точка на Уран и Плутон. Оваа конјункција се случи за време на нашиот “Портал на Вознесение” во 12:21 часот во август 2025-та година, а ќе се случи повторно на 9-ти јули 2026-та година за последен пат во следните 500 години или слично:

Оваа конфигурација на 7-ми март ќе предизвика процес на забрзана манифестација на златната временска линија за оваа планета што ќе трае до 9-ти јули. Ова ќе биде период на брзи промени и забрзан индивидуален духовен раст.
На 9-ти јули ќе влеземе во нов период за кој ништо не може да се каже.
7-ми март е клучна точка на активирање која има потенцијал да ја ресетира планетарната временска линија назад на нејзиниот оптимален курс. На нашата конференција во Сиднеј, ќе направиме масовна активација на тој ден, која ќе служи како примарен фокус и точка на сидро за таа промена на временската линија. Ни требаат што е можно повеќе силни, посветени светлосни работници да бидат физички со нас за да учествуваат во таа активација. Ако се чувствувате мотивирани, можете да ни се придружите:
Победа на Светлината!
Кобра, недела, 25-ти јануари, 2026
Извор:



Comments