РАШИРЕТЕ! 12:21 АКТИВАЦИЈА НА ПОРТАЛОТ ЗА ВОЗНЕСЕНИЕ – ДЕЛ 2, 25 ЈУЛИ 2026

Време е повторно да преземеме акција! Време е да ја земеме судбината на нашиот свет во свои раце! Сите се согласуваме дека процесот на планетарното ослободување трае предолго. Еве ја нашата можност колективно да го забрзаме процесот на планетарно ослободување и да помогнеме во отворањето на вториот дел од 12:21 Порталот за Вознесение за оваа планета. Затоа ја користиме можноста од масивните астролошки конфигурации во јули за да создадеме портал преку кој ќе ја обединиме нашата свест и ќе го активираме процесот што ќе ја оптимизира временската линија на Вознесението за планетата.
Можеме да ја достигнеме критичната маса од 144.000 луѓе кои ќе ја прават оваа активација! Ова ќе создаде масивна исцелителна верижна реакција во енергетското поле ширум светот.
Научни студии потврдија дека масовните медитации НАВИСТИНА влијаат врз нашата реалност:
Раширете! Споделете низ целиот свет! Објавете на вашите веб-страници и блогови! Ако знаете некој алтернативен медиум, можете да им го испратите. Можете да контактирате инфлуенсери и да ги замолите да учествуваат и да ја споделат оваа информација. Можете да создадете Фејсбук настан за вашата локална група луѓе кои ќе го прават ова во вашиот дел од светот. Исто така ни треба една главна Фејсбук група за овој настан. Можете да споделите на X, Instagram, TikTok... Можете да направите видео и да го објавите на YouTube, Rumble, Vimeo...
Додека го пишувам ова на 9-ти јуни, има конјункција на Венера и Јупитер, слична на онаа што се случи на 12-ти август минатата година. Оваа конјункција носи енергии на љубовна радост и среќа и носи добри вести и вистинска надеж.
Порталот 11:11 беше отворен помеѓу 1992-ра и 2024-та година и го закотви 11-тиот зрак на Космичката Антахкарана. Порталот 12:21 започна да се отвора на 21-ви август 2025-та година и ќе го добие следното надградување на 25-ти јули 2026-та година. Порталот 12:21 ќе го закотви 12-тиот зрак на Космичкиот Рај.
На 24-ти мај започна процесот на обединување на клучевите на Новото Небо и Новата Земја.
Ова го изложи највнатрешниот слој на квантната аномалија предизвикана од Луркер, која постои во 30-метарскиот површински слој на Земјата на менталното, астралното, етеричното и физичкото ниво. Овој пеколен слој постои тука последните 26.000 години и е главната преостаната причина за човечкото страдање. По 9-ти јули, Силите на Светлината ќе започнат да го отстрануваат тоа поле за да направат простор за нашата активација на 25-ти јули.
Во јули доаѓаат апсолутно масивни астролошки конфигурации, една по друга:

На 15-ти јули во 20:28 UTC ќе има секстил помеѓу Уран и Нептун, што означува ненадејно духовно будење. Тоа ќе биде моментот на нашата прва засилувачка (бустер) медитација.
На 18-ти јули во 04:45 UTC ќе има тригон помеѓу Уран и Плутон, што означува револуционерна духовна промена. Тоа ќе биде моментот на нашата втора бустер медитација.
Во временски прозорец од 28 часа на 20-ти и 21-ви јули, Јупитер ќе формира три силни астролошки аспекти. Прво, на 20-ти јули во 07:23 часот ќе има тригон помеѓу Јупитер и Нептун, кој ќе донесе хармонична визионерска енергија. Потоа, на 20-ти јули во 14:45 часот UTC ќе има опозиција помеѓу Јупитер и Плутон, која ќе донесе силна тензија помеѓу свесниот и потсвесниот ум на човештвото. Дел од таа тензија ќе биде разрешен во тој момент за да се направи простор за нашата главна активација. И конечно, на 21-ви јули во 11:11 UTC ќе има секстил помеѓу Јупитер и Уран, кој ќе донесе ненадејни пробиви. Моментот на овој секстил ќе биде моментот на нашата трета бустер медитација.
Во тој момент ќе биде активирана познатата „Barbault basket“:
Точно 40 години пред да биде напишан овој напис, на 9-ти јуни 1986-та година, се случил последниот точен секстил помеѓу Нептун и Плутон. Тој момент го означил завршувањето на долг период на будење кој започнал во раните 1950-ти години.
Сега, на 25-ти јули 2026-та година, ќе го имаме првиот точен секстил помеѓу Нептун и Плутон по четири децении. Ова повторно ќе почне да ги внесува енергиите на Златното Доба:
Тој ден исто така ќе биде „Ден надвор од времето“ според Мајанскиот календар:
Точниот момент на секстилот помеѓу Нептун и Плутон ќе биде на 25-ти јули во 05:53 UTC.
Ова го означува моментот кога обединувањето на Новото Небо и Новата Земја ќе стане доволно силно за да започнат трансформации од пекол во рај на менталното, астралното, етеричното и физичкото ниво во 30-метарскиот површински пеколен слој на Земјата. Трансформациите од пекол во рај се нарушувања во квантното поле кои се филтрираат низ 12:21 зоната на конверзија на Antarion Conversion, и така ги претвораат пеколните ситуации во рајски.
Секоја ситуација на површината на планетата има многу можни исходи дефинирани со равенки на векторското поле на слободната волја, ограничени од влезниот наклон на конусот на Antarion Conversion. Кога векторите на слободната волја се спојуваат во 12:21 зоната на конверзија, брановата функција колабира и ситуацијата се манифестира. Ова потоа го отвора излезниот наклон на конусот на Antarion Conversion, кој отвора нови можности и нови временски линии.

Златната временска линија е оптималната временска линија, дефинирана како патеката на конусната спирала на Папус во рамките на конусите на Antarion Conversion:
Ова ја дефинира оптималната патека по која ситуациите се разрешуваат сами по себе. Влезниот наклон на Antarion Conversion, наречен и конус на девијација, содржи комбинаторна матрица на сите нешта што би можеле да се случат во која било одредена ситуација. Со постојано филтрирање на таа матрица низ 12:21 зоната на конверзија, Апсолутот ќе започне да ги намалува конусите на девијација и да ги уништува потенцијалните лоши исходи на ситуациите на површината на оваа планета по 25-ти јули.
Практично кажано, по 25 јули овие трансформации од пекол во рај ќе почнат нелинеарно да трансмутираат групи и подгрупи на лоши ситуации, при што некои групи на лоши ситуации ќе бидат разрешени пред другите. Овој процес ќе продолжи сè додека не се разреши целата темнина, не се трансмутира целото страдање и планетата не биде ослободена.

Еден аспект од овој процес ќе биде ажурирање и надградба на планот за Настанот (The Event )и Вознесението за оваа планета.
Ќе ја имаме нашата 12:21 активација на Порталот за Вознесение на 25-ти јули во 05:53 UTC.
Можете да го проверите времето на медитацијата за вашата временска зона овде:
Инструкции:
1. Користете вашата сопствена техника за да се доведете во релаксирана состојба на свеста.
2. Изразете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство за помош во активацијата на 12:21 Порталот за Вознесение.
3. Повикајте го Виолетовиот Пламен од неговиот примарен извор за да постави круг на заштита околу вас за време и по медитацијата. Замолете го да трансмутира сè што не ѝ служи на Светлината.
4. Визуелизирајте бран од опалесцентна сина Светлина на Новото Небо како се спушта од небото во вашата срцева чакра, додека сите космички суштества на Светлината го поддржуваат овој процес. Визуелизирајте бран од смарагдно зелена Светлина на Новата Земја како се издигнува од Земјата во вашата срцева чакра, додека сите подземни суштества на Светлината го поддржуваат овој процес. Визуелизирајте како двете енергии се спојуваат во вашето срце и создаваат поле од опалесцентна сино-зелена енергија на Рајот околу вас. Визуелизирајте ја вашата Златна временска линија, совршениот живот што отсекогаш сте го посакувале, како се развива пред вас.
5. Визуелизирајте како текот на настаните на планетата Земја се префрла кон најпозитивната можна временска линија, кон планетарната Златна временска линија. Визуелизирајте како опалесцентната сина светлина на Новото Небо и смарагдно зелената светлина на Новата Земја ги лечат сите нееднаквости, го отстрануваат целото страдање, ја бришат сиромаштијата и носат изобилство на целото човештво.
Визуелизирајте големо духовно будење на човештвото и раѓање на Нова Ренесанса. Визуелизирајте почеток на нов голем космички циклус на Ерата на Водолија, кој носи чиста светлина, љубов и среќа на сите суштества на Земјата.
Предложеното време за медитацијата е 20 минути.
Ажурирања за 12:21 Активацијата на Порталот за Вознесение – Дел 2:
Кобра, вторник, 9-ти јуни, 2026



Comments